Википедија:Избрана статија/2012

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гласање за избрана статија[уреди извор]

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 54, 31.12.2012 - 6.1.2013

Природа е поим којшто во најширока смисла означува природна средина, материјален свет. Латинскиот збор за природа е natura, кој е превод од грчкиот физис (φύσις) и означува природни нешта, нешта од природен карактер. Природата се дели на жива и нежива и се разликува од вештачки создадените предмети од страна на човекот.

Концептот за природата како целина, физичка вселена, е едно од неколкуте проширувања на првобитното значење; тој започнал да се користи од страна на претсократовските филозофи и оттогаш се увидела неговата прецизност и започнал нашироко да се употребува. Ваквото поимање на природата е потврдено од современиот научен метод во последните неколку векови.

Денес најчесто во „природа“ се вбројуваат геолошките одлики на Земјата и дивината. „Природа“ може да се однесува на различни видови на живи растенија и животни, а во некои случаи на процесите што се одвиваат кај неживите објекти. (Дознајте повеќе...)


Седмица 53, 24.12.2012 - 30.12.2012

Цар Самоил (958-1014) бил комитопул, најмлад син на Никола и Рипсимија, и средновековен владетел кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

Во историската наука оваа држава се нарекува Самоилово Царство, а дел од нив, за да направат јасна разлика помеѓу Самоиловото Царство и царството на бугарскиот цар Симеон I, го нарекуваат Македонско словенско царство или Македонско царство. Бугарските и еден дел од светските историчари го именуваат како Бугарско Царство (во постарата литература се сретнува како ЗападноБугарско Царство).

Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година.

Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот цар Василиј . Учествувал во сите позначајни битки и походи против Византија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров (Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел од Бугарија). (Дознајте повеќе...)


Седмица 52, 17.12.2012 - 23.12.2012

Ежен Делакроа (1798-1863) бил француски ликовен уметник, кој извршил огромно влијание врз романтичарското движење во Европа. Бил познат како мајстор на боите, бидејќи како ученик на раните англиски романтичари, успешно ги комбинирал нивните ликовни принципи создавајќи свој уникатен стил на сликање. Освен за сликарите, Делакроа бил инспирација и за книжевните уметници поради својот вроден вкус за естетика. Неговите мајстории на платното се пример на кој се угледуваат многумина од современите сликари.

Случувањата од тоа време го диктирале правецот по кој се развивала неговата техника. Негови ликовни идоли биле Петар Паул Рубенс и претставниците на Венецијанската ренесансна школа. Ја пропатувал речиси цела Европа, но сепак Мароко била земјата која најмногу го воодушевила. Уживал голема популарност во текот на неговата долга и успешна кариера. Добил многубројни награди и признанија од академијата и владата во неговата татковина. Обработувал сцени кои изобилувале со крв и насилство, притоа употребувајќи силни и впечатливи бои. Таа негова определба наишла на негодување во одредени кругови, но ги придобила симпатиите на сите останати. Имал работна навика да ги илустрира познатите творби на великаните како Вилијам Шекспир, Валтер Скот и Волфганг Гете. (Дознајте повеќе...)


Седмица 51, 10.12.2012 - 16.12.2012

Megadeth (се чита: Мегадет) е треш метал музичка група од САД. Предводена е од основачот, фронтмен, гитарист и текстописец - Дејв Мастејн. Формирана е во 1983 година, по неговото напуштање на Metallica. Бендот досега има издадено 13 студиски албуми, шест албуми од живи настапи и три компилации со најголеми хитови.

Како пионери на Американското треш метал движење, се стекнаа со светска слава во осумдесеттите години на минатиот век, но беа пропратени со чести смени на поставата главно поради проблеми со прекумерно користење на дрогa и алкохол. Откако се стабилизираа во поставата, Megadeth издадоа низа на платински и златни тиражи, вклучувајќи го Rust in Peace, двапати номиниран за Греми, белег на треш сцената, а потоа следува двојниот платински тираж на Countdown to Extinction во 1992. Престануваат со работа во 2002 поради Мастејновата тешка повреда на левата рака, но по интензивна терапија Мастејн повторно го формира бендот во 2004 и го издаваат The System Has Failed, а во 2007 следи United Abominations. Иако како група постојат скоро 30 години, нивните последни два албуми Endgame и Thirteen со нивната брзина и моќност се доказ дека бендот сè уште има што да понуди на своите верни фанови. (Дознајте повеќе...)


Седмица 50, 3.12.2012 - 9.12.2012
Автопортрет на Никола пусен
Автопортрет на Никола пусен

Никола Пусен (француски: Nicolas Poussin; 15 јуни 1594, Лез Андели, Нормандија - 19 ноември 1665, Рим) —француски сликар и еден од предводниците на барокот во ова поле од уметноста. Неговите дела се одликуваат со јасност, логичност и прецизна подреденост. Тој и давал предност на линијата и формата во однос на боите. Бил признат и почитуван сликар во негово време, и воедно бил инспирација за подоцнежните класични уметници како Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр и Пол Сезан. Познавачите на ликовната уметност го сметаат за стилски неистомисленик на Караваџо и неговите следбеници. Ако караваџистите создавале дела кои не биле во согласност со природните закони, сликите на Пусен биле целосна хармонија на боите и движењето. Најголемиот дел од неговиот творечки период го минал во Рим, а за кратко се вратил во својата родна земја по барање на кардиналот Ришелје, за да работи како дворски уметник под заштита на францускиот монарх Луј XIII.

Ликот на Никола Пусен бил еден од најмистичните творци од барокот и поле на интерес на историчарите на уметност од вековите кои следеле. Се претставува како поларна опозиција на италијанскиот ликовен великан Караваџо. Ако италијанските уметници твореле со многу нагласени емоции и немирни бои, овој во своите дела внесувал филозофска нишка, придружена со вечна хармонија и неуништлива ускладеност на ликовните елементи. (Дознајте повеќе...)


Седмица 49, 26.11.2012 - 2.12.2012
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици

Математичка економија — примената на математичките методи во економските теории и во анализата на проблемите презентирани во економијата. Овозможува формулирање и деривација на клучните врски во теоријата со неколку одлики како јасност, севкупност, едноставност и строга определба. Обично, применетите математички методи се однесуваат на оние посложените функции за разлика од едноставната геометрија, односно сложени методи како диференцијални и интегрални пресметки, диференцијална равенка, матрици, математичко програмирање и други пресметковни методи.

Математиката им овозможува на економистите да оформат значајни и предлози подложни на испробување за многу широко распространети и сложени теми кои не можат неформално соодветно да бидат изразени. Понатаму, математичкиот јазик им дава да оформат јасни, точни и позитивни тврдења за контроверзните или спорните теми, што инаку би било невозможно. Голем дел од економската теорија е моментално претставена преку математичко-економски модели, збир на стилизирани и упростени математички врски кои ги појаснуваат претпоставките и следствата. (Дознајте повеќе...)


Седмица 48, 19.11.2012 - 25.11.2012

Аугусто Пиноче (1915-2006) бил чилеански армиски генерал и диктатор кој ја презел власта со државниот удар од 11 септември 1973 година. Тој бил началник на Генералштабот на Чилеанската армија (1973-1998 година), претседател на владината хунта на Чиле (1973-1981 година) и претседател на Чиле од 1974 до 1990 година кога ја предал власта на демократски избраниот претседател Патрицио Ајлвин.

До почетокот на 1972 година, Пиноче бил општ началник на Генералштабот на Чилеанската армијата. На 23 август 1973 година бил унапреден во главен началник на началник на Генералштабот на Чилеанската армијата од страна на претседателот Салвадор Аљенде. На 11 септември 1973 година, Пиноче го предводел државниот удар со кој биле соборени претседателот Аљенде и социјалистичката влада. Во декември 1974 година, воената хунта го назначила за свој претседател, меѓутоа воздухопловни сили на генералот Густаво Гусман не се согласувале со тоа.

Од самиот почеток, хунтата спроведувала остри мерки против своите политички противници. Според различни извештаи и истражувања околу 1.200-3.200 биле убиени, околу 80.000 биле интерниран и околу 30.000 луѓе биле измачувани од страна на неговиот режим, вклучувајќи жени и деца. (Дознајте повеќе...)


Седмица 47, 12.11.2012 - 18.11.2012

Мајкл Фелпс (роден во 1985) е пензиониран американски пливач и најуспешен олимпиец на сите времиња со 22 медали. Фелпс исто така го држи и рекордот за најмногу златни олимписки медали (18, двојно повеќе од Лариса Латинина која има освоено 9 златни медали), најмногу златни медали во поединечните дисциплини (11), и најмногу олимписки медали во поединечни машки дисциплини (13). Со освојувањето на осум златни медали на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Фелпс го соборил рекордот на освоени медали на едни олимписки игри. Пет од тие медали биле во поединечна конкуренција. На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Фелпс освоил 4 златни и 2 сребрени медали, со што станал најуспешен спортист на игрите. Тоа биле трети Летни олимписки игри по ред, на кои Фелпс бил најуспешен спортист.

Фелпс е светски рекордер на долг курс во дисциплините 100 метри делфин, 200 метри делфин и 400 метри мешано, како и поранешен светски рекордер на 200 метри краул и 200 метри мешано. Тој освоил вкупно 71 медал на големите меѓународни натпревари на долг курс, 57 златни, 11 сребрени, и три бронзени медали. Меѓународните титули и постигнатите светски рекорди на Фелпс му овозможиле да биде избран за светски пливач на годината, шест пати и американски пливач на годината дури осум пати. Со неговиот неверојатен Олимписки успех во 2008 тој ја освоил наградата на магазинот Sports Illustrated за најдобар спортист на годината.

По Летните олимписки игри 2008, Фелпс ја основал својата „Фондација Мајкл Фелпс“, која се фокусира на зголемување на пливањето и промоција на здрави навики. Тој очекува да работи со својата фондација и по Летните олимписки игри 2012, за кои тој рече дека ќе му бидат последни. (Дознајте повеќе...)


Седмица 46, 5.11.2012 - 11.11.2012
Поглед на центарот на Лајпциг
Поглед на центарот на Лајпциг

Лајпциг (германски: Leipzig) или Липск (горнолужички: Lipsk) — еден од двата најголеми градови (заедно со Дрезден) во сојузната покраина Саксонија, во Германија. Лајпциг се наоѓа околу 200 километри јужно од Берлин на устието на реките Вајсе Елстер, Плајсе и Парте на јужниот крај од Северногерманската Низина.

Лајпциг отсекогаш бил трговски град, кој за време на Светото Римско Царство се наоѓал на раскрсницата на Вија Регија и Вија Империи, два важни трговски патишта. Едно време, Лајпциг бил еден од големите европски центри за образование и култура на полињата, како што се музика и издаваштво. По Втората светска војна, Лајпциг станал голем урбан центар во рамките на комунистичката Германската Демократска Република, но неговата културна и економска значајност опаднала.

Подоцна, Лајпциг играл значајна улога во поттикнувањето на падот на комунизмот во Источна Европа, со настаните, кои се случиле во и околу црквата Свети Никола. Со повторното обединување на Германија, Лајпциг бил подложен на значајни промени со обнова на некои историски градби, рушење на други и развој на современа сообраќајна инфраструктура. Лајпциг има многу институции и можности за култура и одмор, вклучувајќи го фудбалскиот стадион, кој бил домаќин на некои меѓународни натпревари, оперската куќа и зоолошката градина. (Дознајте повеќе...)


Седмица 45, 29.10.2012 - 4.11.2012

Telephone“ е песна од американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Инспирирана од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.

Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни ритми. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони примероци во 2010 година. Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011. (Дознајте повеќе...)


Седмица 44, 22.10.2012 - 28.10.2012

Внатрешната македонска револуционерна организација била македонска револуционерна организација која постоела во периодот меѓу 1919–1934 година. По завршувањето на Првата светска војна започнало политичко групирање и организирање на македонската емиграција во Бугарија. Отука, кон крајот на 1919 година била формирана ВМРО, со Централен комитет: Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев. Главна цел на оваа организација била автономијата или независна Македонија, односно создавање на самостојна македонска држава.

По потпишувањето на Нишката спогодба помеѓу Кралството СХС и Бугарија, март 1923 година, ВМРО зела активно учество во рушењето на бугарската влада на Александар Стамболиски. Во втората половина на 1923 година биле воспоставени врски и водени разговори со претставници на Советскиот Сојуз, заинтересиран за создавање единствено македонско револуционерно ослободително движење. Притоа Тодор Александров подготвил и потпишал Проект за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада.

Преговорите водени во Виена завршиле со потпишување Декларација на ЦК на ВМРО и на Мајскиот манифест од страна на Александров, Протогеров и Чаулев. Под притисок на бугарската влада, првите двајца со Декларација на ЦК на ВМРО јавно се откажале од своите потписи. Тодор Александров бил убиен на 31 август 1924 година од припадници на ВМРО, војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров. Раководството на ВМРО го презеле Александар Протогеров и Иван Михајлов. За убиството на Александров биле обвинети конкурентните организации од македонската емиграција. (Дознајте повеќе...)


Седмица 43, 15.10.2012 - 21.10.2012

Пак Чон Хи (1917-1979) — генерал и претседател на Јужна Кореја. Организирал и предводел државен удар со кој ја освоил власта во Јужна Кореја. Најпрво владеел преку воената хунта наречена Врховен совет за национална обнова, а во 1963 година победил на претседателските избори (со што била создадена Третата република). Бил реизбран за претседател во 1967, 1971, 1972 (кога била основана Четвртата република преку уставот Јушин, создаден за да му овозможи Чон Хи да остане на власт), и 1978 година.

Пак е заслужен за брзиот економски раст на Јужна Кореја преку извозно ориентираната индустријализација. Меѓутоа, тој е контроверзна политичка личност во историјата на Јужна Кореја, поради својот авторитарен начин на владеење со земјата, особено по 1971 година. Во 1999 година, од страна на магазинот Time Пак Чон Хи бил рангиран меѓу стоте највлијателни „Азијци на векот“.

На 26 октомври, 1979 година, врз него бил извршен успешен атентат. Чон Хи бил убиен од страна на Ким Jae Кју (1926-1980), стар пријател на Чон Хи и директот на Корејска централна разузнавачка агенција. Постои поделеност околу неговото наследство, од една страна се истакнува неговата улога во обновата на Јужна Кореја по катастрофалната Корејска војна, а од друга страна се осудува неговиот авторитаризам, особено силен по 1971 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 42, 8.10.2012 - 14.10.2012
Амблем на сојузната држава Њујорк
Амблем на сојузната држава Њујорк

Њујорк е сојузна држава во североисточниот регион на САД. Таа е трета по ред најнаселена држава. Се граничи со Њу Џерси и Пенсилванија на југ и со Конектикат, Масачусетс и Вермонт на исток. Државата по поморска граница се граничи со Род Ајленд, источно од Лонг Ајленд како и со канадската покраина Онтарио на север и запад и Квебек на север.

Градот Њујорк со население од над 8.000.000 жители е најнаселениот град во САД. Познат е според статусот на финансиски, културен, транспортен и производствен центар, па и според неговата историја како порта за имиграција во соединетите држави. Според министерството за трговија на САД, Њујорк е често изборна дестинација на многу странски посетители. И државата и градот се именувани според „Војводата од Јорк“ од XVII век, Џејмс Стјуарт, подоцна Џејмс II и VII од Англија и Шкотска.

Во времето кога холандските доселеници се преселувале во регионот, во раните години од XVII век, Њујорк бил населен од групи на американски староседелци како Алгонкинци, Ирокези и Ленапи. Во 1609, регионот бил заземен од Хенри Хадсон за Холанѓаните. Форт Насау бил изграден во 1614 во близина на денешниот главен град Олбани. Набрзо, Холанѓаните се населиле и во Нов Амстердам и делови од речната долина Хадсон, основајќи ја колонијата на Нова Холандија. Британците, со анексија, ја презеле колонијата во 1664. (Дознајте повеќе...)


Седмица 41, 1.10.2012 - 7.10.2012

Tik Tok“ е првата песна на американската пејчка Кеша. Песната била снимена од Бени Бланко и Др. Лук и ко-напишана од Бланко, Др. Лук и Кеша. Била издадена на 7 август, 2009 како водечки сингл од првиот студиски албум на Кеша наречен Animal. Првиот стих на песната започнува со искуство кое Кеша го имала кога се разбудила опкружена со жени и веднаш помислила на истото искуство доживеано од Диди. Искуството ја поттикнало да ја напише песната со нејзиниот продуцент Др. Лук, кој му се јавил на Диди надевајќи се на соработка; тој отишол во студиото истиот ден и го снимил неговиот текст и песната била завршена.

Според Кеша, текстот на песната го прикажува нејзиниот живот; пораката на песната е поттик кој го поттикнува слушателот да биде храбат и да не дозволи ништо да го турне долу. „Tik Tok“ е денс-поп и електропоп песна која користи кратки ритми од видео игрите кои се прикажани со удари со раце и синтисајзери. Текстот е испеан во рап стил, а рефренот користи Авто-Тон. Музички, песната била споредена со Лејди Гага, Уфи и Ферги.

Песната добила помешани и позитивни оценки од неколку критичари за време на издавањето. Некои од нив го пофалиле текстот и славењето на начинот на живот во кој Кеша постојано учествувала во забава; продукцијата на песната била добро прифатена иако некои ја критикувале песната поради нејзиниот многу сличен звук со песните од Лејди Гага и Уфи. Добила голем комерцијален успех искачувајќи се на првите место во единаесет земји. Во САД, песната го срушила рекордот за најпродаван сингл во една недела од женски со продажби од 610.000 диигитални примероци во една недела. „Tik Tok“ добила 5× платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA) за 5.900.000 продадени копии во САД. Песната исто така била најдобро продаваниот сингл во светот за 2010, продавајќи 12.8 милиони копии само таа година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 40, 24.9.2012 - 30.9.2012
Каменот од Розета
Каменот од Розета

Преведувањетолкување на значењето на текстот и на следниот резултат на еквивалентниот текст и ја пренесува истата порака на друг јазик. Текстот кој се преведува се нарекува „изворен текст“ и јазикот на кој се преведува се нарекува „целен јазик“; крајниот резултат понекогаш се нарекува „целен текст“.

Во преведувањето мора да се земат предвид нелогичностите вклучени во содржината, граматички правила на двата јазика, нивните обичаи на пишување, и нивните идиоми. Вообичаено недоразбирање е дека постои едноставно поклопување од збор до збор помеѓу двата јазика и дека тоа преведување е едноставен механички процес, таков буквален превод сепак не може да ги земе предвид содржината, граматиката, нелогичностите и идиомите.

Преведувањето е проследено со можноста за „проширување“ на идиомите и употребите на еден јазик во друг откога двата јазика коегзистираат во умот на преведувачот. Такво проширување лесно создава лингвистички комбинации како на пример: „франглез“ (комбинација од француски и англиски), „шпанглез“ (шпански и англиски), „поглез “(полски и англиски) и „портуњол“ (португалски и шпански).

Од друга страна, меѓујазичните слевања, исто така, служат за корисна намена на префрлање на преведуванки и заемки од „изворен“ во „целен јазик“, на што претходно му недостасувал концепт или нелогично искажување. Преведувачите, толкувачите, професионалци како и аматери, на тој начин имаат важна улога во развојот на јазиците и културите. (Дознајте повеќе...)


Седмица 39, 17.9.2012 - 23.9.2012

Махатир Мохамад (роден во 1925) е малезиски политичар, кој бил четвртиот премиер на Малезија. Премиерската функција ја извршувал цели 22 години во периодот помеѓу 1981-2003 година, додека неговата политичка кариера траела речиси 40 години.

Махатир се родил и израснал во градот Алор Стар во Кедах. Иако според своето образование, Махатир бил доктор по медицина, тој започнал да се занимава со политика и бил активен деец на Обединетата малајска национална организација (ОМНО), најголемата политичка партија во земјата. Во 1964 година влегол во парламентот, но дошол во судир со тогашниот премиер Тунку Абдул Рахман и бил исклучен од ОМНО. По оставката на Тунку Абдул Рахман се вратил во ОМНО и во парламентот, а подоцна влегол во владата. Во 1976 година бил назначен за заменик премиер, а во 1981 година, по оставката на Хусеин Он, бил инаугуриран во премиер.

За време на неговиот премиерски мандат, дошло до брза модернизација и економски развој на Малезија, а неговата влада иницирала серија храбри инфраструктурни проекти. Долго време, Махатир бил доминантна политичка фигура во Малезија, освојувајќи пет последователни политички избори и наметнувајќи се над своите соперници за водство на ОМНО. Тој се залагал за ограничување на граѓанските слободи и бил антагонистички насочен против дипломатските и економските интереси на САД, Велика Британија и Австралија, поради што Малезија била во лоши односи со овие држави. (Дознајте повеќе)


Седмица 38, 10.9.2012 - 16.9.2012

Рак на бели дробови е болест карактеризирана со неконтролиран клеточен раст во ткивата на белиот дроб. Ако се остави без лекување, овој раст може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку процес којшто се нарекува метастазирање. Повеќето ракови кои почнуваат во белите дробови, наречени примарни белодробни тумори, се карциноми кои потекнуваат од епителни клетки. Главната поделба на белодробниот карцином е на ситноклеточен белодробен карцином (англиски: small cell lung carcinoma) и неситноклеточен белодробен карцином (non-small cell lung carcinoma). Најчестата причина за белодробен рак е долготрајно пушење тутун. Непушачите заземаат 15% од случаите со рак, а во овие случаи болеста често се препишува на комбинација од генетски фактори, изложеност на радон, азбест и загадување на воздухот, вклучувајќи и пасивно пушење.

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија. Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија. Преживувањето зависи од стадиумот, општото здравје и други фактори. Општо, во Соединетите Американски Држави, 15% од луѓето со белодробен рак преживуваат пет години по дијагнозата. Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 37, 3.9.2012 - 9.9.2012

Вилијам Шекспир (1564-1616) бил англиски поет и драматург, кој се смета за најважниот англиски писател и водечки светски драматург. Тој често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Авон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.

Шекспир се родил и пораснал во гратчето Стратфорд на Ејвон. На 18-годишна возраст се оженил со Ен Хатавеј, со која имал три деца: Сузана и близнаците Хамнет и Џудит. Помеѓу 1585 и 1592, тој започнал успешна кариера во Лондон како глумец, писател и делумен сопственик на драмско друштво наречено Lord Chamberlain's Men („Трупата на Лордот Коморник“), подоцна познато како King's Men. Тој се повлекол во Стрaтфорд во прибл. 1613, каде починал три години подоцна. Поради малкуте записи што ги имаме за животот на Шекспир, во текот на годините се појавиле многу шпекулации за тоа како тој изгледал, за неговата сексуалност и сексуална ориентација, вера, како и за тоа дали тој или некој друг ги напишал драмите што нему му се припишуваат. (Дознајте повеќе...)


Седмица 36, 27.8.2012 - 2.9.2012

Арамејскиот е јазик, или група сродни јазици кои се дел од афроазиското јазично семејство, а дел од групата на семитски јазици. Јазиците се зборувале и се зборуваат во регионот на Блискиот Исток. Името на јазикот потекнува од името „Арам“, стар регион во централна Сирија. Арамејскиот јазик е сроден со хебрејскиот, хананскиот и феникискиот јазик. Арамејскиот јазик се пишувал со арамејско писмо, кое пак било прифатено од поголем број семитски јазици. Како резултат на тоа, денес се широко распространети арапското и хебрејското писмо.

Арамејскиот има околу 3.000 години пишана историја. Низ историјата јазикот бил главен административен јазик на неколку империи во регионот, јазик на секојдневието и јазик на религијата. Арамејскиот бил јазик за секојдневна употреба во Израел за време на периодот на „Вториот храм“ (539 п.н.е. - 70 г.), а како најзначаен податок е тоа што арамејскиот бил мајчин јазик на Исус Христос. Дополнително на тоа, поголем дел од библиските книги на Даниел и Езра биле напишани на арамејски, а исто така арамејскиот бил главен јазик на Талмудот. Сепак, важно е да се напомене дека еврејско-арамејскиот јазик се разликувал од останатите арамејски форми по зборовите и граматика. (Дознајте повеќе...)


Седмица 35, 20.8.2012 - 26.8.2012

Ал-Каеда (арапски: القاعدة) е глобална воена исламистичка терористичка организација основана од Осама Бин Ладен во периодот помеѓу август 1988 и крајот на 1989 година. Работи како мрежа од мултинационална армија од лица без државјанство и радикалното движење на сунитите за глобален џихад и интерпретација на шеријатот. Прогласена е за „терористичка организација“ од страна на САД, Обединетото Кралство, Советот за безбедност на ОН, Европската Унија, НАТО и многу други држави.

Ал-Каеда нападнала цивилни и воени мети во повеќе земји, како нападите на 11 септември, бомбардирањата на амбасадата на САД во 1998 година и бомбардирањата на Бали во 2002 година. Карактеристичните техники вклучуваат самоубиствени напади и истовремени бомбашки напади на различни цели. Идеолозите на Ал Каеда предвидуваат целосно отфрлање на сите странски влијанија во муслиманските земји и создавање на нов исламски калифат ширум светот.

Организацијата е исто така одговорна за иницирање на секташко насилство меѓу муслиманите. Ал-Каеда не ги толерира гранките на исламот кои не се сунитски, ги прогласува за неверници (текфир) и ги исклучува од заедницата. Лидерите на Ал-Каеда ги сметаат либералните муслимани, Шиитите, Суфитите, Ахмадите и други секти за кривоверци и имаат извршено напади врз нивните џамии, како и напади за време на нивните собири. Примери за секташки напади се бомбардирањата на верската заедница јазиди, бомбардирањата на градот Садр, масакрот Ашура и бомбардирањата на Багдад во април 2007 година. (Дознајте поеќе...)

Седмица 34, 13.8.2012 - 19.8.2012
„Термитска реакција“ се користи за заварување на железничките пруги
„Термитска реакција“ се користи за заварување на железничките пруги

Хемиска реакција — процес во кој едни хемиски соединенија се претвораат во други. Во реакција можат да стапат и хемиски елементи. Хемиските реакции обично вклучуваат промени во хемиските врски во молекулите или кристалите. За време на една хемиска реакција се менуваат својствата на производите добиени од таа реакција во однос на реактантите кои влегувале во реакцијата. Реактантите и производите се учесниците во хемиската реакција. За хемиски реакции не се сметаат физичките процеси при кои доаѓа до промена само на физичката состојба, како на пример топење или испарување, дифузија, мешање на чисти супстанци и смеси во јадрените реакции, при кои елементите се трансформираат едни во други.

Обично реакциите се состојат од многу сложена последователност на поединечни чекори, т.н. елементарни реакции, кои сите заедно ја образуваат целосната реакција. Информациите за целосната последователност на чекорите го чинат механизмот на реакцијата. За опишување на хемиските реакции се користи хемиска равенка при што реактантите, производите и понекогаш важните меѓупроизводи се претставуваат графички и се поврзуваат со реакциона стрелка.

Елементарните реакции и механизмите на реакцијата можат да се поделат на различни групи. Елементарните реакции го опишуваат распадот на една молекула на две или обратно, синтеза на два атома или молекули во едно. Механизмите на реакција обично се делат според типот на промената на супстанците кои стапуваат во реакција. Ако се менува оксидациониот број, тогаш зборуваме за оксидација и редукција.

Степенот до кој се одвива дадена реакција меѓу два или повеќе учесници зависи од тоа колку е голема разликата меѓу енталпијата и ентропијата кои ја сочинуваат Гибсовата слободна енергија на реактантите и производите. При негативни вредности, реакционата рамнотежа лежи на страната на производите. (Дознајте повеќе...)


Седмица 33, 6.8.2012 - 12.8.2012

Кошарката е екипен спорт во кој пет играчи од две различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе бодови преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите членови на екипата.

До бодови во кошарката се доаѓа со фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 бода, кошот постигнат надвор од лакот 3 бода, а кошот од слободни фрлања носи по 1 бод. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.

Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок. (Дознајте повеќе...)


Седмица 32, 30.7.2012 - 5.8.2012
Разни гимнастички дисциплини
Разни гимнастички дисциплини

Гимнастикаспорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во современата гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со рачки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнување од коњ и циркуски вештини. Раководниот орган на гимастиката во Македонија е Федерацијата на гимнастички спортови (ФГСМ).

Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική (гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол", бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.

Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од минојската култура многу мажи и жени почнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух.

Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот цар Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови. (Дознајте повеќе...)


Седмица 31, 23.7.2012 - 29.7.2012

Христијанството е најголемата верска заедница на територијата на Република Македонија со околу 65% од населението. Од вкупниот број на христијанско население, околу 95% припаѓаат на православните христијани, 3% на протестантските додека 1,2% припаѓаат на католичките христијни. Прв кој го проповедал евангелието во Македонија бил апостол Павле, каде во тоа време биле основани и првите христијански заедници и цркви. Според Новиот завет, првиот жител на Македонија кој го прифатил христијанството е Света Лидија Македонка.

Најголема улога во христијанизацијата на земјата според традицијата има формирањето на Охридската архиепископија како наследник на архиепископијата во Јустинијана Прима, заедно со нејзините мисионери Свети Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски. Во времето на цар Самоил, Охридската црква била подигната на ранг патријаршија, за да во 1767 година таа биде укинета. По крајот на Втората светска војна била основана Македонската православна црква - Охридска Архиепископија која се изјаснува како наследник на средновековната Охридска архиепископија. Денеска, во Македонија има регистрирано 12 црковни тела. (Дознајте поеќе...)


Седмица 30, 16.7.2012 - 22.7.2012

Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: Harry Potter and the Philosopher's Stone, во САД како Harry Potter and the Sorcerer's Stone), е фантастично-авантуристички филм од 2001 година заснован на истоимениот роман од Џоан К. Роулинг. Режиран од Крис Колумбус, е прв филм од популарниот Хари Потер серијал. Приказната го следи Хари Потер, момче кое на својот единаесетти роденден дознава дека е волшебник и започнува со своето волшебно образование во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Даниел Редклиф го глуми Хари Потер, наспроти Руперт Гринт и Ема Ватсон, како најдобрите другари на Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Од возрасните глумци присутни се: Ричард Харис, Меги Смит, Роби Колтрејн, Алан Рикман и Ијан Харт.

Warner Bros. ги купиле правата за книгата во 1999. Продуцијата започнува во 2000, со Колумбус одбран како режисер од кратка листа на кандидати да го создаде филмот. Писателката Раулинг инсистирала целата екипа на глумци да бидат исклучиво Британци за да се зачува културниот идентитет на книгата и филмот. (Дознајте повеќе...)


Седмица 29, 9.7.2012 - 15.7.2012

Пенсилванија, или официјално Заедница Пенсилванија, е сојузна држава во САД која се наоѓа во североисточниот и централно-атлантскиот регион на Соединетите Држави, поточно во регионот на Големите Езера. Државата се граничи со Делавер на југоисток, Мериленд на југ, Западна Вирџинија на југозапад, Охајо на запад, Онтарио, Канада, на северозапад, Њујорк на север и Њу Џерси на исток.

Според површина, Пенсилванија се наоѓа на 33 место во САД, според бројот на жители на шестото и според густина на населеноста на 9 место меѓу 50-те сојузни држави. Четирите најнаселени градови во државата се Филаделфија, Питсбург, Алентаун и Ири. Главниот град на државата е Харисбург.

Пенсилванија има брег долг 82 км на езерото Ири и 92 км на реката Делавер. Според пописот од 2010 државата се нашла меѓу оние со најголем број европско-американски жители и голем број на Афроамериканци. (Дознајте повеќе...)


Седмица 28, 2.7.2012 - 8.7.2012

Ѕвезда е масивно тело од јонизиран гас (главно водород) во надворешната вселена, што произведува или произведувала енергија преку јадрено соединување. Најпозната и најблиска ѕвезда до Земјата е Сонцето. За разлика од планетите, една ѕвезда поради интензивната топлина зрачи светлина. Научно, ѕвездите се дефинираат како самогравитирачки сфери од плазма, што создаваат нивна сопствена енергија преку процесот на јадрено соединување. Науката што се занимава со проучување на ѕвездите се нарекува ѕвездена астрономија.

Ѕвездите можат да се видат на небесниот свод како точки што треперат, заради ефектот на Земјината атмосфера и нивното растојание од нас (кое што обично се мери во светлосни години). Сонцето е исклучок - тоа е единствената ѕвезда доволно блиску до Земјата за да биде видливо како небесно тело составено од различни сфери. Најблиската ѕвезда до Сонцето, Проксима Кентаури, се наоѓа на приближно четири светлосни години од Сончевиот Систем, односно 250 000 пати подалеку од Сонцето.

Една типична ѕвезда наликува на Сонцето. Нејзината маса е околу 1030 килограми, и нејзиниот пречник е неколку милиони километри. Моќта на зрачењето на една ѕвезда како Сонцето е околу 1026 вати. (Дознајте повеќе...)


Седмица 27, 25.6.2012 - 1.7.2012

Крстоносните војни претставуваат серија од воени походи и походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле покренати против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против Евреите, руските и грчките православни христијани, Монголците, катарството и политичките противници на папата.

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале се со учество на рицари, монаси, кои ќе војуваат против Арапите, Маврите, Турците-Селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Господ така сака“. Во крстоносните војни учествувале мноштво претставници на витешки редови како што биле Болничарите, Темпларите, Редот на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонските витези, Малтешкиот ред итн. (Дознајте повеќе...)


Седмица 26, 18.6.2012 - 24.6.2012

Кинескиот јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Чунгвен) може да се смета за јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од ханските Кинези во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема. Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот.

Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи ву (~ 90 милиони), мин (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како сјанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно. (Дознајте повеќе)


Седмица 25, 11.6.2012 - 17.6.2012
Нилски коњ
Нилски коњ

Нилскиот коњ (латински: Hippopotamus amphibius) од грчкиот збор ἱπποπόταμος (хипопотамос, ιππος хипос што значи „коњ“ и πόταμος потамус што значи „река“), е голем, претежно тревојаден африкански цицач, еден од двата преживеани видови од фамилијата Нилски коњи (другиот преживеан вид е пигмејскиот нилски коњ). Тој е најтешкиот претставник од парнокопитните животни.

Нилскиот коњ е полуводно животно, кое живее во реките и езерата на потсахарска Африка во групи од 5 до 30 нилски коњи. Преку денот ја одржува температурата седејќи во вода или во кал. Парењето и породувањето се одвиваат во вода. Во квечерината излегуваат од вода за да се хранат. Додека се во вода, нилските коњи седат во групи (и до 40 индивидуи), а пасењето е самотна активност.

И покрај нивната физичка сличност со свињите, нивните најблиски роднини сепак се животните од фамилијата Китовидни (китови, делфини...). Заедничкиот предок на нилскиот коњ и китот се одвоил од останатите копитари пред околу 60 милиони години. Најстарите пронајдени фосили кои спаѓаат во родот Кенијапотам датираат од пред 16 милиони години. (Дознајте повеќе...)


Седмица 24, 4.6.2012 - 10.6.2012
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“, од 1550 г.
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“, од 1550 г.

Владетелот (италијански: Il Principe) — политичка расправа од фиренскиот чиновник и политички теоретичар Николо Макијавели. Била напишана во 1513 година, и првобитно била насловена „За кнежевствата“ (De Principatibus). Но, книгата не била издадена сè до 1532, пет години по смртта на Макијавели. Оваа расправа не е претставителна за неговиот творечки опус издаден додека бил жив, но е најпрочуената, како делото одговорно за создавање на поимот „макијавелистички“, како термин со негативна смисла. Некои критичари сметаат дека делото е всушност сатира., но ова е спорно.

Делото го проучува стекнувањето на власт, зацврстувањето на неа и употребата на власта. Макијавели не го предвидел делото како академска расправа по политичка теорија, туку за да покаже дека е голем државник, советувајќи како еден владетел да дојде на власт и како да ја задржи власта. Макијавели го оправдувал владеењето со сила наместо со закони. Според ова, „Владетелот“ оправдува низа постапки извршени со единствена цел за зацврстување на власта. Ова е класична студија за власта — нејзиното стекнување, експанзија и нејзина делотворна употреба.

Идеалите на Макијавели за управувањето со државата биле од големо значење за делата на политичките водачи. Макијавели е претставен како лик во поговорот на делото „Малтешкиот Евреин“ од Кристофер Марлоу. Кралот на Прусија, Фридрих Велики упатил остри критики кон Макијавели во неговото дело „Антимакијавели“, издадено во 1740 година. На неколку наврати во животот, Наполеон Бонапарт пишувал опширни коментари за „Владетелот“. По поразот кај Ватерло, овие коментари биле пронајдени во царската кочија и одземени од пруската војска. (Дознајте повеќе...)


Седмица 23, 28.5.2012 - 3.6.2012

Германија е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главниот, и најголем град, е Берлин. Германија има вкупна површина од 357.021 км² и воглавно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100 година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од 10 век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на 16 век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно Римокатолици, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество. Окупирана за време на Наполеоновите војни, подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, чиј исход било обединувањето на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било доминирано од Прусија. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна Германија и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета. (Дознајте повеќе...)


Седмица 22, 21.5.2012 - 27.5.2012
Улица во Старста скопска чаршија
Улица во Старста скопска чаршија

Стара скопска чаршија (турски: Üsküp Türk Çarşısı, во превод „Скопска турска чаршија“; албански: Çarshia e Vjetër e Shkupit) — трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар.

Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија датираат од XII век. Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот, во кој се наоѓале околу 30 џамии, бројни сараи и анови, како и други турски споменици. Чаршијата претрпела големи штети со земјотресите од 1555 и 1963 година, пожарот во 1689 година, како и двете светски војни, по што неколку пати била обновувана. Но, и покрај претрпените штети, чаршијата претставува единствен споменик на културата во Македонија, во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.

Во чаршијата преовладува отоманската архитектура, иако се забележителни и остатоци од византиската, а во последно време се забележува и примената на модернистичката архитектура. Голем број од градбите кои некогаш служеле како преноќувалишта за трговските патници или како амами за намесниците и управителите во градот се пренаменети и служат како простор за одржување на културно-уметнички настани. На просторот на чаршијата и во нејзината околина се останати и неколку џамии, турбиња, две цркви и саат-кула, а во втората половина на XX век биле изградени и зградите кои го сочинуваат Музејот на Македонија и зградата на Музејот на современата уметност. За развитокот на чаршијата низ историјата, нејзината културна вредност и занаетите кои биле застапени на просторот сведочат предметите изложени во Музејот на Старата скопска чаршија, сместен во рамките на Сули ан. (Дознајте повеќе...)


Седмица 21, 14.5.2012 - 20.5.2012

Ли Куан Ју (роден во 1923) е сингапурски државник. Неговото официјално име е Хари Ли Куан Ју, меѓутоа тој претпочита да го користи името Ли Куан Ју. Тој бил првиот премиер на Сингапур, а со него владеел три децении. Во моментот кога решил да се повлече од власт, имал најдолг стаж во светот како премиерот.

Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Народната акциона партија, која ја предводел низ осум победи (1959-1990), ги надгледувал отцепувањето на Сингапур од Малезија во 1965 и трансформацијата на Сингапур, од релативно неразвиени колонија, во еден од азискиските економски тигри. Тој е еден од највлијателните политички фигури во Југоисточна Азија. Во 1990 година, од страна на вториот сингапурски премиер Го Чок Тонг, бил поставен за сениор министер. Во 2004 година, неговиот син Ли Сјен Лунг станал третиот премиер на Сингапур, а својот татко го поставил за свој советник како министер ментор.

Неговото владеење, преку неколку последователни министерски места во текот на 50 години, е едно од најдогогодишните во историјата. На 14 мај 2011 година, Ли Куан Ју и Го Чок Тонг го најавиле своето повлекување од кабинетот по општите избори од 2011 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 20, 7.5.2012 - 13.5.2012
Грбот на Боливија
Грбот на Боливија

Боливија (шпански: Bolivia, кечуански: Buliwya, ајмарски: Wuliwya, гварански: Volívia), или официјално Повеќенационална Држава Боливија (Estado Plurinacional de Bolivia) — независна држава во Јужна Америка. Боливија се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад. Главен град на државата според уставот е Сукре, а седиште на владата е Ла Пас. Државата има 37 службени јазици, а најзборувани се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и гваранскиот јазик. Боливија има население од околу 10 милиони жители. Над 50% од населението се јужноамерикански староседелци, меѓу кои најголеми се Кечуаните, Ајмарите и Гвараните.

Пред европската колонизација на Америка, андскиот регион на Боливија бил дел од познатата Империја на Инките — најголема држава во претколумбовскиот период. Шпанската империја го освоила регионот во 16 век. За време на шпанскиот колонијален период, територијата на Боливија се нарекувала Горно Перу и била дел од Вицекралството Перу. По објавувањето на независноста во 1809 година, следувала војна која траела 16 години. По крајот на војната била основана новата република на 6 август 1825, а името го добила во чест на јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар. Во својата историја како независна држава, Боливија се соочила со голем број политички немири, диктаторски општествени уредувања и економски проблеми.

Боливија е демократска претседателска република, каде моментален претседател е Ево Моралес. Административно, државата е поделена на девет департмани. Релјефот на државата е разновиден, па така во западните предели се наоѓаат високите Анди, а во источниот дел на земјата се наоѓаат низините на Амазонија и Гран Чако. Државата е означена како „држава во развој“, со среден Индекс на човеков развој и ниво на сиромаштија од 53%. Главни стопански гранки во државата се земјоделството, шумарството, риболовството, рударството и производството на текстил, облека, обработени материјали и рафинирана нафта. Држава е богата со природни ресурси, особено со калај и литиум. (Дознајте повеќе...)

Седмица 19, 30.4.2012 - 6.5.2012

Франциско Франко (1892-1975) бил шпански диктатор и лидер на националистичкиот воен бунт во Шпанската граѓанска војна, авторитарен водач на Шпанија, од октомври 1936 година па сè до неговата смрт во ноември 1975 година. Тој дошол на власт преку крајнодесничарската Шпанска фаланга, меѓутоа тоа било од пропагандни причини, тој не припаѓал на ниту една политичка партија пред да ја заземе власта во државата. Како водач на Шпанија, Франко ги користел титулите каудиљо и генералисимус, но исто така бил формално именуван како неговата екселенција и шеф на државата.

Франко и војската учествувале во државниот удар против влада на Народниот фронт. Меѓутоа државниот удар не успеа и еволуирал во Шпанската граѓанска војна, во текот на која Франко успеал да се наметне како водач на националистите против владата на Народниот фронт. По победата во граѓанска војна, во која победил со помош на Фашистичка Италија и Третиот рајх, тој го распуштил шпански парламент и воспоставил десничарски авторитарен режим и бил де факто регент на номинално возобновеното Кралство Шпанија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 18, 23.4.2012 - 29.4.2012

Чакра (потекнува од санскритскиот cakraṃ चक्रं; кинески: 轮, тибетски: འཁོར་ལོ་; „khorlo“) е санскритски збор кој се преведува како „тркало“ или „вртење“.

Чакра е концепт кој се однесува на тркалезните витли за кои, според традиционалната индиска медицина, се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот. Чакрите се познати како „центри на силата” или спирали со енергија кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во облик на лепеза (лепезите обликуваат љубовно срце). Вртечките витли на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергија. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина) во енергетското тело.

Чакрите најчесто се претставуваат на два начина, во форма на цвет и во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на круг. Во вториот, одреден број на полупречници го делат кругот на делови со што чакрата добива изглед на тркало или чакра. Секоја чакра има одреден број на делови или ливчиња. (Дознајте повеќе...)


Седмица 17, 16.4.2012 - 22.4.2012

Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2.1 милион луѓе. Градот зафаќа површина 525 km². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој претставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во 9. век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на Ренесансно-хуманистичката култура во 15. век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење, со развојот на регионот во 18. и 19. век, по унификацијата од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австроунгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала фокусна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 16, 9.4.2012 - 15.4.2012

Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2.1 милион луѓе. Градот зафаќа површина 525 km². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој претставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во 9. век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на Ренесансно-хуманистичката култура во 15. век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење, со развојот на регионот во 18. и 19. век, по унификацијата од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австроунгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала фокусна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 15, 2.4.2012 - 8.4.2012

Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2.1 милион луѓе. Градот зафаќа површина 525 km². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој претставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во 9. век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на Ренесансно-хуманистичката култура во 15. век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење, со развојот на регионот во 18. и 19. век, по унификацијата од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австроунгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала фокусна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 14, 26.3.2012 - 1.4.2012

Посвојувањето е чин на легално сместување на дете со родител или родители, кои не се негови биолошки родители. Налогот за посвојување има за цел да ги прекине родителските одговорности и права на оригиналните родители и да ги префрли тие одговорности и права на родителите кои посвојуваат.

Начините на посвојување претрпеле значајни промени во последните сто години, при што секое ново движење е означено како реформа. Почнувајќи од 1970-тите напорите да се подобри посвојувањето биле поврзувани со отворање на досиејата и поттикнување на зачувување на семејството. Овие идеи се родиле од претпоставките дека тајноста која е дел од современото посвојување може да влијае врз процесот на создавање идентитет кај детето, може да создаде забуни во однос на потеклото и воопшто не е корисна при одредувањето на медицинската историја.

Ставовите и законите што се однесуваат на посвојувањето многу варираат. И покрај тоа што во сите култури постои начин децата чии родители не се способни сами да ги одгледаат да бидат пораснати од некој друг, не сите култури го имаат концептот на посвојување т.е однесувањето спрема посвоените деца како еднакви на биолошкките деца на посвојувачите. На пример во Египет, и според муслиманскиот закон посвојувањето е нелегално. Дознајте повеќе...

Седмица 13, 19.3.2012 - 25.3.2012

Инките се цивилизација која започнала да постои како мала група во регионот околу градот Куско, каде легендарниот Сапа Инка, Манко Капак го создал Кралството Куско во 1200 година. Под водство на наследниците на Манко Капак, државата на Инките се зголемила и ги приклучила околните андски заедници. Во 1442 година Инките започнале да ги прошируваат границите на својата држава под водство на Сапа Инка Пачакути. Тој ја основал Империјата на Инките или Тавантинсују (Tawantinsuyu), која прераснала во најголема империја во Америка до периодот на европската колонизација.

Империјата била поделена за време на граѓанската војна, кога веќе навлегле шпанските сили на тлото на Јужна Америка и тоа било период на политичка криза во Тавантинсују. Имено, за време на оваа војна се спротивставиле браќата Хуаскар и Атахуалпа, членови на кралското семејство кои се сметале за легални наследници за престолот. Во 1533 година, шпанскиот колонизатор Франсиско Писаро ја искористил оваа ситуација и освоил голем дел од територијата на Инките. Во наредните години, колонизаторите ја освоиле скоро целата територија на Инките. Империјата на Инките била сосема уништена со основањето на Вицекралството Перу во 1542. Подоцна следело ослободително движење на Инките кое завршило со неуспех во 1573 година. Денес, културата и традицијата на Инките ја продолжуваат Кечуанците и Ајмарите кои живеат во Перу, Боливија и Еквадор. (Дознајте повеќе...)


Седмица 12, 12.3.2012 - 18.3.2012

Розетен прозорец е архитектонски поим, кој се објаснува како кружен прозорец, вграден во црквите изградени во готски стил, кој обично е поделен со шпросни или орнамент. Поимот „розетен прозорец“ не се употребувал пред 17. век, а според англискиот речник Оксфорд, потекнува од англискиот збор rose, со значење роза.

Поимот „прозорец-тркало“, исто така се употребува, но најчесто за оние прозорци кои се поделени со едноставни пречки, кои се оковани и ротираат во средината на прозорецот, додека пак „розетниот прозорец“ се однесува на оние прозорци, кои имаат посложена градба и кои по својот изглед наликуваат на роза со многу ливчиња. Кружниот прозорец без орнамент, којшто е карактеристичен за многу цркви во Италија е познат како окуларен прозорец.

Розетните прозорци се делумна одлика на готската архитектура и може да се забележат во сите големи катедрали во северна Франција, изградени во готски стил. Се смета дека потеклото на овие видови на прозорци е постаро, па розетните прозорци може да се најдат во различна форма во средновековните градби. Дознајте повеќе...


Седмица 11, 5.3.2012 - 11.3.2012
Новото градското собрание на Хановер
Новото градското собрание на Хановер

Хановер, на реката Лајне, е главен град на покраината Долна Саксонија, Германија и некогаш преку личен сојуз бил семејно седиште на хановерските кралеви на Велика Британија, под нивната титула како војводи од Брауншвајг-Линебург (подоцна наречено Изборништво Хановер). На крајот на Наполеоновите војни станал главен град на Кралството Хановер.

Покрај што е главен град на Долна Саксонија, Хановер бил главен град на административниот округ Хановер додека не биле распуштени овие административни окрузи на почетокот на 2005. Од 2001 тој е дел од регионот Хановер, кој е општинско тело создадено од поранешниот округ и градот Хановер.

Со население од 522.944 жители (1 февруари 2007) градот е главен центар на северна Германија, познат како еден од домаќините на годишните трговски саеми како што се Хановерскиот саем и CeBIT. Секоја година, Хановер е домаќин на „Шиценфест Хановер“ (Schützenfest Hannover), најголем фестивал за стрелци во светот и „Октоберфест Хановер“, кој е втор октоберфест по големина. Во 2000, Хановер бил домаќин на светскиот саем Експо 2000. (Дознајте повеќе...)


Седмица 10, 27.2.2012 - 4.3.2012

Born This Way“ е песна на американската пејачка Лејди Гага, од нејзиниот втор истоимен студиски албум, Born This Way. Напишана и продуцирана од Гага, Фернандо Гарибеј, Џеп Лорсен и Диџеј Вајт Шадоу, „Born This Way“ била развиена додека Гага била на турнејата Monster Ball. Инспирирана од музиката за женско подобрување од 1990-тите и од геј заедницата, Гага објаснила дека „Born This Way“ била нејзината песна за слобода. Претходно, таа испеала дел од рефренот на музичките награди на МТВ во 2010. Песната била објавена како водечки сингл од албумот и била издадена на 11 февруари 2011 (два дена пред закажаниот датум) заедно со издавањето на целосниот текст и обвивката на синглот.

Музички, „Born This Way“ е електропоп песна, со звуци од синтисајзер и потпевнувачки бас, како и удирачки инструменти додадени во рефренот. Исто така кон крајот Гага пее а капела придружена од оргули. Текстот на песната зборува за самоподобрување и ги користи имињата на LGBT заедниците како геј, лезбејка и транссексуалец покрај другите зборови. Користењето на поимите „чола“ и „ориент“ во песната предизвикале критички реакции кај некои азиски и хиспански заедници, кои тврделе дека тие поими се употребени со намера да навредат и понижат. За песната биле снимени многу ремиксови, вклучувајќи ја и кантри роуд верзијата снимена од самата Гага и друг ремикс со индиска музика, продуциран од дуото Салим и Сулајмант Мерчант. (Дознајте повеќе...)


Седмица 9, 20.1.2012 - 26.2.2012

Стивен Хокинг (роден во 1942) е англиски теоретски физичар и космолог чии научни книги и јавни појавувања го направија академски позната личност. Тој е почесен пријател на кралското друштво на уметности, доживотен член на пaпската академија на науките и во 2009 е награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.

Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во универзитетот во Кембриџ, преземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009. Сега тој е директор на истражувачкиот центар за теоретска космологија во одделот за применета математика и теоретска физика на универзитетот Кембриџ. Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекс на црните дупки. Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на популарната наука во која тој генерално дискутира за неговите теории и космологијата.

Во клучните научни трудови на Хокинг се вклучени обезбедувањето, со Роџер Пенроуз, теореми во врска со гравитациските сингуларности во рамките на општата релативност и теоретското предвидување дека црните дупки емитуваат зрачење, што денес е познато како Хокингово зрачење. (Дознајте повеќе...)


Седмица 8, 13.2.2012 - 19.2.2012

Урбанизмот е дисциплина која се занимава со решавање на задачите од областа на планирањето и уредувањето на населените места. Етимолошкиот корен на зборот урбанизам доаѓа од латинскиот збор urbs (македонски: град).

Главни задачи на Урбанизмот се создавање и одржување на ред и структура во населените места, како и обезбедување на систематски и координиран развој. Задачите на урбанизмот опфаќаат сложен комплекс од социјални, економски, инженерски, архитектонски, правни и проблеми поврзани со животната средина.

Како цели на урбанизмот можат да се набројат создавањето на ред во населените места, реконструирањето на делови од градот кои се нефункционални, создавање на еднакви возможности, стимулирање на развој и економски подем, зголемувањето на нивото на пристап (поврзување на инфраструктура и јавен транспорт со важни институции и јазли во урбаните места), создавање на компактни населби, зголемувањето на продуктивноста и ефикасноста на населените места, спречувањето на неконтролиран развој преку користење на контролни механизми.

Основни компоненти на урбанизмот како наука се планирање на просторот и уредување на просторот. (Дознајте повеќе...)


Седмица 7, 6.2.2012 - 12.2.2012

Боцвана е независна држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но сепак овој дел од границата не е добро утврден. Главен град на државата е Габороне, а официјални јазици се сецвански и англиски. Боцвана има вкупна површина од 581,730 квадратни километри и население од 2,029,307 жители според проценките од 2010.

Географски земјата е рамна и до 70% од територијата е претставена од пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот. Боцвана била една од најсиромашните држави во Африка во моментот кога се стекнала со независност во 1966 со БДП од 70 долари по глава на жител. Денес, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот со БДП од 14.400 долари по глава на жител. Државата е дом на еден релативно стабилен политички систем и брзорастечка пазарна економија. Економијата на земјата е една од најуспешните во Африка и брзо се развива услужниот сектор, светски познатата дијамантска индустрија, туризмот и производството. (Дознајте повеќе...)


Седмица 6, 30.1.2012 - 5.2.2012

Гоце Делчев (1872-1903) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата.

Делчев бил посветен на функционирањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта, обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна литература и со весници. (Дознајте повеќе...)


Седмица 5, 23.1.2012 - 29.1.2012

Еже во маглата (руски: Ёжик в тума́не) е советски анимиран филм од 1975 во режија на Јуриј Норштејн и продукција на Сојузмултфилм. Сценариото е напишано од страна на Сергеј Козлов, кој подоцна објавува и книга со истото име. Сепак, во 2006 година, книгата е реиздадена а како потписници на истата се јавуваат и Козлов и Норштејн; овде Норштејн појаснува дека и самиот тој има одреден удел во пишувањето на сценариото.

Еже во маглата се смета за еден од најдобрите цртани филмови во историјата. Во 1976 година, добива награда за најдобар филм на Кинофестивалот на републиките одржан во Фројнц како и на Техеранскиот филмски фестивал на децата и младината. Во 2003 година, пак, цртаниот е прогласен за најдобар на сите времиња откако е спроведена анкета меѓу 140 кинокритичари и аниматори од сите страни на светот. Претходно, на двапати оваа титула му е доделена на еден друг цртан филм на Норштејн - Приказна на приказните; овде тој завршува на второто место. (Дознајте повеќе...)


Седмица 4, 16.1.2012 - 22.1.2012

Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2.1 милион луѓе. Градот зафаќа површина 525 km². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој претставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во 9. век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на Ренесансно-хуманистичката култура во 15. век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење, со развојот на регионот во 18. и 19. век, по унификацијата од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австроунгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала фокусна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 3, 9.1.2012 - 15.1.2012
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 2, 2.1.2012 - 8.1.2012

Историјата на Руската Федерација претставува дел од историјата на Русија и го опфаќа периодот од 1992 до денес. Со распаѓањето на Советскиот Сојуз на 26 декември 1991 година, Руската Федерација стана незавсна држава.

Русија е најголема од петнаесетте републики кои го сочинувале Советскиот Сојуз, со повеќе од 60% од БДП и над 50% од советското население. Русите, исто така, доминирале и во советската војска и на Комунистичката партија. Главно поради ова, Русија била широко прифатена како наследник на Советскиот Сојуз во дипломатските работи и го презела правото на вето во Советот за безбедност.

Но и покрај ова прифаќање, пост-советска Русија немала воена и политичка моќ како поранешниот СССР. Пред распаѓањето на Советскиот Сојуз, Борис Елцин бил избран за претседател на Русија во јуни 1991 година во првите слободни демократски претседателски избори во руската историја. Во октомври 1991 година, во времето кога Русија била на работ на независност, Елцин најавил дека Русија ќе продолжи со радикални пазарни реформи по должината на границата со Полска, исто така позната како „шок терапија“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 1, 26.12.2011 - 1.1.2012

Гијом Тирски (~1130-1186) бил средновековен прелат и хроничар. Се родил и израснал во Ерусалим, во времето кога Ерусалимското Кралство било во своите најсветли години. Поминал 20 години проучувајќи ги седумте слободни уметности и канонското право во европските универзитети.

Како резултат на неговото враќање во Ерусалим во 1165 година, кралот Амалрик I го назначил за дипломатски претставник во Византија. Гијом станал учител на кралскиот син и иден крал, Балдуин IV, за кого открил дека е лепрозен. По смртта на Амалрик, станал претставник и архиепископ на Тир, со што вршел две од најважните функции во државата. Во 1179 година, ја предводел источната делегација на Третиот собор во Латеран. Со оглед на фактот дека бил вклучен во династичкиот судир, кој се развил за време на владеењето на Балдуин IV, неговото значење се намалило кога противниците зазеле контрола со кралските работи. Бил запоставен за функцијата на ерусалимски патријарх и починал во неразјаснети околнисти, најверојатно во 1186 година.

Гијом е автор на отчет за соборот во Латеран, а напишал и историски записи за исламските држави од времето на Мухамед. За жал, ниту едно од овие дела не е сочувано. Денес, познат е како автор на историјата на Ерусалим. (Дознајте повеќе...)


Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни