Боргеска галерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вила Боргезе)
Боргеска Галерија
Galleria Borghese
Карта
Основан1903
МестоВила Боргезе, Рим
ДиректорАна Колива
Мреж. местоwww.galleriaborghese.beniculturali.it

Боргеската Галерија (итал. Galleria Borghese) е уметничка галерија сместена во поранешната палата Вила Боргезе Пинчијана, опкружена со огромен парк во центарот на Рим. Галеријата изложува значаен дел од Колекцијата Боргезе на слики, скулптури и антиквитети, која почнал да ја собира кардиналот Скипионе Боргезе (1576 – 2 октомври 1633), внук на папата Павле V. Вилата била изградена од архитектот Фламинио Понцио врз основа на нацрти од Скипионе како вила за излети и забави на ридот Пинчио, на периферијата на тогашниот град, и целосно била завршена во 1633.

Скипионе бил првиот патрон на Џан Лоренцо Бернини и посветен собирач на дела од Караваџо кој денес е претставен во галеријата со сликите „Момче со кошница овошје“, „Свети Ероним“, „Болниот Бахус“ и други. Други значајни слики се „Света и земна љубов“ од Тицијан, „Погребението Христово“ од Рафаел и дела од Петер Паулус Рубенс и Фредерико Барочи.

Една од погодностите на галеријата е тоа што е компактна и сместена во само 20 простории на два ката, така што може да се разгледа за помалку од 2 часа.

Во 1808 година принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе, зет на Наполеон,[1] бил присилен да му ја продаде колекцијата на римски скулптури и антиквитети на императорот. Поради тоа, „Боргескиот гладијатор“, позната и најценета скулптура од колекцијата, денес се наоѓа во Лувр. Самата Паулина пак, позирала полуоблечена за статуата „Венус Виктрикс“ (1805) од Канова, која се наоѓа во приземјето на галеријата.

Колекции[уреди | уреди извор]

Скулптури и мозаици[уреди | уреди извор]

На приземјето се сместени класични антиквитети од 1.-3. век, вклучувајќи го и мозаикот со гладијатори кој бил откриен на друго место во Рим во 1834. Од класичните и неокласичните скулптури се издвојуваат „Венус Виктрикс“ од Канова, и голем број дела од Бернини.

Мозаикот со гладијатори, околу 320. година.
Венус Виктрикс од Канова.

Бернини во галеријата Боргезе[уреди | уреди извор]

Многу од скулптурите на Бернини се изложени токму на местата за кои биле планирани. Некои од позначајните се „Јарецот Амалтеа со бебето Јупитер и Фаун“ (1615),[2], „Аполон и Дафне“ (1622–25)[3] и „Давид“ (1623)[4] кои се сметаат за зачетници на барокната скулптура.

Слики[уреди | уреди извор]

На горниот кат се сместени поголемиот дел од вредните дела од Тицијан, Рафаел, Караваџо, и други познати мајстори.

Колекција на музички инструменти[уреди | уреди извор]

Оваа колекција е составена од инструменти од западните и античките култури (Египетска, Грчка и Римска, како и инструменти од Америка, Африка и Океанија. Колекцијата на музејот му ја подарил оперскиот пејач Еван Горга и е најголемата колекција подарена на музејот.[5][6]

Музеи во близина на галеријата[уреди | уреди извор]

Во паркот на Вилата Боргезе се сместени Националната галерија на модерна уметност со дела од италијанската уметност од 19. и 20. век, и Националниот музеј на Етрурска уметност кои содржи дела од пред-римско време пронајдени во околината на Рим.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Принцот Камило Филипо Лудовико Боргезе се оженил со Паулина, сестрата на Наполеон.
  2. Web Gallery of Art, image collection, virtual museum, searchable database of European fine arts (1100-1850)
  3. „Apollo and Daphne by BERNINI, Gian Lorenzo“. Архивирано од изворникот на 2005-11-15. Посетено на 2008-12-07.
  4. Web Gallery of Art, image collection, virtual museum, searchable database of European fine arts (1100-1850)
  5. http://davidson.weizmann.ac.il/upload/(FILE)1167921594.pdf[мртва врска]
  6. „National Museum of Musical Instruments“. Архивирано од изворникот на 2005-10-25. Посетено на 2008-12-07.

Координати: 41°54′50″ N; 12°29′31″ E / 41.914° СГШ; 12.492° ИГД / 41.914; 12.492