Волтерсдорф (Бранденбург)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Волтерсдорф
Плоштадот со општинското собрание во позадина
Плоштадот со општинското собрание во позадина
Волтерсдорф (Бранденбург) се наоѓа во Германија
Волтерсдорф (Бранденбург)
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Одра-Шпре
Градоначалник Волфганг Хене (независен)
Основни податоци
Површина 9,12 км2
Надм. височина 50 м
Население 7.812 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 857 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LOS
Пошт. бр. 15569
Повик. бр. 03362
Портал woltersdorf-schleuse.de
Местоположбата на Волтерсдорф во рамките на округот Одра-Шпре
Карта
Координати 52°26′52″ СГШ 13°45′26″ ИГД / 

Волтерсдорф (германски: Woltersdorf) — општина во округот Одра-Шпре, во Бранденбург. Често е нарекувана и како Волтерсдорф кај Берлин или Волтерсдорф кај Еркнер поради големиот број на места со истото име во Германија.

Географија[уреди]

Општината се наоѓа на три езера, Флакенско, Калкско и Бауернско Езеро, помеѓу Шенајхе, берлинската шума и Еркнер. Волтерсдорф се граничи со Ридерсдорф, Еркнер, Берлин и Шенајхе.

Историја[уреди]

  • Околу 1240 година, 14 фармерски семејства се населиле во селото. Денес, црквата, општинското собрание и старото училиште се наоѓаат овде, претставувајќи го центарот на Волтерсдорф. Првите жители биле земјоделци и рибари.
  • Во 1319, Волтерсдорф бил запишан прв пат како Валтерсдорф славика.
  • По прв пат Волтерсдорф бил забележан во 1375 во земјишната книга. Заедно со Рансдорф требал да плати данок на замокот Кепеник.
  • Во 1487 Берлин го припојува Волтерсдорф.
  • Во 1550 била изградена брана помеѓу Флакенско и Калкско Езеро.
  • Во 1550 била изградена првата црква во Волтерсдорф.
  • Од 1618 до 1648 Волтерсдорф бил напуштен (Триесетгодишна војна) и привремено ненаселен.
  • Околу 1886 била изградена туристичка кула за набљудување на врвот на Кранихсберге. Пружа прекрасен поглед од височина околу 105 метри. При ведри денови може да се види Берлинската телевизиска кула.
  • На крајот на 19 век била завршена железничката линија од Берлин. Во соседната општина, Еркнер, била изградена железничка станица. Многу Берлинци имале свои летни резиденции во Волтерсдорф.
  • Од 1913 постои трамвајска линија помеѓу браната и станицата во Рансдорф.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]