Викијана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Насловниот лист од збирката

Викијана (германски: Wickiana) спаѓа во групата на најзначајните збирки на вести од отпечатени листови хартија и илустративни летоци од 16. век. Временските сведоштва застапени во збирката отсликуваат еден од најинтересните епохални архиви. Најголемиот дел од материјалите во збирката биле составени и додадени од страна на Јохан Јакоб Вик (1522-1588), во чијашто чест истата го добила своето име.

Историја[уреди]

Јохан Јакоб Вик, по кого збирката го добила своето име, во периодот од 1552 до 1557 година бил свештеник во Црквата на Проповедникот во Цирих, а потоа работел како каноник и архиѓакон во Гросминстер. Од 1559 до 1588 година, тој вршел хронолошко запишување на настаните од тоа време, а кон збирката вклучил и материјали од периодот од околу 1505 до 1559 година. По смртта на Вик во 1588, збирката стигнала до манастирската библиотека во Гросминстер и во 1836 била пренесена во градската библиотека во Цирих.

Содржина и бројна состојба[уреди]

Збирката е врзана во 24 фолио-ленти. Покрај големиот број на отпечатени материјали на германски јазик, може да се забележат и 52 примероци на странски јазици. Голем дел од листовите потекнуваат од значајните центри на книгопечатењето, како Аугсбург, Нирнберг и Стразбур. Преку слика и текст материјалите известуваат, пред сè, за природни настани (комети, земјотреси и поплави), вродени заболувања, злосторства, историски настани и многу повеќе. Збирката може да се разбере и како одраз врз кризното сознание во време на верска и политичка несигурност. Улрих Цвинли дури непосредно го предвидел и крајот на светот. Освен тоа, на вестите во збирката од страна на Вик и неговите современици било укажувано како на предзнаци на младинскиот суд.

Вкупниот број на отпечатени материјали во збирката изнесува 439, од коишто 429 биле уште од самиот почеток, додека 10 биле подоцна додадени. Во 1925, некои отпечатени листови и цртежи од ракописите на Јохан Јакоб Вик биле изнесени и префрлени во графичката збирка во Централната библиотека во Цирих. Во одделот за ракописи во библиотеката денес е преостанат значаен број на материјали од збирката.

Галерија на слики[уреди]

Литература[уреди]

  • Barbara Bauer: Die Krise der Reformation. Johann Jacob Wicks Chronik aussergewöhnlicher Natur- und Himmelserscheinungen. In: Wolfgang Harms und Alfred Messerli (Hrsg): Wahrnehmungsgeschichte und Wissensdiskurs im illustrierten Flugblatt der Frühen Neuzeit (1450–1700). Basel 2002, S. 193–236.
  • Franz Matthias Mauelshagen: Wunderkammer auf Papier. Die Wickiana zwischen Reformation und Volksglaube. Diss. Univ. Zürich, Zürich 2008.
  • Wolfgang Harms und Michael Schilling (Hrsg): Die Wickiana. Die Sammlung der Zentralbibliothek Zürich. Tübingen 1997–2005. (Kommentierte Ausgabe, Teil I/II (Deutsche illustrierte Flugblätter des 16. Jahrhunderts, Bd. 6/7))
  • Matthias Senn: Die Wickiana. Johann Jakob Wicks Nachrichtensammlung aus dem 16. Jahrhundert. Texte und Bilder zu den Jahren 1560 bis 1571. Küsnacht 1975.
  • Bruno Weber (Hrsg.): Wunderzeichen und Winkeldrucker 1543–1586. Einblattdrucke aus der Sammlung Wikiana in der Zentralbibliothek Zürich. Dietikon 1972.

Надворешни врски[уреди]