Викториин споменик (Лондон)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Викторииниот споменик

Викторииниот споменик (англ. Victoria Memorial) е статуа во Лондон, во средината на Кралските градини пред Бакингемската палата.

Изработена е од вајарот Сер Томас Брок во 1911. Опкружувањето е дело на Сер Астон Веб, направено од 2,300 тони бел мермер. Ова е знаменитост од I класа.

На споменикот има голема статуа на кралицата Викторија која гледа североисточно кон Шеталиштето (The Mall). Другите страни на споменикот се со темни патинизирани бронзени статуи на Ангелот на Правдата (свртен северозападно кон Грин Парк), Ангелот на Вистината (свртен југоисточно) и Добротворноста свртена накај Бакингемската палата. Први врвот ја наоѓаме Победата со две седнати фигури. Фигурите на подножјето се подарок од новозеландскиот народ.

Целата скулптура има поморска тематика, како и остатокот од Шеталиштето (Адмиралитетската арка и тн). Ова може да се види по сирените, тирони и еден хипогриф, кои укажуваат на британската поморска моќ.

[уреди] Галерија

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици