Википедија:ВикиПроект Евреи и јудаизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
„Евреи и јудаизам“



ВикиПроект „Евреи и јудаизам“ — википроект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија. Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за Евреите како народ, нивната религија, култура, празници, нивните личности, дела и др. на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението. Особено внимание ќе се обрати на македонските Евреи, нивната историја во подалечното минато и судбината на највеќето членови на оваа етничка заедница за време на Втората светска војна. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.

Предвидено е содржините поврзани со македонските Евреи да се преведат на англиски, а потоа и на хебрејски од страна на нашите колеги од Википедија на хебрејски јазик. Од своја страна, Меморијалниот центар и Заедницата ни ставија на располагање поголем обем на нивни и туѓи книжни изданија и материјали на оваа тематика, а воедно велокодушно се согласија да ни обезбедат историски слики кои би ги илустрирале пишаните содржини.

Означување на статиите[уреди извор]

Важно е статиите кои прионадлежат на проектот да се означат со ставање на предлошката {{ВПЕЈ}} во нивните страници за разговор со цел да се има увид во напишаните содржини. Предлошката изгледа вака:

Оваа статија е дел од ВикиПроект Евреи и јудаизам, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Евреите и јудаизмот, со особена задршка на Евреите во Македонија. Ако сакате да земете учествуво во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Тематски категории[уреди извор]

Проектот опфаќа три поголеми тематски категории:

  • Биографии на личности
  • Историски теми
  • Празници, обичаи, календар

Предвиден рок[уреди извор]

Проектот се одржува од крајот на 2014 до крајот на јануари 2015 година.

Учесници[уреди извор]

На табелава се наведени учесниците во проектот и статиите коишто ги изработиле:

Бр. Корисник Придонеси
1 Б. Јанкулоски Ав, Адар, Десет дена на покајание, Еврејски празници 2000–2050, Елул, Ијар, Кислев, Нисан, Пост на првородениот, Сиван, Тамуз, Тевет, Тишри, Хешван, Шабат, Шват, {{Еврејски календар}}, {{Еврејски месеци}}, {{Еврејски празници}}
2 Инокентиј Еврејски календар, Еврејски празници, Еврејски броеви, {{Јудаизам}}, Тринеделница
3 Ehrlich91 Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Еврејска заедница во Република Македонија, Еврејски гробишта (Скопје), Еврејски гробишта (Струмица), Еврејски гробишта (Штип), Синагога „Бет Ахарон“ (Скопје), Евреите во Штип, Евреите во Стоби, Еврејско маало (Скопје) (П), Еврејски гробишта (Битола) (П), Синагога „Бет Јаков“ (Скопје) (П)
4 Kiril Simeonovski Сукот
5 Виолетова Рафаел Батино
6 Sazdo Пост на Годолија
7 Maxim Stoyalov
  • (П) - подобрена статија

Предлошки[уреди извор]

Поврзано[уреди извор]

Надворешни врски[уреди извор]