Вилхелмсбург (Хамбург)

Координати: 53°29′42″N 10°00′40″E / 53.49500° СГШ; 10.01111° ИГД / 53.49500; 10.01111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилхелмсбург
Кварт во Хамбург
Воздушна слика на островот Вилхелмсбург
Воздушна слика на островот Вилхелмсбург
Воздушна слика на островот Вилхелмсбург
Грб на Вилхелмсбург
Вилхелмсбург во рамките на Германија
Вилхелмсбург
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Мите
Основни податоци
Површина 35 км2
Население 49.132  (31 декември 2006)
 - Густина 1.404 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Вилхелмсбург во рамките на Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°29′42″N 10°00′40″E / 53.49500° СГШ; 10.01111° ИГД / 53.49500; 10.01111

Вилхелмсбург (долногермански: Willemsborg) е кварт (Stadtteil) на Хамбург, Германија во рамките на округот (Bezirk) Хамбург-Мите. Се наоѓа на истоимениот остров помеѓу северните и јужните разграноци на реката Елба (Norderelbe и Süderelbe), заедно со другите квартови Штајнвердер, Федел и Клајнер Грасброк. Последните скоро сите се наоѓаат во делови на пристаништето во Хамбург. Четирите квартови технички се сите свои острови, бидејќи се раздвоени со посебни брани.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1642, Џорџ Вилијам (војвода на Брауншвајг-Линебург) стекнал три острови во реката Елба и го поврзал со брани. Произлезениот остров бил именуван Вилхелмсбург во негова чест.

Во 1705, кнежевството Линебург преминало кон Електоратот Хановер и Вилхелмсбург станал дел од државата Хановер, која понатаму станала пруска Провинција Хановер во 1866. Во 1925, пруските власти го назначиле Вилхелмсбург како градски округ и го споиле со соседниот Харбург две години подоцна за да го создадат градот Харбург-Вилхелмсбург.

Во 1937, Харбург-Вилхелмсбург, заедно со градовите од пруската Провинција Шлезвиг-Холштајн, Алтона и Вандсбек, биле припоени кон Хамбург со Законот за голем Хамбург.[1]

Во текот на Втората светска војна пристаништето Хамбург и со тоа и Вилхелмбург биле цели на воздушните напади во т.н. Операција Гомора. Подкамп на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во Вилхелмсбург.[2]

Ноќта меѓу 16 и 17 февруари 1962, Вилхелмсбург бил потполно поплавен и сериозно оштетен од поплавите од Северното Море.

На 1 март 2008, Вилхелмсбург бил преместен од округот Харбург на округот Хамбург-Мите со законот за територијална организација на Хамбург.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Во 2006, статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Вилхелмсбург имал вкупна површина од 35,3 км2. Вилхелмсбург се граници на север со квартовите Штајнвердер, Клајнер Грасброк и Федел. На исток се квартовите Шпаденланд и Оксенвердер во округот Бергедорф. На југ се квартовите Нојланд и Харбург на округот Харбург и покраината Долна Саксонија, а на исток се квартовите Морбург и Алтенвердер на округот Харбург.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006, Вилхелмсбург имал 49.132 жители. Густината на населеност била 1.394 жители на км2. 22,6% од населението се деца под 18 години, а 14,6% имале 65 години или повеќе. 33,7% биле странци. 4.298 лица биле регистрирани како невработени.[4] Во 1999, имало 21.345 домаќинства од кои 26,8% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 39,9% од сите домаќинства биле сочинети од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,18.[5]

Население по години[4]

1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
44.047 44.477 45.636 46.686 46.876 47.523 47.729 47.670 47.772 47.604 47.256 46.280 46.110
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
46.125 47.180 47.857 47.847 48.322 48.957 49.132

Во 2006, имало 7.204 кривични дела (147 дела на 1.000 жители).[6]

Постоеле 8 основни и 6 средни училиште во квартот Вилхелмсбург и 52 лекари во приватни ординации и 11 аптеки.[7]

Економија[уреди | уреди извор]

Поглед на компанијата ADM Hamburg AG од Келбрандскиот мост (2007)
Болница Groß Sand
Поглед на Келбрандскиот мост од север (2004).

Делови на хамбуршкото пристаниште се наоѓаат во Вилхелмсбург.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Болницата Wilhelmsburger Krankenhaus Groß Sand има 257 кревети и дневен центар за геријатрија.[8]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Вилхелмсбург е опслужуван од железничкиот систем на градските возови преку станицата Вилхелмсбург.

Островите Вилхелмсбург, Штајнвердер, Федел и Клајнер Грасброк се поврзани преку бројни мостови. Главните врски со останатите делови на Хамбург се Hamburger Elbbrücken (Хамбуршките Елпски мостови), кои се состојат од Norder- und Süderelbbrücken (Северен и Јужен елпски мост), кои го поврзуваат Вилхелмсбург со центарот на градот на север и со квартот Харбург на југ, Kattwyk-Bridge на југозапад и Келбрандскиот мост, кој е главна врска од Вилхелмсбург на блискиот автопатот 7 и New Elbe Tunnel на северозапад.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Вилхелмсбург биле регистрирани 13.714 приватни возила (280 возила на 1.000 жители).[7]

Култура[уреди | уреди извор]

Од 2007, музичкиот и уметнички фестивал Dockville се одржува секоја година налето

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Текстот на законот Архивирано на 17 јануари 2018 г. (германски)
  2. Кампот е запишан под број 556 Хамбург-Вилхелмсбург, Jung-Öl индустрија во службениот германски список Архивирано на 16 јули 2006 г. (германски)
  3. Закон за територијална организација
  4. 4,0 4,1 Служба за пријавување на грашани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  6. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  7. 7,0 7,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  8. Список на болници, стр. 18

Надворешни врски[уреди | уреди извор]