Витолишки манастир

Координати: 41°09′49″N 21°46′51″E / 41.16361° СГШ; 21.78083° ИГД / 41.16361; 21.78083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Витолишки манастир
Поглед на главната манастирска црква „Св. Илија“
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Илија“
Други имињаМелнички манастир
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1870
Посветен наИлинден
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Св. Илија“
Личности
Основач (и)Стале Чешелков
Место
Местоатар на село Витолиште, Прилеп, Македонија Македонија
Координати41°09′49″N 21°46′51″E / 41.16361° СГШ; 21.78083° ИГД / 41.16361; 21.78083
Видливи остатоци1 црква, конаци, трпезарија
Отворен за јавностада
Други информации(Прилепечко-витолишка парохија)

Витолишки манастир или Мелнички манастир — манастир во непосредна близина на некогашното село Мелница, сместен покрај реката Бутурица, веднаш на регионалниот пат кој води до селото Витолиште, веднаш над одвојувањето за селата Полчиште и Бешиште.

Историја[уреди | уреди извор]

Стара фотографија на манастирот
Камбанаријата на манастирската црква „Св. Илија“

Манастирот започнал да се гради во 1870 година под водство на Стале Чешелков, но и со помош на целокупното мариовско население. Главната манастирска црква „Св. Илија“ била завршена во 1872 година, а нејзиниот богат фрескоживопис бил завршен во 1881 година од страна на зографот Аврам Дичов, син на познатиот мајстор Дичо Зограф.[1] Според натпис пронајден во манастирската црква кој потекнува од 1872 година, манастирот бил изграден од мајсторот Пере Лауца со помош на православните христијани од околните села[2].

Во минатото во манастирот имало монаштво и во него живееле монаси. Имотната состојба на мнастирот била добра за опстанокот на манастирската братија односно монашкото братство и луѓето коишто работеле на манастирските имоти. Манастирот поседувал ниви, ливади, шуми, како и голем број на добиток од кој имак булук овци, кози, говеда, пчели и друг вид жива стока[2].

Цркви[уреди | уреди извор]

Темелите на црквата биле поставени во 1870 година на иницијатива на Стале Чешелков од селото Полчиште, која била планирана да биде главна манастирска црква на тогашниот Мелнички манастир (денес наречен и Витолишки манастир), која била помогната од целото мариовско население[2].

Изградбата завршила по неполни две години од нејзиниот почеток и веднаш биле повикани прочуените мијачки зографи од селото Тресонче предводени од Аврам Дичов, син на познатиот и легендарен зограф од XIX век - Дичо Зограф[2].

Како ктитор на манастирската црква, а подоцна прогласен и за доживотен игумен на самата црква, се јавува Стале Чешелков, кој бил главниот иницијатор за изградба на манастирската црква и самиот манастир во целост[2]. На барање на месното население бил насликан на ѕидовите од манастирската црква, каде е претставен во природна големина (цел раст), со бела брада, патерица во десната рака и облечен во убава мариовска носија[2]. Дедо Стале умрел во 1913 година на 115 годишна возраст[2].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мицевска, Каролина. „Распукува фрескописот во „Св. Илија" во Мариово“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 21 август 2015.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Ќорнаков, Димитар (2009). Македонски манастири. Матица Македонска. стр. 173-175.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]