Врапче камењарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Врапче камењарче
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Врапчиња
Род: Petronia
Вид: Врапче камењарче
Биномен назив
Petronia petronia
(Linnaeus, 1766)

Врапчето камењарче (науч. Petronia petronia) е мала врапчевидна птица од фамилијата на врапчињата. Живее низ неплодните карпести ридови од Пиринејски Полуостров, северозападна Африка преку јужна Европа до централна Азија. Го има и во Македонија. Тоа е претежно постојан жител, но азиските птици мигрираат понајуг или се движат подолу по планините. Редок скитник е на север од својот опсег.

Опис[уреди]

Врапчето камењарче е малку поголемо од градското врапче, со должина 15 - 17 см. Нема полов диморфизам, мажјаците и женките се исти. Тие се претежно сивокафеави. Одозгора и крилјата им се прошарано кафеави, ододздола посветли со потемни линии, имаат белкава линија над окото, и препознатлива, но тешко забележлива лимонжолта точка на грлото, која кај мажјаците е посветла. На опашката има бели рабови. Пеењето му е гласно и зарипнато.

Однесување[уреди]

Јајца

Живеалиштето на оваа птица се подножјата на планините и планинските падини, обично крај каменитите потоци и карпи. Летот му е пргав и брз, а на земја лесно се движи меѓу камењата. Се среќаваат и во градските средини каде им одговара средината и климата.

Вон сезоната на парење птиците се собираат во јата во потрага по храна.

Се хранат со семиња, но и со инсекти.

Размножување[уреди]

За разлика од повеќето од врапчињата, камењарчето е полигамично и мажјакот има 3-4 женки. Гнездат во колонии, понекогаш и многу големи. Гнездата се вообичаени, топчести, со страничен влез, а ги поставуваат во пукнатините на карпите, меѓу камењата, во пештерите или дупките претходно направени од бреговите ластовички или пчеларките, дупките во дрвјата или на зградите. Гнездото е грубо, лабаво и големо, направено од гранчиња и суви тревки, послано со пердуви или меки тревки. Одозгора е секогаш покриено со надвиснат камен, гранка или дел од градбата на зграда. Несат 4-7 бели јајца со кафеави дамки.

Наводи[уреди]

  • „Faun. Abh.“ 26: 63. 

Надворешни врски[уреди]