Витрувијански човек

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Витрувов човек)
Прејди на: содржини, барај
„Витрувијански човек“, позната скица изработена од Леонардо да Винчи, околу 1490

Витрувијански човек е позната скица, изработена од Леонардо да Винчи, околу 1490 година во еден од неговите дневници. На сликата е прикажана гола машка фигура во две варијанти со раздолжени раце и нозе, впишани во круг и квадрат. Сликата и текстот многу често се нарекуваат Канон за пропорциите или Човечки пропорции и се засноваат на трудот на прочуениот римски архитект и писател Витрувиј. Сликата е изложена во Галеријата на академијата во Венеција, Италија.

Функции на сликата[уреди]

Оваа скица претставува пример за интересите на Леонардо кон пропорциите. Исто така, скицата го дава обидот на Леонардо, човекот да го поврзе со природата. Голем бил предизвикот на Леонардо кон оваа скица за проучување на пропорциите на машкото човечко тело. Според древноримскиот архитект Витрувиј:

  • четири прсти се еднакви на една дланка
  • четири дланки се еднакви на една стапка
  • шест дланки образуваат еден лакт
  • четири лакта се еден човечки раст
  • широчината на раширените раце е еднаква на височината на човекот
  • растојанието од врвот на косата до долниот крај на брадата е еднакво на една десетина од човечкиот раст
  • растојанието од долниот крај на брадата до темето е еднакво на една осмина од растот
  • максималната ширина на рамењата е еднаква на една четвртина од растот
  • растојанието од лактот до крајот на дланката е еднакво на една петтина од човечкиот раст
  • растојанието од лактот до аголот на подпазувите е една осмина од растот
  • должината на дланкта е една десетина од растот
  • растојанието од долниот крај на брадата до носот е една третина од должината на лицето
  • растојанието од врвот на косата до веѓите е една третина од должината на лицето
  • должината на увото е еднаква на една третина од лицето

Леонардо сосема точно го насликал она, кое Витрувиј го кажал во De Architectura 3.1.3:. Папокот најнормално се наоѓа во центарот на човечкото тело и ако човек лежи на грб со растегнати раци и нозе, од неговиот папок, како центар, може да се опише кружница, која ќе ги допира врвовите на прстите на рацеите и нозете. Човечкото тело може да се впише не само во круг, туку и во квадрат.

Значење[уреди]

Напишаното од Витрувиј може да се разгледува како опишување на оптималните пропорции или како опишување на идеалната човечка форма. Витрувиј се судрил со потешкотии за да даде точно математичко определување на тоа што сакал да го каже, папокот е центар на телото, но други истражувања водат до различни резултати; например центарот на тежината на човечкото тело зависи од состојбата на крајниците и ако тие се исправни односно здрави, обично тој е на околу 10 см под папокот.

Важно е да се потенцира, дека скицата на Леонардо го комбинира внимателно древниот текст и сопствените набљудувања на уметникот за човечкото тело. При сликањето на кружницата и квадратот, тој правилно нагласил, дека квадратот не може да го има истиот центар, како и кругот - папокот, неговиот центар е малку подолу.

При проучување на скицата може да се види и заклучи дека со комбинација од движења и состојби на рацете и нозете се создаваат 16 различни пози. Ставот, во кој рацете се раширени а нозете се собрани може да се впише во квадрат. Ставот, при кој рацете и нозете се раширени, може да се впишат во круг.