Викториини водопади (мост)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Мост на Викториините водопади
Официјално име Victoria Falls Bridge
Намена Возови, возила, пешаци
Премостува Замбези
Тип лак
Вк. должина 156,50 m
Висина 128 m
Отворен 1905

Мостот на Викториините водопади се наоѓа на Викториините водопади и ја пемостува реката Замбези и ги поврзува Зимбабве и Замбија. Мостот е конструиран од страната на Сер Ралф Фриман (Ralph Freeman), кој покасно го проектирал и Сиднејскиот мост во Австралија како и Бирченог мостот во Зимбабве.

Изградбата на мостот траела само 14 месеци и завршена е во 1905 година. Идејата за мостот потекнала од Сесил Роудс кој сакал "водената магличка од водопадите да прска по вагоните" (spray of the falls over the train carriages) иако тој никогаш не ги посетил водопадите, а умрел пред почотокот на изградбата на мостот.

Мостот е изграден од челикк со должинина на лакот од 156,50 метри и висина од 128 метри над дното од кањонот. Преку мостот се одвива железнички, патен и пешачки сообраќај. Од мостот се изведуваат "Банџи скокови" (bungee jump) од 111 метри.


Погледни[уреди]

Слики и факти (http://www.asce.org/history/brdg_victoria.html)

Поглед на мостот од воздухот -зелениот објект на средината е местото од каде се вршат скоковите