Втор човечки хромозом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Генски локуси на 2 човечки хромозом.

Вториот човечки хромозом или хромозомот 2 е еден од 23 пара на хромозоми кај луѓето. Луѓето обично имаат по две копии од овој хромозом. Тој е воедно и вториот најголем хромозом во човечкиот кариотип, кој опфаќа или е составен од 237 милиони базни парови.[1] (градбените единки на ДНК) и претставува речиси 8% од вкупната ДНК во клетките.

Бројот на гени кои се наоѓаат на овој хромозом значително варира. Најверојатно овој хромозом содржи 1491 ген, вклучувајќи го и HOXD хомеобокс генскиот збир (кластер), кој ја одредува положбата на сите делови од телото (глава, гради, екстремитети).

Еволуција[уреди]

За хромозомот 2 се мисли дека е настанат по пат на фузија на два хромозома-претци. [2][3] Доказите за ова се:

  • Сличноста на хромозомот 2 со два мајмунски хромозоми. Најблискиот човечки роднина, бонобо, има скоро идентични ДНК секвенци со вториот човечки хромозом, но тие се наоѓаат на два одделни хромозома. Ист е случајот и кај подалечните роднини-горилата и орангутанот. [4][5]
  • Присуството на вестигален центромер. Обично еден хромозом поседува само еден центромер, но хромозомот 2 се забележуваат и остатоци од втор центромер. [6]
  • Присуството на вестигални теломери. Овие структури најчесто се наоѓаат на краевите од секој хромозом, но кај хромозомот 2 се забележуваат додатни теломерни секвенци во неговиот средишен регион. [7]

Според горните тврдења, хромозомот 2 е силен доказ за заедничкото потекло на луѓето и останатите човеколики мајмуни.

Наводи[уреди]

  1. Hillier et al (2005). „Generation and annotation of the DNA sequences of human chromosomes 2 and 4“. „Nature“ 434 (7034): 724–31. doi:10.1038/nature03466. PMID 15815621. 
  2. Human Chromosome 2 is a fusion of two ancestral chromosomes by Alec MacAndrew; accessed 18 мај 2006.
  3. Evidence of Common Ancestry: Human Chromosome 2 (video) 2007
  4. Yunis and Prakash (1982). „The origin of man: a chromosomal pictorial legacy“. „Science“ 215: 1525–1530. doi:10.1126/science.7063861. PMID 7063861. 
  5. Human and Ape Chromosomes; accessed 8 септември 2007.
  6. Avarello et al (1992). „Evidence for an ancestral alphoid domain on the long arm of human chromosome 2“. „Human Genetics“ 89: 247–9. doi:10.1007/BF00217134. PMID 1587535. 
  7. IJdo et al (1991). „Origin of human chromosome 2: an ancestral telomere-telomere fusion“. „Proceedings of the National Academy of Sciences“ 88: 9051–5. doi:10.1073/pnas.88.20.9051. PMID 1924367. 
Хромозоми кај човекот

{1} {2} {3} {4} {5} {6} {7} {8} {9} {10} {11} {12} {13} {14} {15} {16} {17} {18} {19} {20} {21} {22} {X} {Y}