Википедија:Слики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пример за алтернативен текст
Пример за опис

За да ја добиете оваа кутија, внесете:
[[Податотека:Пример.png|мини |алт=Пример за алтернативен текст |Пример за опис]]

Википедија содржи милиони илустративни слики и други електронски медиуми. Оваа страница накратко објаснува како се користат слики на Википедија. Повеќе информации ќе нјадете на страниците Правила за употреба на слики и Подигање на слики.

Нагодувања на сликите[уреди]

Повеќе информации на: m:Help:Preferences

Најавените корисници можат да наместат своја стандардна големина на минијатурите во „мои нагодувања“, поточно во делот „податотеки“ под јазичето „Изглед“. Стандардната големина во сликите им се прикажуваат на ненајавените корисници е 220 пиксели. Најавените корисници можат да си изберат големина од 120п, 150п, 180п, 200п, 220п, 250п или 300п.

Во истиот дел „Податотеки“ може да се ограничи и големината на сликите како што се прикажуваат на нивните страници за опис (т.е. кога ќе кликнете на минијатурата). Стандардното ограничување диктира дека ако ширината или должината надминуваат 800п односно 600п, тогаш сликата се намалува за да одговара на тие димензии. Ова ограничување може да се измени за да изнесува 320×240п, 640×480п, 800×600п, 1024×768п, 1280×1024п или 10000×10000п. Ако ја одберете последната можност, тогаш сите слики ќе се прикажуваат какви што се, во полна големина.

Употреба на сликите[уреди]

Повеќе информации на: Проширена синтакса за слики

Сликите подигнати на Википедија автоматски се поставуваат во именскиот простор „Податотека“ (порано „Слика“). Ова значи дека страниците на сликите почнуваат со префиксот „Податотека:“. За да вметнете слика во статија, ќе треба да употребите синтакса за слики. Прост пример за ова е горенаведената слика - за да ставите во статија, вметнете го следниов текст во статијата:

[[Податотека:Пример.png|мини|алт=Пример за алтернативен текст|Пример за опис]]
  • Првиот параметар е полното име на сликата, (т.е. Податотека:Пример.png). Името мора да го напишете точно како што е, внимавајќи на големи и мали букви, празните места, и да не ја испуштите нејзината наставка (на пр. .jpg).
  • Вториот параметар „мини“ значи дека сакате сликата да се покаже во минијатура (англ. thumbnail).
  • Третиот параметар „алт=Пример за алтернативен текст“ служи за да впишете алтернативен текст што ќе се прикажува во квадрат кога ќе отидете со глувчето врз сликата.
  • Последниот параметар „Пример за опис“ служи за впишување на опис на сликата, што се прикажува веднаш под неа (ако имате минијатура), или пак во квадрат што се појавува кога ќе отидете со глувчето врз сликата (ако не е минијатура), т.е. неврамена.

Алтернативниот текст е наменет за читателите што имаат проблеми со видот и не можат да ја видат сликата. Тој накратко го опишува изгледот на сликата, но не и нејзиното значење (за тоа служи описот).

Полната палета на можности е посложена. Но речиси сите слики (со ретки исклучоци) би требало да можат да се прикажат ако го користите горенаведениот формат.

Ако сликата не се прикажува, а сигурни сте дека синтаксата е исправна, ова може да значи дека сликата заведена на црн список.

Напомена: Префиксот „Слика:“ може да се користи за иста цел како префиксот „Податотека:“. Се прифаќаат и англиските „File:“ и „Image:“, како и придружните параметри „thumb“, „left“, „right“, „center“, „px“, „alt=“ и сл.

[[Податотека:Пример.png|мини|алт=Пример за алтернативен текст|Пример за опис]]

Надворешни слики[уреди]

Вметнувањето на слики во статиите преку врски до надворешни страници (англ. hotlinking или inline linking) е оневозможено:

  1. поставувањето на вакви слики се смета за „пијавичење“ (англ. leeching). Изворните страници имаат право да не се согласуваат со ова
  2. со ова страниците лесно можат да се вандализираат со поставување на неумесни и шокантни слики
  3. вака многу лесно се вметнуваат слики заштитени со авторски права што немаат прифатлива слободна лиценца
  4. ваквите врски до други надворешни страници ја зголемуваат употребата на појасната широчина на тоа мрежно место, и покрај тоа што не се посетува самата страница

Затоа, дозволуваме само претходно подигнати слики.

Менување на димензиите на сликите[уреди]

По правило, сликите во статиите не би требало да се поголеми од 220п. Ако постои причина да се направи исклучок, менувањето на големината се врши со вметнување на параметар во кодот на сликата, од обликот |XXXп, каде XXX се заменува со саканиот број на писели. На пример:

[[Податотека:Пример.png|мини|120п|алт=Пример за алтернативен текст|Пример за опис]]

Поставување лево[уреди]

Во највеќето случаи, сликите треба да стојат на десната страна од страниците (ова е по основно). Ако постои причина да се направи исклучок, страната на приказ на сликата се менува на лево со вметнување на параметар во кодот на сликата, од обликот |лево. На пример:

[[Податотека:Пример.png|мини|лево|алт=Пример за алтернативен текст|Пример за опис]]

Набавка на слики[уреди]

Сите слики на Википедија мора да се придржуваат до правилата за користење на слики. Ова значи дека мора да можат слободно да се користат за комерцијални цели и да се менуваат. Покрај ова, во ограничени околности се дозволуваат и некои слики за праведна употреба, кои се неслободна содржина.

Самоделни слики[уреди]

Повеќе информации на: почетниот курс за слики и курсевите за работење со графика

Можете да правите фотографии со свој дигитален фотоапарат, оптички читач (скенер), или мобилен телефон, дигитално да нацртате слика или графикон, можеби со графичка табличка, или да правите слики од отсликани (скенирани) цртежи и фотографии, и потоа да ги подигнете.

Избегнувајте слики со описен текст на нив. Дијаграмите и сличните слики можат да имаат текст што се однесува на она што го опишуваат, но не и сликите и цртежите.

Пронаоѓање на слики од интернет[уреди]

Страницата јавнодоменски извори на слики содржи опширен тематски-подреден список на места од кајшто можете да преземате слики. Покрај Заедничката Ризница, постои и Алатка за пребарување на слободни слики (FIST), која автоматски дава на избор слободни слики од другите проекти на Викимедија, Flickr и неколку други мрежни места. Еве неколку други корисни општонаменски пребарувачи на слики: Google Image Search, Picsearch и Pixsta. На Википедија слободно можат да се користат слики лиценцирани од Creative Commons со ознаките „НаведиИзвор“ (Attribution) и „НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови“ (Attribution-ShareAlike). На Википедија не смеат да се подигаат слики со лиценца што ја ограничува комерцијалната употреба или правењето на изведени дела.

Ако на интернет пронајдете слика што не е слободно достапна, можете да му пишете на имателот на авторското право и од него да побарате дозвола да го преобјави под соодветна лиценца, прилагодувајќи ја постоечката молба за дозвола. Ако не можете да најдете соодветна слика, тогаш поставете барање на Википедија:Барани слики, каде може да се најде друг учесник што ќе пронајде или создаде таква слика.

Побарување на слики од други корисници[уреди]

Погледајте:

Подигање на слики[уреди]

Повеќе информации на: Подигање на слики

Најавените корисници со автопотврдени смеки (да има барем 4 дена откако се направени и да имаат барем 10 уредувања) можат да подигаат податотеки на Википедија. Се препорачува на Заедничката Ризница да се подигаат само дела под слободна лиценца, а не дела за праведна употреба. Податотеките од Заедничката Ризница се поставаат на Википедија на истиот начин како податотеките подигнати на самата Википедија. To upload media to the English Wikipedia, go to Специјални:Подигнување а за да подигнете на Заедничката Ризница, одете на тамошната страница за подигање. Претпочитаните формати на податотеките се наведени на страницата Википедија:Подготовка на сликите за подигање.

Секоја слика има своја страница за опис. On that page, one should document the source, author and авторскиот правен статус of the image, користејќи ги предодредените ознаки за слики. It is important to add both descriptive (кој, што, кога, каде, зошто) и технички (користена опрема, програм и тн.) информации at the time of creating the page, which will be useful and highly informative to later editors and readers.

Големина (бајтажа) на сликите[уреди]

Во однос на зафатнината во сметачот, сликите на Википедија се движат од неколку килобајти до неколку мегабајти во големина. Сликите заземаат највеќе проточност (поајсна широчина) при отворање на страница. Ако една страница содржи поголем број на големи слики, ова значително го забавува отворањето на страницата, особено ако читателот има нископроточна мрежна врска.

Википедија се грижи сликите да бидат достапни во разумно време така што ги претвора во минијатури пред да се прикажат во страницата. Нажалост, не сите формати се намалуваат во бајтажа со минијатуризација. Големината на сликата можете да ја проверите со тоа што ќе отидете на неа, ќе стиснете со десното копче и ќе одберете „Својства“ (Properties).

Постојат неколку формати за слики, и секој од нив има свои предности и недостатоци. Еден начин да го намалите времето на вчитување на сликата е да го смените нејзиниот формат.

  • Сликите во форматот GIF до димензии поголеми од 12,5 милиони пиксели (пиксели во висина × пиксели во ширина × број на кадри во анимацијата) не можат да се прикажат како што треба во минијатури на статиите. Минијатурите на ваквите слики знааат да бидат многу поголеми (по бајтажа) од самите изворни слики. Најдобро е GIF-сликите да ги подигате со таква големина каква што ви треба за во статијата.
  • Анимираните GIF-слики имаат некои дополнителни ограничувања. Кога се во минијатура, сликите поголеми од 12,5 милиони пиксели (пиксели во висина × пиксели во ширина × број на кадри во анимацијата) не се прикажуваат како анимација, туку се отсликува само првиот кадар. Ако не користите GIF-анимација со изворни димензии, тогаш препорачливо е од анимацијата да направите видеоснимка во форматот Ogg Theora.
  • Форматот PNG е погоден за графика со текст, линијарни облици и други слики со остри преоди. Овој формат ги постигнува истите графички резултати како GIF, а во многу случаи истото ова се постигнува при повисока стапка на набивање. Поради форматот PNG се претпочита како подобар. (Меѓутоа, кај некои видови слики минијатуризацијата на PNG не е така ефикасна како минијатуризацијата на GIF)
  • Сликите во форматот JPEG и другите формати на набиени слики знаат да бидат многу помали од истите слики кога се во форматите GIF и PNG. Кога не гледате разлика во квалитетот (како на пр. кај фотографија што нема остри графички преоди), се претпочита форматот JPEG и други набиени формати, чисто од причини на големина и леснотија на приказ. Википедија постигнува многу подобро ниво на набиеност кај минијатрите на JPEG-фотографии отколку кога истите се во PNG-формат, додека пак загубата на квалитетот е сосем занемарлива.
  • Ако сликата се состои само од линијарни облици, графикони и проста графика, тогаш најдобро е да се користи форматот SVG. Вака податотеките се значително помали, бидејќи податоците се шифрирани како низа наредби за исцртување, наместо како растерска графика. Постојат програми со отворен код за приказ и работа со илустрации во SVG-формат. Но треба да се напомене дека SVG-минијатурите се прикажуваат како PNG-слики.
  • Најдобро е да не ставате цели галерии на слики во страниците (со што во голема мера се забавува нивното отворање), туку да направите галерија/категорија на Заедничката Ризница.

Значајност и енциклопедиски карактер[уреди]

Повеќе информации на: Доверливи извори

Сликите мора да се однесуваат на статиите кајшто се поставаат и да бидат во голема мера релевантни на темата што ја обработува статијата.

Сè со цел да се добие што покорисна содржина, сликите треба да имаат што поподробен опис на нивната содржина. Ова се внесува на страницата за опис на сликата. На пример, сликите кои се фотографии од уметнички дела се многу покорисни кога имаат придружна документација - името на уметникот, насловот на делото, местото на творење, датуми, музејски назнаки (ID-броеви) и тн. На страницата треба да се наведат и доверливи извори, ако ги има. Сликите со преопшт опис (како на пр. „таблица со клинесто писмо“, „средновековен ракопис“ и тн.) најчесто не се од многу голема полза за Википедија.

Непристојни слики[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Википедија:Непристојности.

Дел од енциклопедиската задача на Википедија е и обработката на непристојни теми. Википедија не е цензурирана. Но и покрај тоа, тука не се дозволени непристојни слики, освен ако немаат особенао енциклопедиско значење. Материјалите што читателството на Википедија ги смета за вулгарни и непристојни можат да стојат само ако со нивното отсуство статијата ќе биде помалку информативна, релевантна или точна, и ако притоа не постои попристојна алтернатива за таа цел.

Животен век на сликите[уреди]

По извесно време, некои од сликите ќе го достигнат крајот на својот животен век. Може да се заменат со понови и поактуелни илустрации на темата, или пак да ги одменат слики со попогодни услови за лиценцирање. Ако наидете на слика што треба да се отстрани, наведете ја на страницата Податотеки за бришење.

Ако пак направите или најдете слика што се одликува со особени квалитети, ве повикуваме да ја предложите за Избрана слика.

Поврзано[уреди]