Викторија Гаго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Викторија Гаго
Родена 4 август 1951
Струга , СФРЈ СФР Југославија
Занимање писателка и судија

Викторија Гаго (вистинско име Климентина Голабоска - Савевска; родена во Струга, 4 август 1951) — македонска писателка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гаго е родена како Климентина Голабоска на 4 август 1951 година во Струга. Пишува под името на својата баба по татко. Дипломирала право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршувањето на студиите се вработила во Основниот суд во Струга и работи како судија од 1986 година[1]. Првиот нејзин роман бил „Сатурн се враќа“, која го објавила летото 2001. Вториот нејзин роман „Допир до вистината“[2] е објавен во 2003 година. Со првите два романа конкурирала за наградата за роман на годината за 2001 и 2003 година што ја доделувала весникот „Утрински весник“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Судии“. Основен суд Струга. Посетено на 2012-04-09.
  2. Стојановска, Маја. „Допир до вистината - Викторија Гаго“. Сакам книги. Посетено на 2012-04-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]