Вуст (Саксонија-Анхалт)

Координати: 52°32′48″N 12°7′0″E / 52.54667° СГШ; 12.11667° ИГД / 52.54667; 12.11667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вуст
Место во Вуст-Фишбек
Грб на Вуст
Вуст (Саксонија-Анхалт) во рамките на Германија
Вуст (Саксонија-Анхалт)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Штендал
Општина Вуст-Фишбек
Основни податоци
Површина 48 км2
Надм. височина 31 м
Население 873  (31 декември 2006)
 - Густина 18 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SDL
Пошт. бр. 39524
Повик. бр. 039323
Портал www.elb-havel-land.de
Местоположба на место Вуст во рамките на округот Штендал
Карта
Карта
Координати 52°32′48″N 12°7′0″E / 52.54667° СГШ; 12.11667° ИГД / 52.54667; 12.11667
Црква

Вуст (германски: Wust) — село и поранешна општина во округот Штендал, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од општината Вуст-Фишбек.

Географија и историја[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на Саксонија-Анхалт, недалеку од реката Елба, близу стариот град Тангерминде, кое било омилено место на царот Карло IV во 14 век. Вуст се состои од Вуст, Зидов, Вустердам и Мелков.

Црква во Брист

Во последните векови на земјопоседниците на Вуст биле благородниците фон Кате, нивниот најпознат член бил Ханс Херман фон кате (млад пријател на подоцнежниот крал Фридрих II Пруски), кој го поминал неговото детство во Вуст. Семејството фон Кате била поврзана со земјопоседниците на соседното село Шенхаузен, фон Бизмарк.

Летното училиште за англиски јазик, литература, театар и музика е годишен настан во текот на летните одмори во малото село Вуст во Саксонија-Анхалт, Германија. Се одржава во два курса, секој трае по две недели; постојат нивоа за почетници и за ученици со средно и напредно знаење на англискиот јазик. Покрај лекциите за англиски има и други активности, како што се работилниците за уметност, фотографија, музика и спортски игри. Учесниците може да учествуваат во театарска претстава, кулминација на школата по 4 недели. Од средината на 2000-тите, се играат претставите на Шекспир. Концерти и литературни читања во романската црква во Вуст или во соседните села и градови се важен дел од целосното искуство на „Sommerschule“, како за учесниците, така и за околината во целина. Инструкторите главно се студенти од Велика Британија и САД. Главната цел, покрај унапредување на образованието, е културна размена помеѓу Германија и Англосаксонските држави.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Црква во Мелков

Романската црква, која е изградена од тули со барокна внатрешност е вклучена во северната рута на Пат на романиката. Додадена на апсидата на црквата, но со посебен влез се наоѓа криптата со посмртни остатоци, наречена Kattegruft и била изградена во 1706/07. Дворецот на земјопоседниците сега служи како основно училиште. Летното училиште исто така се одржува тука од 1991. Старата шталска зграда („Kornspeicher“) сега е рустично место за изложби и концерти.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]