Виктор Аничебе
![]() |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 27 април 1988 | ||
| Роден во | Лагос, Нигерија | ||
| Висина | 1,90 m (6 ft 3 in) | ||
| Положба | напаѓач | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Евертон | ||
| Број | 28 | ||
| Младинска кариера | |||
| Евертон | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2006- | Евертон | 96 | (9) |
| Национален тим ‡ | |||
| 2008- | Нигерија | 11 | (1) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 17 ноември 2011. † Appearances (Goals). |
|||
Виктор Чинеду Аничебе (англиски: Victor Chinedu Anichebe) е нигериски фудбалер кој игра и потекнува од екипата на Евертон.Тој игра како напаѓач,а за него може да се каже дека е доста брз,цврст и силен во воздушните дуели.Во својата кариера играл и како десно крило.
Содржина |
[уреди] Раните години од животот
Аничебе е роден во Нигерија ,но уште кога имал само една година неговото семејство се преселило во Ливерпул.Тој е братучед со уште тројца спортисти поранешниот фудбалер Ифи Онура,британската атлетичарка Анјика Онура и професионалниот нигериски кошаркар Чиз Онура.
[уреди] Кариера
Аничебе уште со 15 години дебитирал за резервистите на Евертон.Својот прв официјален настап за првиот тим на карамелите го имал на 27 фебруари 2006 во рамките од третото коло на ФА Купот против ФК Челси кога заменил Сајмон Дејвис во 89-тата минута од мечот.Првиот професионален договор Аничебе со својот тим го потпишал во април 2006 откако станал полнолетен со обврска на две години.На крајот од сезоната 2005-2006 тој е избран за играч на сезоната кај резервистите и тоа значеше дека во наредната сезона менаџерот Дејвид Мојес има уште еден доста талентиран фудбалер на располагање.Но пред да дојде новата сезона тој го постигна својот прв гол за првиот тим на Евертон во последното коло од оваа кампања во мај против Вест Бромвич Албион протнувајќи ја топката низ нозете на голманот Томаш Кушчак и уште еднаш потврдувајќи го својот талент.
Во сезоната 2006-2007 повредите беа доста честа појава со Аничебе па тој одигра само 19 меча за тимот.И покрај тоа тој постигна 3 гола , 2 од нив беа на мечот против Њукасл на Боксиндеј во победата на Евертон од 3:0.Својот последен гол за сезоната го постигна против Фулам во уште една убедлива победа овојпат од 4:1.
Следната сезона Аничебе одигра најмногу натпревари за Евертон во кариерата.Тој постигна четири гола во УЕФА купот против четири различни екипи Лариса,Нирнберг,Металист и Бран и тоа најчесто откако влегуваше како резерва.
Својот последен гол за Евертон во лигата го постигнал на 13-ти март 2010 против Бирмингем Сити.
На почетокот на сезоната 2011-2012 тој беше стрелец и во мечот од лига купот против Шефилд Јунајтед.(Евертон победил со 3:1).Во првиот ден од 2012-тата година Аничебе постигна гол на гостувањето на Евертон кај Вест Бромвич Албион во 87-ата минута донесувајќи му победа на својот тим од 1:0, што беше негов прв гол во лигата после 22 месеци.Тој продолжи успешно да се враќа во форма и две недели подоцна беше одново стрелец.Тој влезе од клупата за резерви во 61-ата минута од гостувањето кај Астон Вила, а само осум минути подоцна постигна гол и го израмни резултатот на 1:1, што накрајот беше и конечен резултат.
[уреди] Репрезентативна кариера
Аничебе е репрезентативец на Нигерија од 2008 година.Тој не беше во изборот од 23-ца фудбалери за светското првенство 2010-тата во Јужна Африка поради лошата форма во тој момент.Својот единствен гол за својата репрезентација го постигнал во пријателска средба против Кенија во март 2011.
[уреди] Надворешни врски
Виктор Аничебе – FIFA competition record
|
|||||
