Ворен Џи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ворен Грифин III
Warren G
Warren G
Биографски податоци
Познат(а) и како G-Child
G-Dub
Роден(а) 10 ноември 1970
Потекло Лонг Бич, САД
Жанрови хип-хоп
Занимања диџеј
продуцент
Инструменти скреч
Период на активност 1991-
Издавачи Violator Management
Def Jam Recordings
Restless Records
Universal Records
G-Funk Entertainment
Hawino Records
Соработници 213
Доктор Дре
Снуп Дог
Нејт Дог
Мреж. место

hawino.com/artists/warren_g

Ворен Грифин III (роден 10 ноември, 1970 во Лонг Бич, Калифорнија, САД) попознат како Ворен Џи (Warren G), e американски рапер од Западниот Брег и продуцент на хип хоп. Негов најголем хит беше синглот „Регулејт“ (Regulate) со Нејт Дог (Nate Dogg) објавен во 1994. Како и повеќето дела на Ворен Џи, синглот беше во стилот на џи-фанк. Тој е полубрат на успешниот музички продуцент Доктор Дре (Dr. Dre).

Музичка кариера[уреди]

Во 1992 година, Ворен Џи ја оформил групата „213“, заедно со Нејт Дог и Снуп Дог. Ворен Џи ја претставил групата на својот полубрат Доктор Дре. Импресионираниот Доктор Дре веднаш го врбувал Снуп Дог да работи за „Дет роу рекордс“, компанијата што ја водел со Шуге Најт. Со тоа, „213“ се распаднала без да објави ниту една песна, а трите уметници започнале индивидуални кариери. Иако „Дет роу рекордс“ не потпишала со Ворен Џи, неговата кариера започнала со прилози за албумот на Доктор Дре „Д Кроник“ (The Chronic) објавен во 1992. Ворен Џи се редовно појавувал и на други албуми на оваа компанија.

Во 1993 година Ворен Џи ја продуцирал песната „Индо смоук“ (Indo Smoke) на која биле претставени тој, Нејт Дог и Миста Грим.

Деби-албумот на Ворен Џи, “Регулејт... Џи фанк ера“ (Regulate... G Funk Era) бил објавен во 1994 преку „Деф џем“ (Def Jam) и се прославил со хитот „Регулејт“ (Regulate) во кој е искористен семпл на филмот на Мајкл Мекдоналд (Michael McDonald) „Ај кип форгетин“ (I Keep Forgettin'). Песната „Дис ди-џер“ (This D.J.) била популарен хит на МТВ.


Дискографија[уреди]

Албуми[уреди]

Соло[уреди]

Групни[уреди]

Надворешни врски[уреди]