Википедија:Односи со јавноста/Соопштение за јавност од 28.06.2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

На 22 јуни, mk.wikipedia.org - македонската едиција на Википедија, популарната интернет енциклопедија, ја доби својата 10.000та статија. Со тоа македонската Википедија и официјално се вброи во категоријата на поактивни и поголеми јазични едиции на Википедија.

Македонската Википедија е организирано активна од почетокот на 2005 година, откога бележи постојан раст како во квантитетот, така и во квалитетот на статиите. Како и другите јазични едиции, Википедија на македонски јазик функционира на принципот “слободна енциклопедија”, што значи дека корисниците на енциклопедијата учествуваат во нејзиното создавање.

За бројката од 10.000 статии најзаслужна е колективната работа на дваесетина постојано активни корисници, како и над илјада регистрирани корисници од Македонија, но и од странство: најголем број на уредувања има Бојан Јанкулоски, македонски студент во Нов Зеланд. За нормалното функционирање на енциклопедијата се грижи тим од 8 администратори.