Водолија (музичка група)
| Водолија | |
Водолија - МРТВ Акустичен концерт - 2010 |
|
| Биографски податоци | |
|---|---|
| Потекло | Скопје, Македонија |
| Жанрови | Рок,Алтернативен Рок |
| Период на активност | 1991-1998 2005-Денес |
Водолија е македонска рок група оформена 1989 година но официјално започнува во 1991 година кога го има својот прв официјален настап на Поп-Рок Фест 1991 и го снима првиот официјален сингл во студиото М2 на Македонската Радио Телевизија. Групaта има издадено три студиски албуми. Првите два албума се снимени во студиото на Владимир Петровски - Картер од Бадмингтонс а третиот албум е снимен во студиото на фронтменот на групата Водолија Ристо Апостолов. Тие три пати учесвува на Националникот избор на песна за Евровизија -Скопје Фест 2009 со песната (Мојот Тв) ,Скопје Фест 2010 со песната (Солза) и Скопје Фест 2011 со песната (Не враќај се) Автор на музиката и текстовите на песните е фронтменот Ристо Апостолов.
Во јуни 2010 одржуваат акустичен концерт во просториите на Македонската Радио Телевизија на кој ги свират песните од третиот студиски албум. Во октмври 2010 концертот се емитува на првиот канал на МТВ.
Во ноември 2011 година тие се добитници на наградата за најдобра продукција со песната (Ти не си). Автор и музички продуцент на песната е фронтменот на Водолија Ристо Апостолов а во 2012 ја преставуваат Македонија на интернет фестивалот INFE VISION 2012 во организација на интернационалните евровизиски фанови со песната (Мојот ТВ)
Содржина |
Дискографија [уреди]
Синглови [уреди]
Не враќај се - 2011
Солза - 2010
Мојот ТВ - 2009
Сеќавања - 2008
Ти не си - 2007
Измислен од бајки - 2006
Албуми [уреди]
Љубов или Страсти - 1996 (Касета)
Хазард - 1997 (Касета)
Се што е свето - 2009/2010 (ЦД)