Википедија:Избрана статија/2007/41

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонците се европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија. Поголемиот дел од Македонците живее во Република Македонија, и има значителни македонски малцинства во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик и припаѓаат во групата на јужно-словенски народи.

Официјалниот македонски став за генетскиот карактер на Македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се населуваат во Македонија во 7-ми век, со месното население. Потврда за овој став се разните антрополошки и генетски истражувања, коишто констатираат само 20-25% словенски гени, додека останатите 75% ги оквалификуваат како генетски материјал од народите што ја населувале Македонија пред доаѓањето на Словените.

Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси. Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чијшто индикатори се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго. Македонскиот народ исто така има голема улога во создавањето на словенската писменост - имено солунскиот словенски дијалект се зема како основа за создавањето на старословенската азбука, и прави огромен придонес за општословенската и европската култура.