Vip operator

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вип)
Скокни на: содржини, барај


Vip оператор ДООЕЛ
Тип Мобилен оператор
Oснована 2007
Седиште Скопје, Македонија
Клучни личности

Никола Љушев- Главен извршен директор, Флориан Нидерсус- Главен маркетинг директор,

Питер Цидек- Главен финансиски директор
Дејност Wireless Services; Telecommunication
Производи GPRS, GSM
Службена страница www.vip.mk

Vip оператор е мобилен оператор во Македонија и член на Телеком Австрија Групацијата.

На 26 март 2007, Vip оператор доби лиценца за трет мобилен оператор во Република Македонија од Агенцијата за електронски комуникации вредна 10 милиони ЕУР, откако победи на тендер за 10 години на ГСМ 900/1800 лиценца со автоматско продолжување за дополнителни 10 години. Vip оператор започна со комерцијална работа на 19 септември 2007, само шест месеци по добивањето на Лиценцата.

Од септември 2011, Vip има покриеност на населението од над 99% со сопствена мрежа.

До крајот на март 2012, најмладиот мобилен оператор на македонскиот телекомуникациски пазар имаше повеќе од 581.000 кориснци, што претставува 26,1% пазарен удел на македонскиот телекомуникациски пазар.

Од мај 2008, Vip оператор е во стратешко партнерство со глобалниот бренд Vodafone.


Содржина

[уреди] Иновации

[уреди] За прв пат на македонскиот пазар

  • Vip Communicator - VoIP решение кое им овозможува на корисниците неограничена комуникација преку нивниот компјутер дури и кога се во роаминг.
  • Vip Facebook@SMS и MMS@Facebook – први во Македонија и втора земја во Европа која оваа услуга им ја нуди на своите корисници.
  • Twitter via SMS – помеѓу првите 10 оператори во светот кои ja нудат оваа услуга за своите корисници
  • Прв оператор на македонскиот пазар којшто го претстави BlackBerry решението за корисниците
  • Надополнување на Припејд кредит преку интернет и преку банкомати
  • Vip Android предизвик – прв предизвик во Македонија кој ги предизвикува програмерите да развиваат апликации кои ќе бидат применливи на паметните телефони со Android оперативен систем и ќе имаат локална релевантност
  • Прв таблет компјутер на македонскиот пазар со Вип оператор - Tablet Dell Streak
  • Први на македонскиот пазар, непосредно по светската премиера, Вип го претстави паметниот телефон кој работи на Windows Phone 7 оперативниот систем, во соработка со Microsoft и LG.
  • Први и единствени на македонскиот пазар, Вип и LG го претставија паметниот телефон LG Optimus 2X

[уреди] Продажни места

Производите и услугите на Vip оператор се достапни за корисниците на повеќе продажни места ширум Македонија, преку Vip центрите или партнерските продавници.

[уреди] Општествена одговорност на компанијата и спонзорства

Како општествено одговорна компанија, Vip оператор секогаш се залага за унапредување и поддршка на вистинските вредности и придонесува кон заштитата и здравјето на најмладите.

[уреди] Донации:

Vip им помага на оние на кои помошта им е најпотребна, преку донации, линии за донација, општествено одговорни акции. Дел од заложбите на Vip во општеството се:

  • Донација на книги и лектири за збогатување на библиотечниот фонд на основните училишта ширум Македонија
  • Донација на медицинска опремма за кислородна терапија за предвреме родени бебиња која овозможува превенција од ретинопатија
  • Донација на книги и играчки за децата во онколошката клиника
  • Голем број на линии за донација
  • Партнерство со Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата преку акции во насока на подигнување на свесноста на сите учесници во сообраќајот
  • Учество на вработените во Vip во општествени акции – Ден на дрвото и др.
  • Други општествено одговорни и хуманитарни акции

[уреди] Спонзорства:

Vip оператор е официјалниот партнер на Македонската Ракометна Федерација. Партнерството започна во почетокот на 2008 и до денес Vip ги следи и поддржува македонските ракометари и ракометарки во сите предизвици.

Други партнерства: Влатко Стефановски, Скопски Филмски Фестивал, Македонски Олимписки Комитет, Кирилица, МАБА, Интернационален фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” и др.

[уреди] Награди и признанија:

  • Никола Љушев, Главниот извршен директор на Vip оператор, е првиот и единствен македонски менаџер кој две години по ред е избран за еден од 40-те водечки менаџери во телекомуникациите под 40 години
  • Три награди “Златна бубамара на популарноста” за најдобра кампања, најинвентивен настап и за поддршката за македонскиот ракомет
  • Призание од Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за придонесот во подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот за заштитата на децата учесници во сообраќајот
  • Награда за Најдобар работодавач за 2010 и 2011 година во категорија "Компанија со повеќе од 100 вработени"
  • Најкомпанија/организација на Twitter на веб директориумот www.140.mk.
  • Најдобар трговски објект за 2010 за Vip центарот во ГТЦ од град Скопје
  • Најдобра ИТ компанија во Македонија од публиката на www.it.com.mk
  • Награда за севкупна посветеност кон општествената одговорност за 2010 година

[уреди] Информации за мрежата

Интернационален идентификационен број за корисниците е 294-03 и MSISDN мрежните префиски се 077 (меѓународен повикувачки префикс: +389 77) и 078 (меѓународен повикувачки префикс: +389 78).

Vip оператор е македонската мрежа на Vodafone Групацијата, согласно договорот од 20 мај 2008.

[уреди] Карта на покриеност

http://www.vip.mk/files/SM/coverage_map.png


[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици