Волеајски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Волеајски јазик
Застапен во  Микронезија
Подрачје Волеај
Говорници 1,630  (1987)
Јазично семејство
Писмо латиница, порано волеајско слоговно писмо
Статус
Службен во  Микронезија
Јазични кодови
ISO 639-3 woe

Волеајскиот е микронезиски јазик кој се зборува на островот Волеај во сојузната држава Чук во Микронезија. Волеајскиот е дел од групата на тручки јазици и е сличен со сатавалскиот јазик. Јазикот е составен од два дијалекта: волеајски и ламотречки. Јазикот го зборуваат околу 1.700 жители. [1] Јазикот денес се пишува на латиница, но има и свое писмо наречено волеајско слоговно писмо.

Фонологија[уреди]

Согласки

Во јазикот има геминација, односно удвојување на согласки со цел добивање на подолги согласки.

Согласки
кратки согласки b [ɸʷ] p f t s l sh [ʃ] r g [x]
геминативни еквиваленти bb [pːʷ] pp ff tt ss nn [nː] ch [tʃ] k [kː]
носни mw [mʷ] m n ng [ŋ]
полусамогласки w y [j]

Согласките sh и r стануваат ch кога се долги, а l станува nn.

Самогласки

Самогласките имаат долга и кратка форма, освен дифтонзите eo и oa, кои имаат само долги форми.

Самогласки
i iu [y] u
e eo [øː] o
a oa [ɑː]

Наводи[уреди]

  • Sohn, H.M. 1975. Woleaian Reference Grammar. University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-0356-6

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]