Вјестоничка Венера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вјестоничка Венера
Материјалкерамика
Создаден29.000 – 25.000 п.н.е.
Откриен1925
Сегашна локацијаМоравски музеј, Брно, Чешка

Вјестоничка венера или Венера од Долни Вјестонице (чешки: Věstonická Venuše) — статуетка од типот „палеолитска Венера“ пронајдена на палеолитското наоѓалиште Долни Вјестонице, јужно од Брно во Моравија, Чешка, на подножјето на ридот Дјевин. Изработена е околу 29.000–25.000 г. пр. н. е. (граветска култура) и претставува најстара досега пронајдена керамичка ракотворба, заедно со неколку други најдени во околината.

Опис[уреди | уреди извор]

Статуетката е висока 111 и 43 мм кај колковите глина, изработена од глина печена на релативно ниска температура.

Ја следи општата морфологија на останатите палеолитски Венери: особено големи гради, стомак и колкови како симбол на плодноста, релативно мала глава и малку детаљи на остатокот од телото.

Палеолитската населба Долни Вјестонице во Моравија почнала систематски да се истражува во 1924 г. по идеја на Карел Абсолон. Покрај статуетката, на наоѓалиштето се пронајдени глинени животни (мечка, лав, мамут, коњ, лисица, носорог и був) и преку 2.000 топчиња од печена глина.

Самата Венера е пронајдена на 13 јули 1925 г. во слој од пепел, скрешена на два дела. Порано стоела изложена во Моравскиот музеј во Брно, но денес се чува во заштитени услови и ретко е достапна за јавноста, обично како дел од патувачки изложби низ земјата. Стручните лица повремено ја испитуваат, со цел да дознаат повеќе за луѓето што ја создале. Во 2004 г. е направена томографска снимка, на која е утрден отпечаток на дете од на возраст од 7 до 15 години, кое ја држело во раце пред да биде ставена на печење.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Králík, Miroslav; Novotný, Vladimír; Oliva, Martin (2002), „Fingerprint on the Venus of Dolní Věstonice I“, Anthropologie, Моравски музеј, Брно, 40/2: 107–113, ISSN 0323-1119, Посетено на 2007-03-24

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]