Вјатка (река)
| Вјатка | |
Поглед кон реката кај градот Киров |
|
| Устие | Кама |
|---|---|
| Земји во сливот | Русија |
| Должина | 1.314 км |
| Прос. истек | 890 м³/s |
| Сливно подрачје | 129.000 км² |
Вјатка (руски: Вя́тка; татарски: Нократ, Noqrat; маријски Виче) е река во Кировската област и републиката Татарстан во Русија. Вјатка е десна притока на реката Кама. Долга е 1.314 km, со површина на сливот од 129,000 km².
Вјатка извира во северниот дел на автономната република Удмуртија. Се влева во реката Кама кај малиот град Соколке, на некои 20 km пред проширувањето на Кама во Кјубишевското Езеро.
Вјатка се заледува на почетокот на ноември и останува под лед се до половината на април.
Главни притоки на Вјатка се : Кобра, Летка, Великаја, Молома, Пижма, Чепица, Бистрица, Воја и Килмез.
Богата е со риба: деверика, црвенперка, лињак, сом, штука, гргеч и смуќ
Пловна е од своето устие низзводно се до градот Киров, некои 700 км. Во пролет до сидриштето на градот Кирс (преку 1,000 km).
Главни пристаништа на Вјатка се: Киров, Котељнич, Советск
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Вјатка (река)“ |