Помош:Ситна промена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е страница за помош на македонската Википедија.
Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори.

Со штиклирање на кутијата „Ова е ситна промена“ означувате дека сте направиле само површни промени меѓу новата и старата верзија на страницата, како на пример:

  • поправање на правописни грешки;
  • форматирање, различен изглед на статијата;
  • разместување на порции на текст без промена на содржината и слично.

Едноставно, мала промена е онаа за која уредникот верува дека не треба преглед и дека таа никогаш не може да биде спорна.

Спротивно од тоа, поголема промена е верзија која треба да биде прегледана, да се потврди дека со неа се согласуваат сите заинтересирани уредници. Така, било која промена која го менува значењето на статијата не е мала, дури ако сме промениле и само еден, единствен збор.

Разликата меѓу мали и поголеми промени е важна, бидејќи соработниците можат да не обрнат внимание на измените кои се означени како ситни при преглед на скорешните промени; зачленетите корисници можат да ги направат своите прилагодувања на тој начин што тие воопшто нема да се прикажуваат. Ако мислите дека постои каква било можност друг уредник да ги оспори вашите промени, Ве молиме, немојте да ги означите како ситни.

Соработниците кои не се зачленети и најавени не можат да ги обележат ситните промени, заради спречување на потенцијален вандализам. Можноста за означување на ситни промени е уште една причина за зачленување.

Кога да ја означите промената како мала[уреди | уреди извор]

  • Поправки на правописот;
  • Едноставно форматирање (големи букви, запирки, загради, основна граматика и сл.);
  • Форматирање кое не го менува значењето на статијата (на пр. додавање на хоризонтални линии, раздвојување на делови од текст);
  • Очигледни фактографски грешки (на пр. промена на 1873 во 1973, кога настанот очигледно се случил во 20 век);
  • Поправки на грешки во изгледот;
  • Додавање и преместување на вики-врски;
  • Бришење на вандализам.

Што треба да се има на ум[уреди | уреди извор]

  • Било која промена во изворниот текст, дури ако не влијае на прегледот на страницата во HTML-кодот (на пр. додавање празно место, премин во нов ред) ќе биде третирана како промена во базата на податоци;
  • Означување на поголема промена како ситна се смета за лошо однесување, особено ако промената е бришење на дел од текстот;
  • Отстранувањето на измените на страницата во поголемиот дел од ситуациите не може да се смета како ситна промена.
  • Кога статусот на страницата е спорен, најдобро е ниту една промена да не се означува како ситна, со исклучок на отстранување на очигледен вандализам.

Ако случајно означите некоја промена како мала, направете уште една измена, на пр. додадете празно место меѓу два збора (некои видови на промени, како додавање на празен ред на крајот од статијата автоматски се занемаруваат), а потоа во описот означете дека претходната промена била голема.

Секое несогласување околу ситните промени треба да се дискутираат на страниците за разговор.

Поврзано[уреди | уреди извор]