Влоѓимјеж Пјанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Влоѓимеж Пјанка)
Влоѓимеж Пјанка
Włodzimierz Pianka
Роден Wlodzimierz Pianka
9 август 1937
Воломин, Полска
Националност Полјак
Познат јазичар, македонист и славист
Занимање професор, лингвист, издавач

Влоѓимеж Пјанка или Влоѓимјеж Пјанка (полски: Włodzimierz Pianka; роден на 9 август 1937) — полски лингвист, македонист и член на Македонската академија на науки и уметности[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Пјанка е роден на 9 август 1937 година во Воломин, Полска. Студирал словенска фолологија бохемистичка специјализација на Филолошкиот факултет во Варшава. Дипломирал во 1959 година со тема од историјата на глаголскиот систем на лужичкиот јазик. Тој е член на МАНУ од 26 јуни 1997 година. Пјанка е автор на голем број книги поврзани со славистиката и македонистиката, меѓу кои најзначајни се „Македонско-полскиот и полско македонскиот речник“ и „Учебник по полски јазик за македонски студенти“[1].

Пјанка на Варшавски универзитет (1967-1977) и Шљонски универзитет ( 1977-1981) води настава по македонски јазик во рамките на југославистиката, автор е на југославистички студии во Полска. Негов ученик е проф. д-р хаб. Јоланта Миндак, која долго време се занимава со македонистика. На Виенскиот универзитет (1982-2002), прилагодувајќи се кон спецификата на тамошните славистички студии (во несловенска земја) го проширува поимот славистика со посебно нагласување на полонистиката и македонистиката. Денеска предава на Варшавскиот универзитет повеќе славистички предмети, меѓу кои и македонистика. Научниот развој на акад. В. Пјанка е – од полонист кон сестран јазичар – славист, со особен придонес за македонистичката лингвистика и наставениот процес. Долгогодишен ментор е на млади научни работници, афирматор на македонскиот јазик и култура[1].

Публикации[уреди | уреди извор]

Меѓу многубројните публикации, Пјанка ги објавил и следните:

  1. Семантичките категории и нивното изразување во македонскиот јазик
  2. Топономастиката на Охридско-преспанскиот базен
  3. Macedonskie imionaosobo wekotliny Azot
  4. Gramatyka konfrontatywna jezykowslowianskich zkomentarzsmi historycznymi
  5. чебник по полски јазик за македонски студенти. (Македонистички студии.)
  6. Полско-македонски и македонско-полски речник

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]