Владимир Богоевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимир Богоевски
Роден 1 декември 1953
Скопје
Националност Македонец
Занимање одбојкар

Владимир Богоевски, познат македонски одбојкар, има исклучителна кариера во европски рамки како одбојкар и како тренер.

Почеток на спортската кариера[уреди | уреди извор]

Одбојка почнал да игра во скопски Студент, а набрзо се префрлил во Вардар. Со овој клуб има двократна шампионска титула во СФРЈ (1975, 1976), а потоа е предводник на „црвено-црните“ во Купот на шампионите (денешна ЛШ), во која дојде до фајналфорот во Финска (1977). Таму е прогласен за најдобар играч. На репрезентативен план (со СФРЈ) е двократен бронзен медалист од ЕП (1975 Белград, 1979 Париз).

Учество на олимписките игри[уреди | уреди извор]

Член е на „сините“ на ЛОИ 1980 во Москва, со пласман на 5. место.

Интернационална играчка кариера[уреди | уреди извор]

Како интернационалец, патот го одведе во Шпанија, каде што настапуваше за Реал Мадрид, а потоа за Барселона. Во Барса беше и тренер од 1987 до 1990 година. Ја има предводено Тарагона и Палма де Мајорка, со која го освои Купот на Шпанија. Со Сон Амар стигна и до 2. место на Купот ЦЕВ.

Интернационална тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Тренер на клубот Сон Амар од Палма де Мајорка[уреди | уреди извор]

Со овој клуб за кусо време има постигнато одлични резултати во Шпанија.

Клубот Сон Амар играше во Европските купови, во Купот на ЦЕФ каде го освои второто место. На "фајнел фор° во Италија, во првиот меч Сон Амар ја победи Падова со 3:2, додека во решавачкиот меч за првото место загуби од клубот Марчерата со 3:2, иако водеше со 2:0 во сетови.

Ова е најголем успех на Сон Амар во неговата историја. На патот до второто место во Европа ги елиминира сараевска Босна, потоа и по една екипа од Холандија, Португалија и Русија, пласирајќи се меѓу четирите најдобри екипи во Европа за да на крајот бидате втори.

Тренер на грчки ПАОК[уреди | уреди извор]

По Шпанија, една и пол сезона мина во грчки ПАОК, што засега му е последна тренерски работа.

Како тренер има титули во купот и првенството на СФРЈ, со Партизан (1991/1992).