Витим

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на поречјето на Витим

Витим (руски: Витим) е река во источен Сибир (Русија) долга 1,978 км[1][2], голема притока на реката Лена.

Географски карактеристики[уреди]

Реката извира на источните падини на планината Икатска во близина на населеното место Багдарин во Бурјатската република во источен Сибир, каде се спојуваат два водотеци Витимкан и Чина[3]. Витим има поречје големо околу 227,000 km², која се протега од Бурјатската република до Иркутската област. Нивото на водата многу варира, за време на дождовната сезона од мај до октомври просечниот проток може да биде и до 4,900 m³/s на сливот во реката Лена, па нивото на водата во реката расте за 8-10 метри, но во текот на зимата кога нема врнежи од март до април паѓа и до 80 m³/s [4]. Крајот околу Бодајбо е познат како наоѓалиште на злато[5].

Поврзани статии[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]