Васил Пасков

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вaсил Пасков)
Скокни на: содржини, барај
Вaсил Пасков
македонски револуционер
Роден 3 јануари 1874
Осиково, денес Бугарија
Починал 9 септември 1934
Велинград, Бугарија

Вaсил Пасков бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

[уреди] Биографија

Пасков е роден 1874 година во Неврокопско село Осиково, тогаш во Отоманската империја, денес во Бугарија. Во 1893 година завршува во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1898 година - историја на Софискиот универзитет. Бил деец е на бугарската демократската партија, а во периодот меѓу 1895 до 1897 година бил одговорен уредник на весникот "Знаме".

Во 1899 година станал учител во егзархиската гимназија во Битола. Таму се приклучи кон Организацијата и е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет, заедно со Неделко Дамјанов, Аце Дорев, Георги Пешков и Георги Поп Христов. Учествувал во уредувањето на весник "На оружје". Георги Поп Христов за него истакнува:

Пасков поседуваше красноречие и со своите беседи пред групните началници, со патриотските сказки, кои што ги држеше во Неделното училиште, помогна не малку да се подигне револуционерниот дух. Ова даде повод да биде осомничен од полицијата и да биде интерниран во аферата за убиството на поп Ставре[1].

Осомничен од властите е протеран од Битола и станал главен учител во егзархиското училиште во Ново Село. Во август 1900 година Пасков при разврзувањето на Попставревата афера е уапсен и осуден на 12 години затвор. Лежел во Куршумли ан во Скопје, но во 1902 година бил амнестиран и се преселил во Неврокоп, каде што ја продолжил својата револуционерна дејност. При повторен обид за апсење станал нелегален.

Заминал за Одринско, испратен од Централниот комитет, каде што продолжува да се занимава со револуционерна дејност. Бил делегат на конгресот на Петрова нива и е избран за негов претседател. Пасков е одреден за главен интендант во Бургас.

По Илинденското востание, Пасков е во Софија и од 1904 година го уредува Револуционерен лист. Од ноември 1907 година заедно со Пејо Јаворов и Петко Пенчев, го уредува весникот "Илинден", кој излегува до средината на 1908 година. Пасков е меѓу противниците на Сандански. Од 1908 до 1924 година е главен уредник на весникот "Прјапорец".

Умрел на 9 септември 1934 година во Велинград[2][3][4].

[уреди] Извори

  1. Спомени на Георги Попхристов [1]
  2. Биографични данни от библиотека на ВМРО-София
  3. Николов, Борис. „Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник”. София, 2001, стр. 124.
  4. Енциклопедия Пирински край, том ІІ, Благоевград, 1999, стр. 100
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици