Википедија:Селска чешма/Архива 15

Од Википедија — слободната енциклопедија
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 15


Ве молам некој нека ми каже како да ставам слики на википедија? Регистриран сум на википедија (непотпишан коментар од Корисник:Milosevski 16:27, 7 јуни 2010 (CEST))[одговори]

Знаме на Македонија
Здраво. Значи за да ставите слика во статија следете ги чекориве. Ќе ја земам за пример сликата за знамето на Македонија:
  1. Прво го копирате целосното име на сликата, во овој случај е Податотека:Flag of the Republic of Macedonia.svg
  2. Го пастирате името на сликата во статијата но на почеток и на крај од сликата се додаваат загради, вака [[Податотека:Flag of the Republic of Macedonia.svg]]
  3. Потоа определете ја позицијата и големината на сликата, како на пример [[Податотека:Flag of the Republic of Macedonia.svg|мини|150п|десно|Знаме на Македонија]]
  4. Зачувајте ја статијата. --Никола Стоіаноски 16:46, 7 јуни 2010 (CEST)[одговори]
ПС: Слики можете да најдете во базата на Википедија за слики наречена Ризница, а само во случај да ја нема сликата која ја сакате ниту на оваа Википедија ниту на Комонс, тогаш подигнете ја, но мора да е без авторски права. --Никола Стоіаноски 16:48, 7 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Обновување на Прегледани верзии[уреди извор]

Софтверот за Прегледани верзии ќе се обновува, а тоа подразбира дека и на ова вики ќе се менува. Не би требало да има проблеми, но во случај нешто да забележите, корисно би било тоа да го пријавите на страницата за проблеми (има детално упатство). Овде го ставам ова известување, бидејќи се однесува на секој што сака да помогне. Благодарам. (оригинално известување) --iNkubusse A? 12:12, 11 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Категорија:Википедија:Администрација[уреди извор]

Смешно е тука да пишувам дека на Селската чешма за техника има некое известување, ама ми се чини дека така повеќе луѓе ќе го приметат. Имено, Википедија:Селска чешма (Техника)#Категорија:Википедија:Администрација. Благодарам. --iNkubusse A? 02:10, 12 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Нов изглед на Википедија[уреди извор]

Драги читатели и корисници, како дел од четвртата фаза на промена на Иницијативата за употребливост на Викимедија, Википедија на македонски јазик ќе добие ново руво наречено „Вектор“ како и многу други подобрувања кои се основани врз истражувања со корисници. Се очекува, но не е потврдено, промената да настане кон крајот на овој месец. На оваа страница се резимирани новите можности и истите можете да ги испробате со следење на врската „Пробај ја Бета“ во горниот дел од екранот (до корисничкото име). Прочитајте ја страницата Што е ново, прашања и одговори за повеќе информации. Дали при тестирањето на новиот изглед забележавте некои проблеми и потешкотии? Што Ви се допадна, а што не? Ќе бидеме повеќе од благодарни ако ја дадете Вашата повратна информација на страницата Википедија:Коментари за корисничкото искуство. --Brainmachine (разговор) 20:24, 20 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Еве го и новиот изглед. Се надевам нема да има недостатоци.--Никола Стоіаноски 00:39, 22 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Ургентно тргање на статијата Личен сметач од главната страница[уреди извор]

Статијата Личен сметач, ургентно ќе ја тргнам од главната страница, бидејќи ги надминува и најниските критериуми за квалитет!

Статијата не е прва, којашто не задоволува никакви критериуми, но се надевам дека ќе биде последна со ваков третман.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:10, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]

Добра статија[уреди извор]

Здраво на сите. Го видов шаблонот за добра статија и никаде не е искористен. Бидејќи сега имаме патролирање и патролери, мислам е многу добро да патролерите кога ќе видат многу добра статија (рецензирана и средена) да го ставаат овој шаблон на самите статии. Ова помага за веродостојноста на Википедија и понатака кога ќе се кандидира некоја статија а го има овој шаблон, ќе бидеме сигурни дека статијата е супер. Значи патролерите и проверувачите сè што треба да направат ако видат добра статија е:

  1. најдолу на статијата да кликнат на копчето „добра“ ако е веќе патролирана статија, а ако не на двете („добра“ и „проверена“) и да зачуваат
  2. и најдолу на статијата да го додат шаблонот {{добра статија}}

Само мој предлог е да се смени шаблонот. Наместо овој сегашниот, да се појавува еден зелен знам за штиклирање во горниот десен агол. Поздрав --Никола Стоіаноски 01:32, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]

Како пример за тоа како се користи и како изгледа да се стави овој шаблон, ќе ја земам статијата Инки. Статијата е добра и колку што можам да видам е рецензирана па ќе го ставам шаблонот. Сите статии кои се означени како добри и го имаат овој шаблон се во една категорија (Категорија:Добри статии) и од таму можат да се избирираат статии за главната страница. --Никола Стоіаноски 01:44, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Последно, единствено што ни недостасува е Википедија:Добра статија.--Никола Стоіаноски 01:50, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Не знам зошто шаблонот е ваков, бидејќи јас кога го уредував беше зелен круг со знакче штиклирано. Ова е одлично, со оглед на тоа колку корисници се активни, иако на почетокот планиравме да функционира нешто како со избрана статија. Сепак, мал проблем може да претставува субјективизмот на уредувачот при проценката на добрата статија. Ова посебно е важно, бидејќи слично беше и со иницијативата 500 статии (сега именувана трајно како Википедија:Инкубатор), којашто имаше за цел да се уредат 500 одлични статии, кои на почетокот беа уредувани, но како што одминуваше времето, порталот стана склад на статии подолги од 30 KB, без оглед на граматичката исправност и степенот на функционалност (викифицираност). Силно го поддржувам предлогот, ако се има предвид ова.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:20, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Никола, сакам да појаснам неколку работи:
  1. Патролерите и проверувачите не се групите на кои мислиш (види: Специјални:ЛистаНаГрупниПрава). Вистинските групи на корисници се уредувачи и оценувачи. Тие ги имаат правата за бележење ревизии, а разликата меѓу нив двете е што уредувачите можат да ги бележат страниците само со „прегледана“ (што резултира со проверена ревизија), а пак оценувачите, покрај ова, можат да ги бележат страниците и со „добра“ (што резултира со квалитетна ревизија).
  2. Прочитај ја Помош:Проверка на страница. Мислам дека сите сме збунети во врска со новиве функции и дека се впуштивме во нив без основни предзнаења. Јас открив многу нови работи додека го подготвував овој материјал и ќе пратам порака до сите уредувачи и оценувачи, поканувајќи ги да се информираат во врска со означените ревизии.
  3. Пред да почнуваме да ги оценуваме ревизиите како проверени и квалитетни и пред да почнеме да ги раздаваме овие кориснички права, мораме да имаме критериуми по кои ќе се раководиме. Моменталниот недостиг на вакви критериуми и работењето со алаткиве ad libitum ме запрепастува. Следното нешто со што ќе се нафатам е пишување на начело за означените ревизии за кое молам за помош од заедницата.
Да одговорам на твојот конкретен предлог:
  1. Претпоставувам дека со шаблонот {{добра статија}} ќе означуваме статии со одреден квалитет, но и должина (како што е примерот со Инки).
  2. Страници кои имаат „добра“, поточно „квалитетна“ ревизија се страници чија содржина е исправна, непристрасна и квалитетно напишана, но не и страници кои целосно ја покриваат темата (зборувам за должината). Ревизијата на една многу мала статија, само од два пасуса (на пример), може едвај да ја покрие темата, но да биде квалитетно напишана, форматирана и целосно покриена со извори. Мислам дека овде без сомнение станува збор за квалитетна ревизија.
  3. Според ова, квалитетната ревизија може да биде ревизија на {{добра статија}}, но не важи обратното, дека сите квалитетни ревизии треба да ги обележуваме како добри статии.
Со ова, заклучувам дека не е добра работа да ги поистоветуваме ревизиите со рецензиите на заедницата.
Инаку, сметам дека воведувањето на помало ниво на квалитет, добра статија, е убава идеја, пред сè, земајќи го предвид потенцијалот на Википедија:Инкубатор. Но, како што можеш да видиш и од погорниов наслов на селскава чешма, имаме проблеми со одбирањето на избрани статии. Поточно, целиот систем на избирање статии некаде заглавува. Не знам колку ќе биде ова решение на проблемот, но Википедија:Рецензија сега е технички спремна да почне со работа. Затоа, треба заеднички да размислиме, како да ги вклопиме Википедија:Рецензија + Википедија:Добри статии + Википедија:Избрани статии. Впрочем, ни треба систем кој ќе содржи јасни критериуми, јасна процедура, кој ќе биде остварлив за нашите услови и кој ќе создава квалитетни статии (нели тоа е целта?). Мене моментално ништо не ми текнува како ова да го споиме. Можеби некој друг ќе каже нешто? --Brainmachine (разговор) 02:56, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Зоки, мислам дека Никола не мислеше дека секоја добра проверка треба да се обележи со шаблонот за добра статија, туку доколку промените во статијата се означени како добри и статијата задоволува одреден квалитет, може да биде претставува добра статија. Сепак, како што напоменав туку има голема доза на пристрасност во одлучувањето која статија е „добра“, а која не. Се разбира, дека никулци и кратки статии се изземени. Инаку, за проблемот со избраните статии има многу пати дискутирано, се имаме договорено што треба, а што не, но ништо од тоа не се почитува.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:07, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Добро, Кирил, што е тоа што „се договоривме“ за избраните статии, а ништо не се почитува? Да те потсетам, овие одлуки беа изгласани, а не беа договорени. Има голема разлика. Предлогот за предложување на кандидати за избрани статии, без одредување на време на прикажување на главната страница го почитувавме и го почитуваме, само што, некако немаме статии! Другата точка со која се согласувам од овој договор е одземањето на статусот на некои статии, нешто што ќе го направиме кога ќе оправиме многу, многу, поважни работи. Со останатите точки, знаеш дека не се согласувам. За други договори кои ќе ја оправат ситуацијата, јас не можам да се сетам. --Brainmachine (разговор) 03:54, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
ПС: Никола, се извинувам ако сум ги помешал поимите од твојот предлог, јас така те сфатив. И да е тоа случајот, не е на штета она што го кажав. Поздрав, Brainmachine (разговор) 03:54, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Во последниот коментар имаш многу силни зборови дека ги изгласавме, а не се договоривме ништо и дека меѓу овие два поима има многу голема разлика. Сепак, не мислев на тоа што го посочуваш, туку на нешто друго. Добро е што го посочи како доказ за тоа дека, за жал, на ова јазично издание на Википедија се гласа без да се чита. И сè додека е така, сè за што навистина се имаме договорено ќе пропаѓа, без оглед на тоа дали е изгласано или не. А, ако сакаш работите да се решаваат со дискусија, со што целосно се согласувам, а не со гласање, тогаш тоа ќе мора да се „изгласа“, според важечките правила. Значи, дискусијата не е лек за лошите навики и бесполезно дадените гласови „За“, ниту пак гласањето е лош метод за да се дојде до консензус. Извини што бев маргинале во овој коментар, но вината не треба да се бара во начинот на избор. Се надевам дека полека излегува на виделина тоа за што се договоривме, а не го правиме:
  1. започнавме со рецензија, но за жал само го уредивме упатството, а идејата воопшто не успеавме да ја омасовиме. Од друга страна чекамве Виолетова да ја врши „неблагодарната“ работа, без да има соодветна замена;
  2. договорена беше и пофлексибилна употреба на содржините во инкубаторот, што за жал како што напоменав стана склад со статии над 30 KB;
  3. се кандидираа долги статии, никој не ги поправаше грешките, ама важно статиите стануваа избрани. И згора на тоа, одвреме навреме имаше по еден корисник, кој ќе среди по некоја статија;
  4. очигледно е дека многу активни корисници избраните статии ги сметаат за работа во втор план, без да им се објасни нивното значење.
И така ние ќе уредуваме упатства за употреба на предлошки, безбројни правила, без да ги „продадеме“ на поголем број на корисници и без да се запрашаме дали некој ги чита. Е, тука треба да се бара тоа нешто што не функционира. Извини ако бев премногу груб во овој коментар, но не можев да издржам, а да не ги споменам овие работи, кои се надевам дека ќе се променат во позитивно светло.--Kiril Simeonovski (разговор) 04:27, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Да почнам од почеток :) Знаме Зоки дека не се исти корисничките права, но јас пробувам да предложам нова начин на присобирање на добри статии, потенцијални избрани, со сегашните ресурси односно проверувачите се добри за оваа работа. Ако сакате можеме да побараме од Багзила да ни овозможат и оценување и оценувачи ако ги немаме. Ова е најмалиот проблем, се средува лесно, целта ми беше да се нафатиме на промена со која ќе ги присобереме добар дел од добрите статии за да ги усовршиме и гласаме за избрана. Со ова добар дел од проблемите за избрана ќе се елиминираат. Ставањето шаблон за добра статија е некојси сигнал за предлагачот и заедницата дека статијата навистина има потенцијал и е компетентна за избрана. Мислам не сме збунети за корисничките права, само не сакам само јас да предлагам нови кориснички функции, а можеме да се прилагодиме кон постоечките, но како сакате можеме да се договориме. И уште за кои да бидат добри, според мојот предлог: во никој случај не ни помислив статија од два параграфа да е добра. Статија која е долга (да речеме не помалку од 40кб), која е викифицирана, референцирана и естетски средена може да биде означена како добра. Кратките да се бележат како добри е малку глупо. Не сакам работава да ја сведеме како „уште еден товар за корисниците“, туку да ја направиме попроста што може да има и ефикасност и суштина, не после да испадне само двајца да ставаме и бележиме добра статија. --Никола Стоіаноски 12:17, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Првичната моја идеја не беше добрите статии да се вклопат во нов систем кој ќе ги опфаќа рецензијата и избирањето во еден сложен систем. Рецензијата и избирањето статија се еден систем, а ова е дополнителен елемент кој помага за полесно и посигурно избирање статија квалитетна статија и извор од каде се црпат избрани статии, покрај Инкубаторот. Но пак ќе речам, како сакате така ќе се договориме. --Никола Стоіаноски 12:25, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]

Никола, дури сега целосно ти ја разбрав идејата :) и морам да ти кажам дека се согласувам со неа и дека ми дојде сега идеја како да ги поврзиме сите работи. Еве како ќе оди:

  1. Бараме добри статии кои би можеле да ги подобриме и да ги направиме избрани. Некој уредувач наоѓа статија за која смета дека е соодветна;
  2. Проверува некои минимални критериуми за добра статија. Кирил, во право си кога велиш дека имаше субјективност при ставањето статии во инкубаторот. Јас се сеќавам дури и на еден инцидент. Поради недостиг на минимални критериуми, инкубаторот е складиште на големи статии. Па затоа, еве пример за минимални критериуми за една добра статија:
    • Да ја покрива целосно темата (т.е. да биде доволно долга);
    • Да биде викифицирана во сите нејзини делови;
    • Да биде пишувана со енциклопедиски тон;
    • Да биде доволно покриена со извори, колку да помине само.
    Овие критериуми ќе ги продискутираме и ќе ги средиме, битно да ги имаме и да не се стриктни, т.е. да бидат употребливи во пракса.
  3. Ако ги исполнува овие минимални критериуми, го ставаме шаблонот {{добра статија}} (или некој друг шаблон?) кој ја става статијата во скриена категорија, откако ќе утврди дека ги задоволува критериумите;
  4. Сите статии со овој шаблон можат автоматски да се појават (ова е изводливо) во Википедија:Инкубатор. Со други зборови, таму ќе ги бараме добрите статии и од таму ќе црпиме за понатаму (тоа беше оригиналната идеја за инкубаторот по преименувањето, како што се сеќавам);
  5. Следен чекор, некој одбира статија од Википедија:Инкубатор и ја предлага во Википедија:Рецензија. Е, овде всушност е целата (физичка) работа, овде треба да ја прочитаме, да ги поправиме грешките, да ставиме поправилни врски, пофино форматирање, да парафразираме по нешто и да најдеме извори (ако е превод од англиска статија, не би требало да е проблем).
  6. За крај, статија која е рецензирана можеме да ја предложиме во ВП:КИС и да заклучиме дали таа може или не може да биде избрана. Повторно, за да бидеме сигурни во тоа што го работиме, мораме да поставиме реални, минимални критериуми за избрана статија (не заборавам на ВП:КЗИС), кои можат да бидат, на пример:
    • Статијата сега да е целосно покриена со извори;
    • Техничкото форматирање да е на највисоко можно ниво, а истото да важи со јазикот и правописот (ова најмногу ќе го реши рецензијата);
    • Вики-врските да бидат соодветни;
    • Должината, сега пак, да не е преголема и да не се оди во непотребни детали (решение: помали статии за некои делови поврзани со главната со {{поподробно}} или нешто слично);
    • ??? (заборавам ли нешто?)

The End. Јас сум сигурен дека сето ова е лесно изводливо, барем чекорите 1-4 во пракса ќе се сведат на ставање еден шаблон. Чекорот 6) веќе го имаме (ВП:КИС). Нов е чекорот 5), рецензијата, со него, всушност, добрите статии ќе ги трансформираме во избрани и со него ја одземаме целата работа што досега беше во чекор 6), проверката на статијата пред да ја прогласиме за избрана. Овде ќе дадам еден предлог: статија која не била успешно рецензирана да не може да се кандитира за избрана. Ова е само еден додатен чекор за корисниците кои пишуваат комплетни, квалитетни статии. До сега, веднаш ги номиниравме во ВП:КИС и ги избиравме. Сега, првин ќе ги рецензираме и со многу мал труд (бидејќи нема што да правиме, само читаме) ќе отстраниме ситни грешки (на пример: печатни или во форматирање). Така, избраните статии навистина ќе бидат пример за квалитет! Правилото кое го предлагам е всушност, одбранбен механизам за да спречиме статии од типот на личен сметач да минуваат низ процесот за избрана статија. За овој пример, ако ја рецензиравме статијата, барем ќе имаше текст, форматирање и вики-врски, а и изворите немаше да биде тешко да ги најдеме.

Кирил, велиш дека ни треба нешто што „ќе го продадеме“ на поголем број на корисници. Јас сериозно мислам дека овозможувањето на процес ќе даде јасност во работењето, техничката спремност (ти ми алудираше на пишувањето упатства за предлошки) ќе овозможи процесот да биде достапен и лесно употреблив за повеќе корисници, а рецензијата ќе тера на работна навика, читање енциклопедиски статии и учење на нешто ново, стекнување на уредувачко искуство и најважно: создавање на квалитет. Мислам дека ќе го привлече вниманието на повеќе уредувачи. За крај, да дадам некои забелешки. Прво, се наметнува прашањето: што со статиите кои не ги исполнуваат критериумите за добра статија (како на пример, долгите статии со кои се затрупува инкубаторот)? Може и за нив да смислиме некој шаблон и некоја категорија и да ги имаме на ум. Можеби ќе се средат самите во иднина, може да ги предложи некој за рецензија и да ги подобриме. Сепак, не верувам дека ќе ги форсираме, ама дефинитивно ќе ги тргнеме од инкубаторот и ќе ги пикнеме во некоја категорија. Второ, не забораваме дека статиите кои ќе станат избрани, не ги избираме за одредена недела. Од нив можеме, без никаква строгост и процедура, слободно да си ги ставаме на главната страница, дури и како што има спомнато Кирил, понекогаш по некоја симболика. Трето, процесот во ВП:КИС може да се подобри за да биде пофункционален. Четврто, рецензијата нема да биде во служба само за добрите и избраните статии, туку и за давање мислења и за други статии, како што ќе ни се побара. Петто, откако ќе го спроведеме ова, треба да ги разгледаме и да ги организираме малце претходните избрани статии, да го одземеме статусот на некои и да го средиме Портал:Избрана содржина. --Brainmachine (разговор) 16:05, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]

Ете се разбравме :) Само јас би прокоментирал нешто. Да се договориме да не се става шаблон за добра статија ако статијата не е викифицирана, има правописни грешки, не е референцирана и е мала. Ако ги исполни овие критериуми, се додава шаблонот а Рецензијата ќе има многу, многу помала работа. --Никола Стоіаноски 17:30, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Мислам дека се е договорено. Сега треба практично да почне да се работи. Добро би било кога со некоја порака би ги известиле и другите активни корисници за овие промени, а добредојдени се и нивните мислења за овие измени. Сепак, не може двајца или тројца ова да го работат, на што главно се должеше и мојот погорен коментар. Мислам дека така би биле „поцелосни“ и полесно би ги изврѓувале овие планирани задачи.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 23:53, 3 јули 2010 (CEST)[одговори]
Се согласувам. Ќе ги известиме и останатите и може да почнеме со ова. Поз--Никола Стоіаноски 12:50, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]
Хм, па ова го зборуваме на сред селска чешма, појавно известување од ова - здравје. Туку да си почнеме ние со работа и да завршиме со подготовките, па кога ќе имаме што да претставиме, тогаш може и на сите лично да им пишеме. --Brainmachine (разговор) 21:22, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]
Зоки, иако е „селска чешма“, не верувам дека истата има третман како што по правила треба да има. Со други зборови, не верувам дека има барем 10 корисници кои прочетаа дел од ова. Сам да ти анпоменам, дека дури и кога на главната страница имаше известување дека во тек е расправата за избрана статија, речиси никој и да не го читаше истото, што доведе о оваа интервенција. Мој заклучок е дека ако на некој не му кажеш овде, сигурно сам нема да се заинтересира. А, веќе ако некој го известиш, ново прашање е дали ќе пројави интерес да се вклучи во работата. Немој да ме сфатиш песимистички, но за жал таа е реалноста.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:10, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]

Подредување на интервики-врски[уреди извор]

Решено.

Колкумина од тука се свесни за такво нешто? Погледнете m:Interwiki sorting order. Дали сте свесни дека кај нас моментално работат еден куп ботови што ги подредуваат интервикијата по ужасен редослед? Имено, по јазичниот код, наместо по името на јазикот. Така се прави каша-попара од јазиците, наместо да се подредени по азбучен ред. Тука ми треба да потврдите дека сфаќате за што станува збор и сакате да направиме нешто во врска со моменталната ситуација. Само треба да им кажеме на ботовите да не прават хаос, туку да ги подредуваат азбучно, исто како на en.wiki. —iNkubusse A? 13:00, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]

Немам забележабно такво нешто. Можеш ли да посочиш барем еден пример. Главно, ботовите се на корисници од Википедија на руски и мислам дека имаат целосно разбирање во имињата на јазиците на македонски, па досега немам забележано поинаку. Се разбира дека јазичниот код ka е за грузиски јазик и не може да биде пред ko што е корејски. Само веќе ако интервенираме и бараме нешто да се смени, тоа ќе треби според азбучен ред на јазиците на македонски, а за таа цел треба да се уреди страница со скрипта, којашто ботот треба да ја има предвид. Мислам дека така би го решиле проблемот, ако се појави повторно.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:13, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]
Малку погрешно си ме разбрал. :) Нема „проблем“ што се појавил. Проблемот е што на нашата Википедија ботовите ги уредуваат интервикија по УЖАСЕН ред, односно по нивните јазични кодови. Добар пример би бил Специјални:Случајна. ;) Првата случајна што ми ја даде (значи ПРВАТА) е Листа на градови во Кина. Погледни ги јазиците: Magyar доаѓа пред Italiano. Јас немам зборови за ваквата глупост, а сепак овој начин го користат на многу Википедии (многу нормално дека не и на en.wiki!). Сè што треба да направиме е, ние, администраторите, привремено да ги блокираме јазичните ботови и да побараме да ги подредуваат по единствениот логичен ред, односно по АЗБУЧЕН РЕДОСЛЕД.
Инаку, немаат врска имињата на македонски; само изворните имиња. Пример, ka за kartuli (не за грузиски), hu за magyar (не за унгарски), et за eesti (не за естонски) итн итн. Пример за подредување (на овие три плус некои други):
  • cs (Český)
  • et (Eesti)
  • en (English)
  • es (Español)
  • it (Italiano)
  • ka (ქართული, што е всушност Kartuli)
  • lt (Lietuvių)
  • hu (Magyar)
  • ja (日本語, што е всушност Nihongo)
  • pt (Português)
Подредени се по азбучен редослед: Český, Eesti, English, Español, Italiano, Kartuli, Lietuvių, Magyar, Nihongo, Português. Значи, така треба да биде. Моментално кај нас (иако никогаш не било така договорено), се подредуваат по јазичен код, што нема никаква проклета смисла или ред. —iNkubusse A? 19:27, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]
Да, сосема ми е јасно тоа. Како што ти реков, добро ќе биде да им се посочи на сопствениците на ботовите за скриптата по азбучен редослед на јазиците, а не на јазичните кодови. Уште подобро би било доколку уредиме таква скрипта во која би биле јазиците по азбучен ред на кирилица. Значи cs (Český) е чешки и би требало да биде меѓу последните интервики, а не меѓу првите како во латиницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:46, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]
Мислам дека тоа би било веќе премногу. И мислам дека нема ни една Википедија што ги подредува на таков начин. Башка, тоа ќе бара и повеќе работа. А инаку, мислам дека целата поента е во тоа секој да може лесно да си го најде својот јазик. Што значи дека најлесно ќе му биде ако се подредени по латиницата. А инаку идејата не е лоша, само мислам дека нема потреба додатно да се малтретираме. Вака сè што треба да им кажеме на сите ботови е да работат ИСТО како на en.wiki. —iNkubusse A? 19:59, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]

Добро, што да кажам повеќе? Единственото логично нешто за читателите кога ќе ги погледнат јазичните врски е јазиците да бидат подредени по нивното име. И да забележам само дека попрактично за уредувачите (наши и странски) е да се подредуваат како на en.wiki, по абецеден ред. Важно да биде со некаков ред. Силно го поддржувам предлогот на INkubusse и мислам дека не ни останува никаков простор за понатамошна дискусија. --Brainmachine (разговор) 21:17, 4 јули 2010 (CEST)[одговори]

Нека бидат по абецеден редослед. Можеби е поприродно, бидејќи 90% од јазичните изданија користат латиница, но не е точно дека во тој случај би биле подредени по нивното име. Со тоа само, би го прифатие подредувањето во ангискиот јазик. За корисник, чиј мајчин јазик е грузиски, сигурно неговиот јазик не започнува на „G“ и сигурно нема да го бара на таа буква. Слично е и со многу други корисници, кои зборвуваат многу други јазици. Од лично искуство, а мислам дека за ова имаме зборувано и на Вики средба е дека над 80% од корисниците својот јазик меѓу врските го наоѓаат симболично (писмо, должина, меморија), а не по азбучен редослед. Според тоа, на странските корисници им е сеедно дали врските се по азбучен ред или не. Ним им ебитно овиеврски да ги има на сите јазини изданија, со што би имале подобра навигација.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:25, 5 јули 2010 (CEST)[одговори]
  • Редоследот на англиската е единствениот правилен, бидејќи не се појавуваат кодовите, туку имињата на јазиците, така што тука нема никаква дискусија. Исто така треба да се следи латиничен редослед бидејќи голем број јазици се напишани на латиница и нема логика тие што се на V да стојат горе веднаш по по белоруски и бугарски. Затоа цврсто стојам на ставот дека треба да се имитира редоследот на англиската, тоа е нешто најприродно и најлогично и нема потреба од никакви полемики на таа тема. Очекувам ова да биде спроведено во најкраток можен рок и ја нудам својата помош ако нешто затребам, во рамките на моите способности. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:32, 5 јули 2010 (CEST)[одговори]
Да го сметам ова за конечно? —iNkubusse A? 17:41, 6 јули 2010 (CEST)[одговори]
Синко, го имаш нашиот благослов. --Brainmachine (разговор) 17:46, 6 јули 2010 (CEST)[одговори]

For bots done in pyrev:8347. Greetings -Xqt (разговор) 08:56, 8 јули 2010 (CEST)[одговори]

Избрани статии[уреди извор]

Ја поставив статијата Египетска митологија на главната страница, бидејќи забележав дека никој не го направил тоа за престојната седмица. Мислам дека е добро да се договориме околу избраните статии во динина. Јас дадов предлог, повеќе да не се ориентираме на временскиот период од една седмица, туку да се сконцентрираме на квалитетот на статиите. Добро е да се издвојат навистина квалитетните статии и оние кои несе, на кои би требало да им се одземе статусот. Доколку останат над 100 избрани статии, тоа е одлично, по што би можеле однапред да одлучиме за подолг временски период, кои од овие статии ќе се најдат на главната страница.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:57, 5 јули 2010 (CEST)[одговори]

Да и јас за ова бев. Да одередиме ако не многу барем пет до десет статии за во иднина што тоа се пет до десет недели. Поефикасно е и подобро.--Никола Стоіаноски 11:28, 5 јули 2010 (CEST)[одговори]

Предлошка:Внимание[уреди извор]

Ве молам прочитајте го ова, важно е.

Збориме за добри статии, одлични статии и рецензија, а имаме многу поголем проблем во врска со квалитетот на статиите. Има многу, ама стварно многу статии што се тотална катастрофа. Уште повеќе има и статии што се малку помала катастрофа, па блага катастрофа, па мала катастрофа, па ужас, итн. МОРА да преземеме нешто во врска со ова! Имам три идеи во врска со тоа и ве молам да ги разгледате. Моментално кај нас има само еден шаблон за означување несредени статии, и тоа Предлошка:Внимание.

  • Едната идеја е да направиме шаблон (да го преведеме en:Template:Cleanup-now од en.wiki) кој дава можност да се посочи конкретниот проблем. Ова не е воопшто тешко, а и нема нешто многу да ни помогне. Предлошка:Внимание сега има можност за посочување на конкретниот проблем со параметарот reason.
  • Другата идеја е да направиме класификација на катастрофите. Некое рамниште на катастрофа што ќе кажува колку ужасна е статијата. Пример, ужасни статии од трета класа, од втора класа, од прва класа, лоши статии, катастрофални статии и слично. Така, ние уредувачите што сакаме да средуваме статии (срам да им е на другите) ќе знаеме колку работа ѝ треба на статијата. На пример, понекогаш сме расположени за целосно средување на некоја ужасна статија (за да се мерачиме на тоа колку неписмени или неискусни биле првичните уредувачи), понекогаш сме расположени за средување на повеќе статии одеднаш што имаат ситни проблеми, и слично. Сигурно ме сфаќате веќе.
  • Третата идеја е да направиме шаблон (или предлошки) што ќе има вградена можност за посочување на конкретниот проблем, односно избор од неколку врсти на проблеми. Пример, да има можни параметри „форматирање“, „вики-врски“, „правопис“, „граматика“ и сл, и да можеме да пишеме нешто како {{внимание|причина=правопис}}, што ќе ја стави статијата во категорија:статии со правописни проблеми. Така ќе можеме ние, средувачите, да си одбереме за што сме расположени моментално. Некој е за форматирање, некој е за правопис итн.
  • Ова последново не е идеја, туку апел: ВЕ МОЛАМ прочитајте го целово ова, размислете за идеиве и општо за „одржување“ и вклучете се во средување! Квалитетот на македонската Википедија е СРА*ЈНЕ! Заборавете ги статиите што се добри, а не совршени, и погледнете колку статии има што се жив срам. :( —iNkubusse A? 23:24, 6 јули 2010 (CEST)[одговори]
Обично не дискутирам за голем број од темите по0врзани со селска чешма, но еве сакам нешто да напишам. Знам оти голем дел од статиите се катастрофа, но според мене премногу се дискутира околу тоа дали нешто треба да се направи или превземе... Убаво би било да дискутираме, бројот на статиите со горенаведените предлошки, да изнајдеме начин како да ги отстраниме. Најпрвин треба да се запрашаме дали имаме капацитет тоа да го направиме. Значи INkubusse, те разбирам 100%... Но што ќе добиеме доколку наместо шаблон за внимание имаме некојси сосема друг! Дали со посочувањето на конкретниот проблем на некој просечен прелистувач ќе му биде гајле во што е проблемот со статијата, дали и недостига едно или друго. Според мене, НЕ. Бројот на активните корисници на мк.вики, барем според мене се движи околу 7-10 (дали се и толкуј). Подобро би било да се организираме, како активни корисници една по една да се намалат предлошките со внимание, врска или викифицирање. Мислам дека со добра рганизација за месец време тој проблем ќе се отстрани --Тиверополник (разговор) 23:56, 6 јули 2010 (CEST)[одговори]
Најдобар предлог е поделба на несредените статии. Така едно статии ќе одат во категорија за правописно поправки, други за викифицирање и слично. Овој е најкорисен и ми се допаѓа.--Никола Стоіаноски 01:00, 7 јули 2010 (CEST)[одговори]
Тиверополник, токму тоа ми беше идејата. Ние што сме 10-ина души (всушност, помалку од нас би се занимавале со тоа) да се организираме и да фатиме да ги средуваме. Поделбата по тежина и тип на несреденост е за да знаеме што е губење време, а што не. Најдобро би било да почнеме од тие што воопшто МОЖЕ да се средат и што имаат средна тежина на несреденост (ако имаат многу малку и небитни проблеми, да не губиме време; ако пак имаат премногу глупости, исто да не губиме време). Исто и типот е важен, затоа што на некои корисници им оди повеќе граматика, на некои правопис, на некои форматирање, на некои нешто друго. Башка, тие што имаат грешки во форматирање, можеме да ги обработиме со бот, но ботот треба да знае кои статии се за што. Такви работи.
Ама главното е за да знаеме од кај да почнуваме и на што да не губиме време.
Инаку, во врска вториот коментар (од Никола), важен е тој предлог, ама мислам дека и она за поделба по рамниште на несреденост е прилично важно. Многу често наидувам на страници што се жива катастрофа и им нема спас, а веднаш потоа страници кои изгледаат фино (навидум), но имаат некои ситни (тешки) глупости во правопис. Кога ги означувам сите со истиот шаблон:внимание се чувствувам глупаво зашто знам дека одат во истата категорија (во заборав) и никогаш нема да излезат од неа. :( —iNkubusse A? 01:47, 7 јули 2010 (CEST)[одговори]

Јас го прочитав овој текст. Не знам за што попрво да се фатиме. Фала, тоа е сè... --Brainmachine (разговор) 04:01, 7 јули 2010 (CEST)[одговори]

Епа ај колку да не биде без ич, уште сега ќе ги направам предлошките и ќе ве известам, а вие користете ги! Така колку-толку нешто ќе се категоризира и после фатете да средувате што ви фати око. Патем, замислата не е да ги средиме сите несредени статии (хаха), тоа е дури и смешно. :) Ни требаат уште барем 50 души за да успееме во тоа за две-три години. Замислата е да средуваме колку можеме и да се трудиме новите статии да не ги оставаме како што ќе ги бапне неискусниот корисник. Патем-патем, гледам некои од вас премногу творат, нон-стоп само нови статии излегуваат; дајте малку намелете со тоа и заштедете енергија за средување хаоси. —iNkubusse A? 13:05, 7 јули 2010 (CEST)[одговори]
Веројатно мислиш за едно десетина години.(: Ти текнува ли кога зборувавме за проектот Одржување? Некаде до пред две години, проектот функционираше добро, но оттогаш се изгуби секаков интерес за средување на статиите. Би можеле ова да го спроведеме преку оживување на проектот. Таму, мислам дека има и дополнителни инструкции. Еден интересен начин е преку отворањен на категоријата за статии на кои им е потребно внимание, додека друг уште поинтересен е со постојано избирање на алатката случајна страница и така барем од сите статии што се појавуваат корисникот ќе има можност да среди неколку. Така, со секојдневно вртеењен на случајните страници и со нивно постојано средување, ќе се намалува постепено бројот на „ужасни“ статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:17, 7 јули 2010 (CEST)[одговори]
Па да, ова е дел и од тој ВикиПроект. Инаку, секој може да си бира начин како и што ќе средува, ама најдобро би било да ја отвори главната категорија:сите страници за средување и од таму да си одбере поткатегорија, дали по тип, дали по тежина (планирам да ги средам тие категории).
Напомена: горе малку утнав со en:Template:Cleanup-now. Тој шаблон е ист како Предлошка:Внимание, само што автоматски додава датум. Инаку сега додадов можност во Предлошка:Внимание да се посочува конкретниот проблем, со параметарот reason.
Всушност, ќе ги следам овие: en:Wikipedia:Template messages/Cleanup, но малку ќе ги изменам и ќе додадам некои работи. Ако ви фати нешто око (за променување), кажете. —iNkubusse A? 15:02, 7 јули 2010 (CEST)[одговори]
Штотуку сакав да го поставам линкот со сите предлошки за средување. Инаку пред некое време истово го предложив, не ми текнува што се случи. НО, како и да е, колку и да се црни работите (тоа дека има едвај 10 активни корсници) не е изговор да не преземеме нешто во врска со средувањето. Бидејќи веќе години наназад ситуацијата стои во место, одвреме-навреме ќе се јави некој корсник полн со елан за работа, ќе направи нешто и тоа само така стои. Така што, какви и да се работите само треба иницијатива, која и да се почитува само од двајца, сепак ќе дејстува колку-толку. Бидејќи подобро малку подобрување отколку стоење во место уште 50 години. :) --Макс(разговор) 09:19, 8 јули 2010 (CEST)[одговори]
Инаку, ако некому му се средува, може уште сега да си почне. :) Има милион статии со шаблон:внимание. ;) —iNkubusse A? 14:29, 8 јули 2010 (CEST)[одговори]

Makedonski banknoti[уреди извор]

Currency, commons Szajci (разговор) 07:30, 10 јули 2010 (CEST)[одговори]

Луѓе, ако видите статија што има шаблон {{никулец}} (во било која варијанта), а истовремено и шаблон кој вели дека статијата нема извори, тогаш отстранете го шаблонот {{без извори}} или {{малку извори}}. Мислам дека се подразбира дека на никулците, меѓу другото, им требаат и извори, а и поголемо внимание. --Brainmachine (разговор) 18:21, 14 јули 2010 (CEST)[одговори]