Вселенски лифт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вселенски лифт е предложен не-ракетно лансирачки објект(објект кој што е дизајниран да пренесува материјали од површината на летачко тело во вселената). Има предложено повеќе видови на лифтови, но за сите нив, заедничко е што вклучуваат пренос преку фиксиран објект наместо користење на вселенско ракетно лансирање, најчесто, кабел кој се протега од површината на Земјата, на или до Екваторот се до Геостационарна Орбита(ГСО) и противтежа надвор од ГСО-то.


Дискусијата за вселенски лифт датира уште од 1895та кога Константин Тсиолковски[1] предложил лебдечка “Тсиолковски“ кула, протегајќи се од земјината површина до ГСО со должина 35.785км(22.236 милји). Како и сите објекти, Тсиолковската кула би била под компресија, поддржувајќи си ја својата тежина од под неа. Уште од 1959та, повеќето идеи за вселенските лифтови биле фокусирани на чисто тензични објекти, држејќи си ја тежината на системот од горе надолу. Во тензичните концепти, вселенски кабел достига од огромна маса(противтежата) под ГСО до земјата. Оваа конструкција е држена во тензија меѓу Земјата и противтежата слично ко гитарска жица држена истегнато. Вселенските лифтови во наврати биле именувани како стеблата на грав/грашок, вселенски мостови, вселенски лифтови, вселенски скали, вселенски куки, орбитални кули или орбитални лифтови.

Додека некои варијанти на концептот за вселенскиот лифт се технолошки опипливи, моменталната технологија не е во можност да ги произведува кабелските материјали доволно силни и лесни за да се направи Земјино-базиран вселенски лифт по типот на ГСО кабелот.Скорешните концепти за вселенски лифт се вредни за споменување поради нивните планови за користење на материјали базирани на јаглеродни наноцефки или боронско-нитридни наноцефки како тензичен елемент во кабелскиот дизајн, поради фактот дека измерената сила на јаглеродните наноцефки изгледа доволно голема да го направи ова возможно. [2] Технологијата уште од 1978ма можела да произведува лифтови за локации во соларниот систем со послаби гравитациони полиња како Месечината и Марс.[3]

За хуманоидните корисници на Земјено-базиранот лифт, би требало да биде дадена и адекватна заштита против радијацијата зависно од времето поминато низ Појасите на Ван Ален. За време на транзитот во раните системи, радијацијата предизвикана од Ван Аленовите појаси би дала доста поголема количина без заштита.[4]

Геостационарни Орбитални Кабли (ГСО кабли)[уреди]

Овој концепт, исто така наречен орбитален вселенски лифт, геостационарен орбитален кабел или стебло на грав, е ко варијанта на концептот за вселенската кука, кој што највеќе наликува на тоа што луѓето го помислуваат кога ќе ја чујат фразата “вселенски лифт“ (иако, има и други варијанти).

Конструкцијата би била голем проект, минималната должина на Земјино-базиран вселенски лифт е некаде околу 38.000км(24.000милји). Кабелот би требало да биде од материјал кој би можел да издржи огромен стрес,а истовремено да биде доста лесен, економичен и лесно произведуван во големи количини. Моменталните материјали не ги исполнуваат овие критериуми, иако, технологијата со јаглеродните наноцефки ветува многу. Како и со другите водечки инженерски проекти, други попратни проблеми ке требаат исто така да бидат решени за да може да стане вселенскиот лифт практичен, а остануваат и проблемите околу успешноста кои сеуште не се точка на расправа..

ИСТОРИЈАТ[уреди]

Првични концепти[уреди]

Главниот концепт за вселенскиот лифт се појави во 1895та година кога Рускиот научник Константин Тсиолковски беше инспириран од Ајфеловата Кула во Париз, да го натера да размисли за кула која би се протегала се до вселената, градена од земјата па се до висина од 35.790км(22.238милји) над надморската височина(ГСО). [5] Тој изјавил дека “небесен замок“ на врвот од таков кабел во елиптична форма ќе предизвика “замокот“ да ја орбитира земјата во ГСО(т.е дека замокот ќе остане на истото место на земјата иако она ротира)

Имајќи предвид дека лифтот ќе постигне орбитално забрзување качувајќи се по кабелот, објект пуштен од врвот на кулата би требало исто така да има орбитално забрзување потребно да остане во ГСО. За разлика од поновите концепти за вселенските лифтови, Тсиолковската(концептуална) кула била конструкција базирана на компресија, а не како тензична(кабелска) конструкција.

Дваесетиот Век[уреди]

Градењето на компресивна конструкција од земјата па нагоре испадна дека е нереалистична задача поради фактот дека немаше во домен материјал со доволна компресивна сила да си ја поддржува сопствената тежина под такви услови. [6] Во 1959та, друг Руски научник, Јури Н. Артсутанов, предложи поопиплив предлог. Артсутанов предложи користење на геостационарен сателит како темелот од кој би се контруирала градбата надоле. Користејќи противтежа, кабел би бил спуштен од ГСО до површината на Земјата додека противтежата би била одвлекувана преку сателитот подалеку од Земјата, задржувајќи го центарот на гравитација на кабелот статичен према Земјата. Артсутановата идеја била претставена на Руската публика во интервју публицирано во Неделниот додаток на Комсомолскаја Правда во 1960та,[7] но не бил достапен на Англиски до многу покасно. Тој исто така предложил промени во формата на кабелот со цел, стресот во кабелот да биде постојан - претпоставката била кабелот да почне во една форма на почетокот и да се тенчи идејќи према ГСО.

Взаемно, идеите за кабелот и кулата биле предложени во квази-хумористичната колумна Ариадн во Њу Сиентист, 24ти Декември 1964та.

Правење на кабел над 35.000км(22.000милји) долг е тешка задача. Во 1966, Исак, Вин, Браднер и Бакус, четри Амерички инжинери, го реинвентирале концептот, именувајќи го во “Небесна Кука“, и ги публицирале своите анализи во весникот Наука. [8] Тие одлучиле да откријат каков тип на материјал ќе е потребен за изградба на вселенски лифт, претпоставувајќи дека ќе биде прав кабел без никакви варијации во неговите спојливи делови и откриле дека силата потребна за тоа би била два пати поголема од било кој до тогаш постоечки материјал, вклучувај”и ги графитот, кварцот и дијамантот.

Во1975та , Амерички научник, Џером Пирсон, го реинвентирал концептот пак, повторно, публицирајќи ги своите анализи во весникот Акта Астронаутика.[9] Тој дизајнирал изменета спојлива точка која би била подобра за градењето на лифтот. Комплетираниот кабел би бил најтенок кај ГСО, каде тензијата е најголема, и би бил најширок на краевите за да би го редуцирал количеството на тежина по просторната единица на спојливата точка, која треба да биде издржувана во било кој дел од кабелот. Тој предложил користење на противтежа која пополека би се растегнувала до 144.000км (90.000милји скоро пола од растојанието до Месечината) додека долниот дел од лифтот би се градел. Без голема противтежа, горниот дел од кабелот би требало да биде подолг од долниот поради променливоста на гравитационите и центрифугалните сили оддалечувајќи се од Земјата. Неговите анализи вклучувале и препреки како Месечевата гравитација, ветарот и транспортот кој би се вршел по кабелот. Тежината на материјалот потребен за да се изгради лифтот би барала илјадници спејсшатли, иако, дел од материјалот би можел да биде транспортиран по лифтот кога би стигнал кабелот со бар минимална цврстина до земјата или би можеле материјалите да се прават во вселената од астероидна или месечева руда.

Во 1977ма, Ханс Моравец, публицирал статија наречена “Не-синхронизирана Орбитална Небесна Кука“ во која тој предложил алтернативен концепт за вселенски лифт, користејќи ротационен кабел, </ref> во кој ротациската брзина би била иста како и орбиталната брзина со што, инстантнато забрзување во точката кај што кабелот е најблизу до Земјата е нула. Овој цонцепт е рана верзија на транспортен систем користејќи вселенски кабел.

Во 1979та, вселенските лифтови биле претставени кон пошироката јавност преку симултаните публикации на Артур Ц. Кларковата новела “Рајските Фонтани“, каде што, инженерите конструираат вселенски лифт на врвот од планина во замислена островска земја Тапробејн(налик на Шри Ланка, иако, преместена по накај Екваторот) и на Чарлс Шефилдовата прва новела “Пајажината меѓу световите“ исто така опишувајќи за градењето на вселенски лифт. Три години подоцна, во новелата на Роберт А. Хеинлеин “Петок“ 1982ра, главниот лик го искористува “Најробскиот столб на грав“ во одисејата на нејзините патувања. Во новелата на Ким Станли Робинсон “Црвениот Марс“ 1993та, колонисти градат вселенски лифт на Марс кој им овозможува и да населуваат повеќе колонисти, а и за транспорт на ресурсите накај Земјата. Во новелата од 2000та на Давид Геролд “Скокање од планетата“, фамилијарна екскурзија по Еквадоскиот столб на грав е уствари прикаска за киднапирање поради старателство над дете. Геролдовата книга исто така ги проучува некои од индустриските обиди за посериозна технологија за лифт.

21ви Век[уреди]

После развивањето на јаглеродните наноцефки во 1990тите, инженерот Давид Смитерман од НАСА/Канцеларијата за Маршалови Напреднати Проекти, сватил дека високата јачина на овие материјали може да го направи концептот за орбиталната небесна кука возможен, и составил работилница во Маршаловиот Вселенски Авио Центар, канејќи многу научници и инженери за дискусија околу концептите и да состават планови за лифт кој би го донел концептот до реалност. [10] Публикацијата која ја издал, содржувајќи информации од работилницата, “Вселенски Лифтови: Напредната Земјино-Вселенска Инфраструктура за Новиот Милениум“,[11] дава вовед во моменталната состојба на технологијата и ги сумаризира своите изнаоѓања.

Друг Американски научник, Брадли Ц. Едвардс, предложил креирање на 100.000км(62.000милји) долга хартиено-тенка трака, користејќи материјал од јаглеродни наноцефки. Одбрал тракест тип место каблест со мислење дека првиов би можел да има поголеми шанси за опстанок од метеори. Поддржан од НАСА Институтот за Напредни Концепти, Едвардсовата работа била проширена да ги покрива сценаријата за префрлањето, дизајнот за искачување, напојувањето, избегнувањето на орбитални остатоци, укотвувањето, оддржувањето на атомски кислород, избегнување на молњи и урагани со промена на локацијата на закотвувањето во западниот екваторски Пацифик, буџетот , распоредот за градење и природните несреќи.[12][13] Најголемиот застој во Едвардсовиот дизајн е технолошкиот лимит на кабелскиот материјал. Неговите математики повикуваат на влакна составени од епокси-сврзани јаглеродни наноцефки со минимална тензична сила од 130ГПа(19 милиони пси)(вклучувајќи и заштитен фактор од 2) но, тестови во 2000та на индивидуални едноѕидни јаглеродни наноцефки(ЕЅЈНЦ), кои би требало да се доста појаки него епокси-сврзано јаже, покажаа најјака мерка од 52ГПа(7.5 милиони пси).[14] Многу-ѕидните јаглеродни наноцефки се мерени со тензични силини се до 63ГПа(9 милиони пси).[15]

За да се убрза развојот на вселенскиот лифт, предлагачите планираат неколку натпревари, слични на Ансари Х Наградата, за битни технологии.[16][17] Меѓу нив се Лифт:2010, кој ке организира годишни натпревари за качувачи, траки и системи за напојување, Натпреварот во Робо-играчките Вселенски Лифт Траки за Искачување,[18] исто како и НАСА програмот за Столетни Предизвици, кој во Март 2005та, прогласи партнерство со Спејсвард Фондацијата(операторот на Елеватор 2010), кревајќи ја целовкупната вредност на наградите до 400.000долари.[19][20] Првиот Европски Вселенски Лифт Предизвик(ЕВЛП) за да воспостави качувачка конструкција ќе се одржува во Август 2011та.[21]

Во 2005та, “ЛифтПорт Групацијата на компании за вселенски лифт, прогласија дека ќе градат фабрика за јаглеродни наноцефки во Милвил, Њу Џерси, со цел да доставуваат од тие јаки материјали до компаниите за стакло, пластика и метал. Иако ЛифтПорт се надеваат за евентуално да почнат да ги користат јаглеродните наноцефки за конструкцијата на 100.000км(62.000милји) долгиот вселенски лифт, овој потег ќе им овозможи да направат пари во краткиот период,а исто така и да спроведат истражувања и развивање на нови продукциски методи. Целта беше лансирање на вселенски лифт во 2010та."[застарена информација][[Википедија:Информација за ажурирање/2010/11/{{{3}}}|]][22] 13ти Февруари, 2006та, Групацијата изјавила дека претходно истиот месец, тестирале милја од “кабелот за вселенскиот лифт“ направен од прамени со јаглеродни влакна како и лента од фиберглас со димензии 5цм(2 инча) ширина и 1мм(околу 6 листа хартија) тенка, кревана со балони.[23]

Во 2007ма, Лифт2010, ги одржа Игрите за Вселенски Лифт 2007, кои носеа 500.000долари награди за секој од двата турнира(1.000.000 долари вкупно) како и додатни 4.000.000 долари кои ќе бидат доделени во следните 5 години за технологии поврзани со Вселенскиот Лифт. [24] Ниеден тим не победи на турнирите, но тим од МИТ ги внесе првите 2 грама( 0.07ози), 100% јаглеродна наноцефка во конкуренција.[25] JЈапонија одржа интернационална конференција во Ноември 2008ма за да се донесе некој вид временска табела за градењето на лифтот.[26]

Во 2008ма, книгата “Напуштајќи ја планетата со Вселенски Лифт“ од страна на др.Брад Едвардс и Филип Раган, беше публицирана на Јапонски и влезе во Јапонската Бестселер Листа. [27] Ова донесе до Јапонска изјава за цел, градење на Вселенски Лифт со проектна цена од Трилион Јени(5 милијарди фунти/8 милијарди долари). Во извештај од Лео Левис, кореспондент од Токио за Тајмс весникот во Англија, беа откриени плановите од Шуичи Оно, заседавач со Јапонската Вселенски Лифт Асоцијација. Левис вели: “Јапонија е оптимистички настроена дека нејзините развивачки Академски и Индустриски бази можат да ги решат тие конструкциски проблеми, и дека дури поставиле неверојатна мала цена на трошоците од Трилион Јени(5 билиони фунти/8 билиони долари) за изградбата на лифтот. Јапонија е позната како светски лидер во прецизниот инжинеринг и производството на високо-квалитетни материјали без кои ни самата идеја не би била возможна."[26]


Структура[уреди]

Еден концепт за вселенскиот лифт го прикажува со растегнат кабел заврзан за подвижна морска платформа.

Центрифугалната сила на земјината ротација е главниот принцип зад лифтот. Како што земјата ротира, центрифугалната сила цели да го насочи кабелот во права линија. Постојат различни кабелски дизајни. Скоро сите вклучуваат главна/базна станица, кабел, качувачи и противтежа.

Базна Станица[уреди]

Дизајните за базната станица типично се подредени во две категории: мобилни и статични. Мобилните станици се типично големи океански објекти. [28] Статичните платформи би биле генерално лоцирани во предели со висока надморска височина како на врвовите од планините или дури и на потенцијално највисоките кули.[6]

Подвижните платформи ја имаат предноста да бидат склони кон маневрирање со цел да избегнат јаки ветрови, бури и вселенски остатоци. Додека статичните платформи ги немаат овие предности, тие првично ќе се поефтини и полесно достапни за напојување како и ќе им биде потребен пократок кабел. Додека намалувањето во должината на кабелот може да изгледа минимално(не повеќе од неколку километри), дебелината на кабелот може да биде редуцирана по цела должина, значително намалувајќи ја нејзината тежина.

Кабел[уреди]

Carbon nanotubes are one of the candidates for a cable material

Кабел за вселенски лифт треба самиот да си ја подржува својата тежина, а воедно и (помалата) тежината на качувачите. Оптималната јачина на кабелот би варирала долж должината, поради тоа што на одредени точки ќе треба да ја поддржува и тежината на кабелот испод нив или да дава центрипетална сила за да ги задржи кабелот и контратежата над. Во извештај од 1998ма,[29] истражувачите на НАСА заклучиле дека “максималниот стрес(на кабел за вселенски лифт) е на геосинхронизирана висина што значи дека таму треба да е кабелот најтенок и да се изменува наизменично како што ќе ја стига Земјата. Секаков потенцијален материјал би бил карактеризиран преку факторот за изменување - соодносот меѓу радиусот на кабелот во геосинхронизираната висина и тој кај Земјината површина. “

Кабелот мора да биде направен од материјал со голема тензична сила/масен сооднос. На пример, Едвардсовиот дизајн за вселенски лифт зема во предвид кабелски материјал со специфична сила на не помалку од 100.000 кН(кг/м).[30] Оваа вредност ја зема во предвид целата тежина на вселенскиот лифт. Вселенскиот лифт би требало да бара материјал кој би можел да издржи тежина од 4960км(3082милји) од неговата должина на морско ниво за да би можел да постигне геостационарна висина од 36.000км(22.300милји) без промени и без кршење[31] Следствено, потребен е материјал со многу јака сила и леснина.

Како за споредба, металите како титаниум, челик или алуминиумски обвивки имаат кршечка должина на само 20-30км. Модерните влакнести материјали(кои целат кон достигнување на огромни јачини поради нивната микроскопска или кристална структура која е врзана со основата на материјалот има помалце дефекти) како кевларот, фибергласот и јаглеродните/графитни влакна имаат кршечка граница од 100-400км. Кварцните влакна имаат предност зашто тие можат да бидат споени во должина од неколку стотици километри [32] дури и со денешнава технологија. Наноинжинираните материјали како јаглеродните наноцефки и од скоро откриените графни траки(перфектни дводимензионални листови на јаглерод) се смета дека ќе имаат точка на кршење околу 5000-6000км на морско ниво ,а истовремено ќе можат да спроведуваат и електрична енергија.

Јаглеродот е толку добар кандидат материјал(поради неговата специфична јачина) затоа што, како само 6ти елемент во периодичната табела, тој има многу малце нуклеони кои ја помагаат најголемиот дел од непотребната тежина на било кој материјал(каде што најголемиот дел од интератомските сврзувачки сили се помагани од само надворешните мал број електрони); предизвикот сега останува, да се зголеми во макроскопски димензии производството на таков материјал кој е сеуште перфектен микроскопски гледано(затоа што микроскопските дефекти се најодговорни за слабоста на материјалите). Сегашната(2009) технологија за јаглеродната наноцефка дозволува градење на цефки само до десетици сантиметри.[33]

A seagoing anchor station would incidentally act as a deep-water seaport.

Качувачи[уреди]

A conceptual drawing of a space elevator climbing through the clouds.

Вселенскиот лифт неможе да биде лифт, нормално гледано(со движечки кабли) поради потребата кабелот да биде значително поширок во центарот него на краевите. Додека се изнесувани разни дизајни на движечките кабли, највеќето од нив покажуваат дека лифтот треба да се качува по стационарен кабел. Качувачите покриваат голем варијатет на дизајни. На дизајните за лифт чијшто кабли се планарни ленти, се предлага користењето на парови сопирачи за да го држат кабелот со помош на триење.

Качувачите мораат да бидат ставени во оптимални растојанија за да се минимизира стресот и осцилациите на кабелот, а да се максимизира количината. Полесни качувачи можат да бидат праќани почесто, со дури по неколку одеднаш. Ова ја зголемува до некаде количината, но истовремено и ја намалува масата на секој индивидуален товар.

As the car climbs, the elevator takes on a 1 degree lean, due to the top of the elevator traveling faster than the bottom around the Earth (Coriolis force). This diagram is not to scale.

Хоризонталната брзина на секој дел од кабелот се зголемува со висината, пропорционално со растојанието од центарот на Земјата, постигнувајќи орбитално забрзување во геостационарната орбита. Затоа, како што товарот се крева со вселенскиот лифт, не треба да добие само висина, но и аголски моментум(хоризонтална брзина). Овој аголски моментум е земен од сопствената земјина ротација. Како што качувачот се крева, иницијално тој се движи малце поспоро него кабелот на кој се движи(Кариолна Сила) и затоа, качувачот се влече по кабелот.

Целосниот ефект на центрифугалната сила која дејствува на кабелот, прави тој константно да пробува да се врати во некоја енергетски поволна вертикална ориентација, што значи дека, откако некој објект ќе биде кренат по кабелот, противтежата ќе се заниша назад кон вертикалата како превртена тежина. Земајќи дека вселенскиот лифт е дизајниран да центарот на тежината секогаш останува над геостационарната орбита(ГСО) за максимална качувачка брзина на качувачите, [34] лифтот неможе да падне. Оперирањето со лифтот и спуштањата мора да се планираат внимателно за да би се задржало превртеното движење на противтежата околу кабелската точка под контрола.[35]

За времето додека товарот стигне до ГСО, аголниот моментум(хоризонталната брзина) е доволна при што товарот искача во орбитата. Спротивниот процес би се случил за товарите што би се симнувале по лифтот, наведнувајќи го кабелот источно и незначително зголемувајќи ја земјината ротациска брзина. Исто така се предлага користењето на втор кабел закачен за платформа, да го крева товарот по главниот кабел, поради тоа што дигачката направа не би морала да се справува со својата тежина наспроти земјената гравитација. Од сите предложени теории, напојувањето на било која дигачка направа сеуште претставува предизвик. Друга лимитација на дизајнот би била качувачката брзина на качувачот, поради тоа што геосинхроната орбита е на 35.786км(22.236милји). Претпоставувајќи дека качувачот може да постигне брзина на многу брза кола или воз од 300км/час(180милји/час) ќе му требаат 5 дена да се качи до геосинхроната орбита.

Напојување на качувачите[уреди]

Заемно, силата и енергијата се значителни теми за качувачите- качувачите треба да добијат голема количина на потенцијална енергија што може побргу за да го исчистат кабелот за следниот товар. Сите предлози за да се добие таа енергија до качувачот се подредени во 3 категории : • Трансфер на енергијата до качувачот преку безжичен енергичен трансфер додека се искачува. • Трансфер на енергијата до качувачот преку некоја материјална структура додека се искачува. • Зачувување на енергијата до качувачот пред да почне- ова бара екстремно висока специфична енергија. [36]

Предложениот метод е преку напојување со ласерска енергија, користејќи слободен електрон напоен со еден мегават или ласери во нормална фаза во комбинација со адаптирачки огледала приближно 10м(33 стапки) широки и фотоволтаичен систем накај качувачот подесен со ласерската фрекфенција за поголема ефикасност. [28] Голема пречка за било кој дизајн на качувач е справувањето со значителната количина на топлотен отпад генериран поради не доволно совршената ефикаснот на било кој од напојувачките методи.

Јошио Аоки, професор за инженерство на прецизна машинерија на Универзитетот Нихон и директор на Јапонската Вселенски Лифт Асоцијација, предложи вклучување и на втор кабел и користење на кондуктивноста на јаглеродните наноцефки за да спроведе струја.[26]

Предложени се различни механички начини за доставување на струјата; како движечки, кружечки или вибрирачки кабли.

Противтежа[уреди]

Неколку решенија се предложени да служат како противтежа: 1. Тежок, фатен астероид [5] 2. Вселенски док, вселенска станица или вселенски аеродром сместен пред ГСО; или 3. Екстензија на самиот кабел далеку од ГСО. Третата идеја има добиено повеќе поддршка во задниве години поради релативно простата задача и фактот дека товар кој отишол до крајот на кабелот за противтежа би земал значително забрзување релативно со Земјата, дозволувајќи му да биде лансирано во интерпланетарниот простор. Воедно, Бред Едвардс има предложено, примарно, лифтовите да бидат за само нагоре и дека количките за лифтовите кои се користат за да се стесни кабелот можат едноставно да се паркираат на врвот на кабелот и да служат како противтежа. [37]

References[уреди]

Specific[уреди]

  1. Hirschfeld, Bob (31 јануари 2002). „Space Elevator Gets Lift“. „TechTV“. G4 Media, Inc.. архивирано од оригиналот на 8 јуни 2005. http://web.archive.org/web/20050608080057/http://www.g4tv.com/techtvvault/features/35657/Space_Elevator_Gets_Lift.html. конс. 13 септември 2007. „The concept was first described in 1895 by Russian author K.E. Tsiolkovsky in his "Speculations about Earth and Sky and on Vesta."“ 
  2. http://wiki.spaceelevator.com/@api/deki/files/6/=iac-04-iaa.3.8.2.01.edwards.pdf IAC-04-IAA.3.8.2.01
  3. Non-Synchronous Orbital Skyhooks for the Moon and Mars with Conventional Materials Hans Moravec 1978
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име firstfloor.
  5. 5,0 5,1 „The Audacious Space Elevator“. NASA Science News. http://science.nasa.gov/headlines/y2000/ast07sep_1.htm. конс. 27 септември 2008. 
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име JBIS1999.
  7. Artsutanov, Yu (1960). „To the Cosmos by Electric Train“ (PDF). Young Person's Pravda. http://www.liftport.com/files/Artsutanov_Pravda_SE.pdf. конс. 5 март 2006. 
  8. Isaacs, J. D.; A. C. Vine, H. Bradner and G. E. Bachus (1966). „Satellite Elongation into a True 'Sky-Hook'“. „Science“ 11. doi:10.1126/science.151.3711.682. Bibcode1966Sci...151..682I. 
  9. J. Pearson (1975). „The orbital tower: a spacecraft launcher using the Earth's rotational energy“ (PDF). „Acta Astronautica“ 2 (9–10): 785–799. doi:10.1016/0094-5765(75)90021-1. http://www.star-tech-inc.com/papers/tower/tower.pdf. 
  10. Science @ NASA, Audacious & Outrageous: Space Elevators, September 2000
  11. „Space Elevators: An Advanced Earth-Space Infrastructure for the New Millennium“. http://www.affordablespaceflight.com/spaceelevator.html. 
  12. Bradley Edwards, Eureka Scientific, NIAC Phase I study
  13. Bradley Edwards, Eureka Scientific, NIAC Phase II study
  14. Yu, Min-Feng; Files, Bradley S.; Arepalli, Sivaram; Ruoff, Rodney S. (2000). „Tensile Loading of Ropes of Single Wall Carbon Nanotubes and their Mechanical Properties“. „Physical Review Letters“ 84 (24): 5552–5555. doi:10.1103/PhysRevLett.84.5552. PMID 10990992. Bibcode2000PhRvL..84.5552Y. 
  15. Min-Feng Yu, Oleg Lourie, Mark J. Dyer, Katerina Moloni, Thomas F. Kelly, Rodney S. Ruoff (2000). „Strength and Breaking Mechanism of Multiwalled Carbon Nanotubes Under Tensile Load“. „Science“ 287 (5453): 637–640. doi:10.1126/science.287.5453.637. PMID 10649994. Bibcode2000Sci...287..637Y. 
  16. Boyle, Alan. „Space elevator contest proposed“. MSNBC. http://msnbc.msn.com/id/5792719/. конс. 5 март 2006. 
  17. „The Space Elevator - Elevator:2010“. http://www.elevator2010.org/. конс. 5 март 2006. 
  18. „Space Elevator Ribbon Climbing Robot Competition Rules“. архивирано од оригиналот на 1 декември 2005. http://web.archive.org/web/20051201005853/http://robolympics.net/rules/climbing.shtml. конс. 5 март 2006. 
  19. „NASA Announces First Centennial Challenges' Prizes“. 2005. http://www.nasa.gov/home/hqnews/2005/mar/HQ_m05083_Centennial_prizes.html. конс. 5 март 2006. 
  20. Britt, Robert Roy. „NASA Details Cash Prizes for Space Privatization“. Space.com. http://www.space.com/news/050323_centennial_challenge.html. конс. 5 март 2006. 
  21. „What's the European Space Elevator Challenge?“. European Space Elevator Challenge. http://eusec.warr.de/?eusec. конс. 21 април 2011. 
  22. „Space Elevator Group to Manufacture Nanotubes“. Universe Today. 2005. http://www.universetoday.com/am/publish/liftport_manufacture_nanotubes.html?2742005. конс. 5 март 2006. 
  23. Groshong, Kimm. „Space-elevator tether climbs a mile high“, „NewScientist.com“, New Scientist, 15 февруари 2006 (конс. 5 март 2006).
  24. http://www.spaceward.org/elevator2010
  25. The Spaceward Foundation
  26. 26,0 26,1 26,2 Lewis, Leo. „Japan hopes to turn sci-fi into reality with elevator to the stars“, „The Times“, 22 септември 2008 (конс. 23 мај 2010). Lewis, Leo; News International Group; accessed 2008-09-22.
  27. „Leaving the Planet by Space Elevator“. http://www.leavingtheplanet.com/.  Edwards, Bradley C. and Westling, Eric A. and Ragan, Philip; Leasown Pty Ltd.; accessed 2008-09-26.
  28. 28,0 28,1 „The Space Elevator NIAC Phase II Final Report“ (PDF). NASA. http://www.spaceelevator.com/docs/521Edwards.pdf. конс. 12 јуни 2007. 
  29. Al Globus. „NAS-97-029: NASA Applications of Molecular Nanotechnology“ (PDF). NASA. http://www.nas.nasa.gov/News/Techreports/1997/PDF/nas-97-029.pdf. конс. 27 септември 2008. 
  30. "The Space Elevator: Phase I Study" by Bradley Carl Edwards
  31. This 4,960 km "escape length" (calculated by Arthur C. Clarke in 1979) is much shorter than the actual distance spanned because centrifugal forces increase (and gravity decreases) dramatically with height: Clarke, A.C. (1979). „The space elevator: 'thought experiment', or key to the universe?. http://www.islandone.org/LEOBiblio/CLARK2.HTM. 
  32. World's Longest Laser - 270 Km Long - Created ScienceDaily, December 16, 2009
  33. Wang, X.; Li, Q.; Xie, J.; Jin, Z.; Wang, J.; Li, Y.; Jiang, K.; Fan, S. (2009). „Fabrication of Ultralong and Electrically Uniform Single-Walled Carbon Nanotubes on Clean Substrates“. „Nano Letters“ 9 (9): 3137–3141. doi:10.1021/nl901260b. PMID 19650638. Bibcode2009NanoL...9.3137W. 
  34. "Why the Space Elevator's Center of Mass is not at GEO" by Blaise Gassend
  35. Cohen, Stephen S.; Misra, Arun K. (2009). „The effect of climber transit on the space elevator dynamics“. „Acta Astronautica“ 64 (5–6): 538–553. doi:10.1016/j.actaastro.2008.10.003. 
  36. Edwards. „NIAC Space Elevator Report - Chapter 4: Power Beaming“. NASA. архивирано од оригиналот на 13 октомври 2007. http://web.archive.org/web/20071013160456/http://isr.us/Downloads/niac_pdf/chapter4.html. „Нуклеарната и соларната енергија се предложени, но генерирање на доволно енергија за да стигне до врвот на лифтот во било кое разумно време без брзо да се балансира е скоро невозможно.“ 
  37. Edwards BC, Westling EA. The Space Elevator: A Revolutionary Earth-to-Space Transportation System. San Francisco, USA: Spageo Inc.; 2002. ISBN 0-9726045-0-2.

[Isaa66] Isaacs, J. D., A. C. Vine, H. Bradner & G. E. Bachus (1966) ‘Satellite Elongation into a True “Sky-Hook”' Science 151: 682-683.

General[уреди]

  • Peter Swan & Cathy Swan, "Space Elevator Systems Architecture." Lulu.com 2007. isbn 978-1-4303-1405-9 See ref. 555344 at www.lulu.com

External links[уреди]

Upcoming Events[уреди]

Conferences[уреди]

Шаблон:Space elevator Шаблон:Non-rocket spacelaunch Шаблон:Emerging technologies

Notes[уреди]