Вистан Хју Одн

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Златен венец.svg Вистан Хју Одн
180px
фотографија на Сесил Битон, 1953
Роден(а) 21 февруари 1907
Англија Јорк, Англија
Починал(а) 29 септември 1973
Австрија Виена, Австрија
Занимање поет, есеист

Вистан Хју Одн (анг. Wystan Hugh Auden) (21 февруари 1907 - 29 септември 1973)) кој своите дела ги потпишува со В. Х. Одн е англо-американски поет, за многумина еден од најголемите во текот на дваесеттиот век.[1] Неговото творештво е значајно по стилистичките и технички достигнувања, по обработката на моралните и политички прашања, како и по разноликоста на тонот, формата и содржината.[2] [3] Централни теми во неговата поезија се искрената љубов, политиката и државјанството, религијата и моралот, како и односот меѓу човечките суштества и анонимниот, далечен свет на природата.

Одн израснува во Бирмингем во добро-ситуирано средно-класно семејство и чита англиска литература на Оксфорд. Неговите први песни, од крајот на 1920тите и 1930тите, наизменично се под влијание на мрачните модерни стилови и јасните традиционални и се пишувани со жесток и драматичен тон; со нив, Одн веднаш ја воспоставува својата репутација на лево-ориентиран социјален поет и пророк. Во доцниот период од 1930тите му станува непријатно да ја игра оваа улога поради што и сосема ја напушта во 1939 година, кога заминува за САД. Неговата поезија од 1940тите истражува религиозни и етички теми на понеемотивен начин во однос на првите дела, но сѐ уште комбинира нови форми измислени од самиот Одн со традиционалните форми и стилови. Во 1950тите и 1960тите многу од неговите поеми се фокусираат на начинот на кој зборовите ги откриваат и кријат чувствата и развива особен интерес во пишувањето на оперски либрета, форма која идеално му одговара за да искаже моќни чувства. [4]

Одн е исто така и плоден писател на прозни есеи и рецензии на литературни, политички, психолошки и религиозни теми, поради што неколку пати работи на документарни филмови, поетски драми и многу други уметнички облици. Во текот на неговиот живот Одн се здобива со приматите контроверзен и влијателен. По неговата смрт, неколку негови песни, особено "Погребен Блуз" ("Запрете ги сите часовници") и "1 септември 1939", стануваат особено популарни преку нивното често користење во филмови, преноси и низа популарни медиуми.[1]

[уреди] Белешки

  1. 1,0 1,1 Смит, Стен (2004). „Придружник од Кембриџ за В.Х. Одн“. Cambridge: Cambridge University Press. 
  2. Академија на Американски поети. „В. Х. Одн“. http://www.poets.org/poet.php/prmPID/120. 
  3. Бродски, Јосиф (1986). „Помалку од еден: избрани есеи“. Њу Јорк: Farrar, Straus and Giroux. стр. с. 357. 
  4. Фулер, Џон (1998). „В. Х. Одн: коментар“. Лондон: Faber and Faber. 

[уреди] Надворешни врски

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Погледнете ја листата на надворешни врски на веб-страницата на W. H. Auden Society.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици