Водна кула (Марибор)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Водна кула
Vodni stolp
Податоци
Место Марибор
Земја Словенија


Водната кула се наоѓа во Марибор, во Словенија. Кулата директно се граничи со реката Драва, и датира од 1555 година. Таа била изградена за да се обезбеди југоисточниот дел на градските ѕидини од правец на реката.

Кон средината на 1500 година, во јужниот дел на Марибор се наоѓале две одбранбени кули, едната била т.н. Еврејска кула а другата т.н. водна кула. За прв пат оваа кула била споменета во 1529 година. Околу 1555 година, била донесена одлука за проширување на градските ѕидини поради зачестените турски напади.

Во текот на 1960 година, нивото на реката Драва се зглемила. Голем дел од јадрото на стариот град во Марибор требало да биде потопено во езерото, вклучувајќи ја и водната кула, која првично требало да се урива. Сепак тоа не се случило.

Во моментов, кулата служи како продавница во која се служат најдобрите словенечки вина.