Википедија:Избрана статија/2007/29

Од Википедија — слободната енциклопедија
Податотека:Krivoliniski trapez.png

Интегралното сметање, заедно со диференцијалното сметање, е еден од основните и најважни дисциплини на математичката анализа. Значењето на интегралното сметање е од огромна важност, не само за математиката, туку и општо за останатите природни науки.

Интегралното сметање може да се разгледува од различни аспекти. На пример, од една страна, интегрирањето е инверзна операција на диференцирањето; од друга страна пак, интегралот на дадена функција бројно ја/го определува определува плоштината/зафатнината на фигура/тело во рамнината/просторот.

Основен поим во теоријата на интегралното сметање е поимот интеграл, а основна задача е решавањето на интегралите и изнаоѓањето на начини за нивното решавање.

Условно, интегралите можат да се поделат на неопределени и определени. Што е разликата помеѓу нив, ќе видиме подолу.