Виук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Виук
Ливадски виук (Festuca pratensis)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Фамилија: Треви
Род: Виук
L.
Видови

300, во текстот.

Виукот (науч. Festuca) е род од околу 300 видови на повеќегодишни растенија од фамилија Треви (Poaceae), потфамилија Ливадарки (Pooideae). Родот има космополитска распространетост, со тоа што највеќе видови виреат во студените умерени подрачја.[1] Родот е во блиско сродство со ’ржната трева (Lolium).

Членовите на родот можат да бидат ниски тревки (10 см со фини листови потенки од 1 мм) до треви со висини од 2 м и големи листови (долги 60 см и широки 2 см).

Виукот полен значаен причинител на алергиски ринит.

Употреба[уреди]

Виукот има некои значајни видови погодни за тревници,[2] терени за голф и терени за боќање (ситнолисните видови). Други видови имаат висока хранлива вредност што се користат за напасување на добиток и добивање на сено. Виукот лесно вирее на голи земјишта и другите, успева подобро од другите растенија и опстанува неколку години, па затоа наоѓа примена во спречувањето на ерозија на почвата.

Видови[уреди]

Подродови Schedonorus[уреди]

Предложени за префрлање во родот ’Ржна трева (Lolium)

Наводи[уреди]

  1. Високи и тенки виуци (англиски)
  2. Ianniello, Daniel. „Information for Growing a Nice, Green Richmond Lawn“. „Information for Growing a Nice, Green Richmond Lawn“. http://www.omlawncare.com/careguide.html. конс. 24 февруари 2011. 
  3. Опис на црвениот виук - BSBI, 16 ноември 2010 (англиски)

Надворешни врски[уреди]