Вилијам Морис Дејвис
Од Википедија, слободната енциклопедија
Американскиот геофизичар Вилијам Морис Дејвис (12 февруари 1850 - 5 февруари 1934) бил пионер во проучувањето на релјефната ерозија у ерозивните циклуси. Го предвидел циклусот во кој младите релјефи созреваат и стареат, а во секоја етапа имаат својствени релјефни облици. Дејвисовиот модел препознава реки што сечат стрмни долини во облик на латинската буква V, што потоа созреваат и се преобразуваат во широки долини со кривулести реки што се поплавени површини, за на крајот да се преобразат во издолжени „стари“ низински области близу нивото на морето. Во текот на минатите децении се покажало дека реалноста е многу посложена.
