Википедија:Избрана статија/2007/20

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едгар Алан По
Едгар Алан По

Едгар Алан По (19 јануари 1809 - 7 октомври 1849) е американски поет, раскажувач, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Најпознат по своите раскази за макабрата, По останува запаметен како првиот писател на детективска и криминална проза. Исто така, нему му се припишува и заслугата за појавата на научно-фантастичниот расказ. По умира на 40 годишна возраст. Причината за неговата смрт е непозната, а разни теории се исплетени околу алкохолот, дрогата, болестите од типот на колера, туберкулоза или беснило, па дури и самоубиство (иако најверојатно е само ненамерна грешка предизвикана од обидот за самоубиство на По една година пред неговата смрт).

По е роден како Едгар По во шкотско-ирско семејство во Бостон, Масачусетс, како второ дете на Елизабет Арнолд Хопкинс По и Дејвид По Џуниор, патувачки глумци венчани на 14 март 1806 година. Вилијам Хенри Леонард По е негов постар брат, а Розали прочитајте повеќе...