Вселенски Собор во Тренто

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Тицијан: Папата Павле III го отвора Соборот од Тренто

Соборот од Тренто бил деветнаесеттиот Вселенски собор на католичката црква. Се состанал во Тренто, денес северна Италија на 13. декември 1545, и траел, во 25 сесии низ три периоди, сѐ до 4. декември 1563. Првите 8 сесии се одржале во Тренто (1545-1547), 9.-11. сесија во Болоња (1547), 12.-16. во Тренто (1551-1552), а последните 9 сесии се одржале повторно во Тренто (1559-1563). Со соборот претседавале тројца папи: Папа Павле III до 1547, Папа Јулиј III до 1552 и Папа Пио IV до 1563.

Соборот од Тренто се смета за еден од најзначајните собори на црквата,[1] бидејќи бил реформски, како одговор на ширењето на протестантското движење.

Соборот издал осуди на „протестантскиот ерес“ и ги зацврстил црковните учења на католичката црква во домените на скриптурата, традицијата, изворниот грев, оправданието, богослужението, евхаристијата и обожувањето на светите. Издал и неколку реформски декрети.[2] Дефинирајќи ја католичката доктрина за спасението, богослужбите и библиските канони, Соборот всушност одговорил на аргументите на протестантската реформација.

Соборот од Тренто, иако издолжен и прекинуван неколку пати поради политички и религиозни несогласувања, претставувал значајна реформа на католичката црква и отелотворение на она што се нарекува контра-реформација. Се смета за прв современ вселенски собор на католичката црква, чии достигања продолжуваат да живеат во неа до денес.[3][4]

[уреди] Наводи

  1. Wetterau, Bruce. World history. New York: Henry Holt and company. 1994.
  2. Jedin, 138
  3. Cross, F. L., ed. The Oxford Dictionary of the Christian Church (Oxford University Press 2005 ISBN 978-0-19-280290-3), article Trent, Council of
  4. What was, still is, quoted in Responses to Some Questions Regarding Certain Aspects of the Doctrine on the Church
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици