Вртоглавица (Vertigo)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вртоглавица

Вртоглавицата претставува пореметување на ориентацијата во просторот која се манифестира со силни илузии на движење во просторот. Тоа е неодреден израз кој болните го употребуваат за да опишат неколку различни субјективни состојби. Покрај чувството на движење често е присутно и функционалното окуломоторно пореметување (nistagmus), рушење во состојба на одење и мачнина.

Причина за настанување[уреди]

Вртоглавицата не е болест. Тоа е состојба која може да ја предизвикаат повеќе од 300 причинители. Најчести се положбената вртоглавица, воспаление на вестибуларниот нерв, Мениерова болест, тумор на слушниот нерв, пореметувања на протокот на крв во мозокот, промени на ткивото на вратниот ‘рбет, повреди, прекумерни напрегнувања на мускулите, постара возраст, напнатост, стресна вртоглавица и друго.

Клиничка слика[уреди]

Луѓето кои имаат вртоглавица најчесто ја опишуваат како пореметување во рамнотежата на два начина, како движење околу главата или во главата, или како губиток на ориентацијата во просторот. Тегобите се влошуваат со движење на главата и промена на положбата на телото, а често се пратени и со пореметување во слухот, шум во увото и мачнина. Специфични пореметувања се движење и бегање на предметите пред очите или чувство на движење на сопственото тело во просторот, потоа чувство на губење во просторот, пропаѓање и занесување на страна или напред-назад. Кај вртоглавиците предизвикани од болести на внатрешното уво (отогени вртоглавици), предметите кои ги гледаме се движат водорамно од болното кон здравото уво, а рамнотежата е пореметена кај болното уво. Неспецифичните пореметувања на рамнотежата или лажната вртоглавица се карактеризира со светликави ѕвездички или темнина пред очите, несвестица, чувство на полност и притисок во главата и ушите. Најчеста причина е краткотраен недостаток или намален проток на крв во мозокот или во вратот. Положбена вртоглавица – најчеста е од сите, а е предизвикана од неадекватно движење или положба на главата, при лежење, движење во постела или при придвижување на главата кон назад. Трае пред се минута време, или пократко, а може да биде пратена и со ритмични треперења на очите, додека слухот останува зачуван. Може да се повторува на секои неколку дена, а и после неколку месеци. Воспаление на вестибуларниот нерв, напад на жестока вртоглавица трае неколку дена, а потоа постепено попушта за неколку недели. Иако причината на пореметувањето и местото на оштетувањето не се докажани, повеќето лекари сметаат дека станува збор за воспаление на нервот на вестибуларниот лабиринт од внатрешното уво. Мениерова болест – се работи за пореметување во микроциркулацијата во внатрешното уво. Болеста се карактеризира со ненадејни напади на вртоглавица, кои може да траат од неколку минути до неколку саати. Нападот може да биде така силен, па болниот има потреба да легне. Сината вртоглавица обично е краткотрајна. Ја прати мачнина, повраќање, шум во увото, губиток на рамнотежата. Некогаш се јавуваат и диплопии (двојни слики). Тумор на слушниот нерв – се карактеризира со постојана вртоглавица чија изразеност може да се мери. Други знаци кои укажуваат на тумор се: оштетување на слухот и пореметување на функцијата на останатите нерви во мозокот.

Дијагноза[уреди]

Во дијагностиката на вртоглавицата учествуваат стручни лица од различни специјалности: ото-неуролог, неуролог, неуротрауматолог, физијатар а кај децата и неуропедијатар. Од непроценлива важност е описот на заболениот за природата на вртоглавицата, за неговото работно место, активностите непосредно пред нападот, можните повреди на главата и вратот и хроничните болести. Поставувањето на точната дијагноза овозможува низа дијагностички постапки: од преглед на двете уши, носот, фаринксот и гркланот, преку неуролошки и очен преглед, физијатриски наод, или ортопедски, преглед на срцето и крвните садови, па се до психијатриско испитување. Откако ќе се утврди причината се одредува начинот на лекување.

Терапија[уреди]

Индивидуата која искусува напади на вртоглавица прво треба да се смири и внимателно да се стави во најудобната положба. Во спротивно може да падне и да се повреди. Тегобите се ублажуваат со строго мирување со затворени очи и ладни облоги, а по потреба со земање на средства за смирување и оние против повраќање. Никотинот, алкохолот и црното кафе се најстрого забранети, а првите 24 часа треба да се зема и несолена храна. Корисно е постепено опуштање на мускулите со правилно дишење, психичко опуштање, масажа на главата и вратот.

Користена литература[уреди]