Кабакчи Мустафа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Востание на Кабакчи Мустафа
Дел од Востанија против Османлиското Царство
Датум 1808
Место Истанбул, Османлиско Царство
Завојувани страни
*Јаничари
Јамаци
 Османлиско Царство
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато
непознато

Кабакчи Мустафа(1770?-1808) бил османлиски водач на востаниците кои организирале востание против османлиските реформи во империјата кон почетокот на 19 век.

Позадина[уреди | уреди извор]

Јамаците биле посебна класа на војници кои биле одговорни за одбрана на Босфорот против козачките пирати од Украина. За разлика од јаничарите, оваа група на војници не биле земани како девширме. И покрај тоа тие се сметале како дел од јаничарскиот корпус. Кабакчи Мустафа бил командант на оваа воена единица во Румелихисар, тврдина на европскиот дел од Босфорот. На 25 мај 1807 година Раиф Мехмед, министерот одговорен за Босфорот се идел да ги убеди на јамаците да ги променат своите униформи, по кое станало јасно дека како следен чекор ќе биде обука на целата армија. Но тие одбиле да ја променат својата униформа и по голема расправија го убиле Раиф Мехмед. Овој инцидент се смета како почеток на бунтот. По убиството тие го започнале својот марш кон Истанбул, а какобо водач бил избран Кабакчи Мустафа. Во овој период било лесно бунтот да биде сопрен бидејќи воената единица Назим се наоѓала во нивна близина[1], но Косе Муса чија функција била слична на денешната министер за внатрешни работи[2], одбил да ги искористи против јамаците. Во следниот период бројот на бунтовниците започнал да се зголемува а кон нив се приклучиле и дел од јаничарите.

Тек[уреди | уреди извор]

Кабакчи пристигнал во Истанбул и по два дена започнал да владее со главниот град. Тој бил под влијание на Косе Муса и Шеик ил-исламот Топал Атаулах, основајќи суд кој дал дозвола за погубување на 11 членови на воената единица Назим. Тогаш тој побарал да се укинат сите институции формирани во рамките на реформите Назим, а самиот султан бил принуден истите да ги прифати. Тој исто така ја објавил својата недоверба кон султанот и побарал неговата функција да биде заземена од идниот Мустафа IV. По овој чекор, Селим поднел оставка од својата функција на 29 мај 1807 г.

Новиот султан на Кабакчи го назначил како министер за Босфорот. Неговиот штаб бил толку блиску до Истанбул што тој сè уште имал де факто целосна власт над главниот град. Овој период бил еден од најпознатите хаотични периоди од историјата на Истанбул. Јаничарите и јамаците го ограбувале населението на градот, а наскоро станало јасно дека и самиот Кабакчи немал сили да се справи со нередите кои продолжиле 14 месеци. Алемдар Мустафа Паша кој бил поддржувач на поранешниот султан Селим решил да ја стави ситуацијата под контрола. Пред да интервенира тој испратил педесетина команданти во седиштето на Кабакчи. Истиот ден Кабакчи се оженил и ноќта кога траела венчавката и прославата била испратена армија која го убила на Кабакчи. Набргу по ова, Алемдар се упатил кон Истанбул и по неколку борби јамаците биле поразени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Halil İbrahim İnal: Osmanlı Tarihi, Nokta Kitap, İstanbul, 2008 ISBN 978-9944-1-7437-4 p 378-381
  2. On line history (турски)