Википедија:Критики кон Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:КРИТИКИ

Главните точки кои ги опфаќаат критиките кон Википедија се тврдењата кон начинот на уредување. Со други зборови, се критикува слободното и отворено уредување на Википедија и тоа ја прави Википедија неавторска и неверодостојна, криејќи факти и вистини.

Неколку контраверзии за Википедија го привлекло и вниманието на медиумите.

Критики кон содржината[уреди извор]

Роберт Мек Хенри, поранешен главен уредник на Енциклопедија Британика, вели дека Википедија се нарекува енциклопедија, но не може тоа да го стори бидејќи самиот збор „енциклопедија“ побарува ниво на авторство и веродостојност. Тие две работи не можат да се применат за Википедија поради нејзината отвореност и отворено уредување на референци. Според Мек Хенри:

Обичен корисник, немирот и несигурноста кои можат да се вметнат под површината на статиите на Википедија се очигледни. Тој или таа доаѓа на некоја статија од Википедија преку Google, можеби, и гледа дека е дел од нешто што се нарекува енциклопедија. Ова е збор кој носи можна конотација на веродостојност. Типичен корисник не знае како енциклопедија ја достигнува веродостојноста.[1]

Неутралноста на Википедија[уреди извор]

Концептот на неутрална гледна точка, кој се смета за принцип за кој не се преговара[2] бил исто така критикуван како невозможен идеал поради несоодветните уредувања на корисниците. Во интервју со Џими Вејлс и критичарот на Википедија Роберт Кокс, коментаторот Марк Глејсер вели:

"Јас постојано слушам од моите читатели (од кои јас мислам повеќето се Википедијанци или поранешни Википедијанци) дека достигнувањето на неутрална гледна точка на Википедија е невозможно, секој си има своја сколоност и ја воведува на некој начин... Дали некој може да напише со неутралност? Нели секој има вметнато своја склоност?"[3]

Наводи[уреди извор]

  1. McHenry, Robert (2005-12-14). „The Faith-Based Encyclopedia Blinks“. TCS Daily. Посетено на 2008-10-12. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Wikipedia: Neutral point of view“.
  3. Mark Glaser (2006-04-21). „Wales Discusses Political Bias on Wikipedia“. NPR. Посетено на 2007-10-27.