Викторија (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Викторија
Жанрдрама
теленовела
Создадена одБернардо Ромеро Переиро
УлогиВикторија Руфо
Маурисио Окман
Артуро Пениче
Андреа Лопес
Земја на потеклоСАД
Колумбија
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди169
Производство
Извршен продуцент(и)Хуго Леон Ферер
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаTelemundo Networks
Првично прикажување4 декември 2007 – 1 август 2008
Хронологија
СледбеникГ-ѓа Барбара (2008-9)
Надворешни врски
Мрежна страницаtv.telemundo.yahoo.com/victoria/index.html

Викторија (шпански: Victoria) е колумбиска теленовела. Теленовелата во САД и Колумбија беше подготвена со снимање есента во 2007, за својата американска премиера да ја доживее на 4 декември 2007. Теленовелата бележи огромен рејтинг во САД за разлика од останатите теленовели кои премиерно се прикажуваат. Некои дури ја споредуваат гледаноста и со мегахитот Скриени страсти.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Викторија Сантиестебан навршува 50 години и е на пат да ја прослави 25та годишнина од свадбата со Енрике Мендоса, што се разбира, е нејзината најголема љубов и ја изневерувал во последните две години со 20 години помладата од неа жена по име Татјана. Оваа вест е тежок удар за Викторија, која мисли дека ќе биде оставена од сопругот, кој ќе отиде да живее со љубовницата. Викторија чувствува дека животот и е нарушен, и не смета дека е подготвена да се справи со животот сама, таа е жена која се давала со цел дух и тело на сопруга и на трите деца: Паула 22 год, Сантјаго 20 и Маријана 17 години. Досега таа живеела мирно во имот во колонијален стил, кој е стар неколку поколенија на Мендоса. Викторија не треба само да ја поднесе болката да го гледа мажот и со друга жена, но и децата ја обвинуваат дека не успеала да го задржи Енрике да остане со неа и го принидувала по некаков начин да бара во друга, она што не го пронашол во неа. Единствената поткрепа и е Сантјаго, нејзиниот син, кој секогаш бил против мислите на татко му. На средината од овие чувства без да очекувала, во животот на Викторија влегува маж од 33 години, Херонимо[1], кој се вљубува во неа и се бори да го докаже тоа, дека 50те години не значат ништо и дека животот не и е завршен. Напротив, во секој момент е важно барањето на среќа и успех. Без да сака Викторија постепено се вљубува во тој неверојатен маж, кој и ја разголува душата, барајќи ја нејзината. Кога за тоа разбира Енрике решава да и ја одземе паричната помош, која и ја давал, додека не ја заборави апсурдната ситуација со момчето. Но Викторија не го прави тоа за Херонимо, туку за сопственото достоинство. Така таа ги зема одговорностите за финансиите во куќата, одговорно, која до пред тоа никогаш не и била достапна. Викторија не може да прави ништо освен да готви добро и да се грижи одлично за куќата. Но и покрај тоа таа е решена да даде се од себе, за да се справи со се.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Викторија Руфо Викторија Сантиестебан де Мендоса
Маурисио Окман Херонимо Акоста
Артуро Пениче Енрике Мендоса
Андреа Лопес Татјана Лопес

Викторија на Балканот[уреди | уреди извор]

Бугарија: Диема Фемили
Македонија: Сител
Србија: Фокс Телевизија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]