Вилдпретово воловско јазиче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Вилдпретово воловско јазиче
Вилдпретово воловско јазиче на островот Тенерифе
Научна класификација
Царство: Растенија
(нерангирано): Скриеносемени
(нерангирано): Евдикоти
(нерангирано): Астериди
Ред: (неназначено)
Фамилија: Лисички
Род: Воловско јазиче
Вид: Вилдпретово воловско јазиче
Биномен назив
Echium wildpretii
H.Pearson ex Hook.f.
Цветови на Вилдпретовото воловско јазиче

Вилдпретовото воловско јазиче (лат. Echium wildpretii) е тревнато двегодишно растение кое достигнува до 3 m во височина. Овој вид е ендемски на островот Тенерифе, и вирее главно во клисурите на планината Теиде. Растението се нарекува и кула од драги камења, црвено воловско јазиче, тенерифско воловско јазиче или Теидско воловско јазиче.[1] На шпански растението се нарекува „тахинасте“ (tajinaste).

Содржина

[уреди] Распространетост

Растението може да се најде во субалпскиот појас, во клисурите на планината Теиде. Бара многу сонце и вирее во суви и пусти предели, но трпи мраз сè до температура од -15 °C.

[уреди] Опис

Ова двегодишно растение во првата година дава густа розета од листови, а во втората исправено соцветие со височина од 1-3 m.

[уреди] Процут

Растението на Тенерифе цути од доцна пролет до раниот период од летото.

[уреди] Употреба

Растението се одгледува во градините за украс, но не трпи ниски температури. Како и другите воловски јазичиња, ова растение е ценето во пчеларството бидејќи дава многу нектар и полен.

[уреди] Наводи

  1. Bramwell, D и Bramwell, Z (2001) Wild flowers of the Canary Islands. Второ издание. Editorial Rueda SL, Madrid, Spain ISBN 84-7207-129-4.

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици