Википедија:Избрана статија/2008/11

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белата кула во Солун
Белата кула во Солун

Солун (грчки Θεσσαλονίκη, латински Thessaloníki) е вториот по големина град (веднаш по Атина) во Република Грција и главен град на Централна Македонија. Основач на Солун е кралот Касандар во 315 год. п.н.е., крал на Македонија (Μακεδών). Градот така бил наречен според неговата сопруга Тесалоника, сестра на Александар Македонски. За заштитник на градот се смета Свети Димитрија кој градот го добил во 306 година. Во Солун се родени и словенските браќа Свети Кирил и Методиј, кои земајќи го јужниот говор во Македонија го создале старословенскиот јазик. На 23 октомври 1893 година, во Солун била основана ВМРО, чија цел била добивање на автономија за Македонија преку револуционерна борба. Во Солун, од тој период се познати и големите напади од страна на ВМРО и нејзините членови наречени гемиџии. По Балканските војни, градот стапил во составот на Грција. Еврејската населба во Солун била една од најголемите населби во градот. Евреите во времето на Османлиското Царство го сочинувале половина од вкупното население на градот.