Википедија:ВикиПроект Викимедија Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Комитет за ограноци
ЧПП
Напатствие за формирање
Прегледи
Извештаи
Координација
Board seats
Формирани ограноци
AR Wikimedia Аргентина
AT Wikimedia Австрија
AU Wikimedia Австралија
BR Wikimedia Бразил
CH Wikimedia Швајцарија
CZ Wikimedia Чешка Република
DE Wikimedia Германија
FR Wikimedia Франција
HK Wikimedia Хонг Конг
HU Wikimedia Унгарија
ID Wikimedia Индонезија
IL Wikimedia Израел
IT Wikimedia Италија
NL Wikimedia Холандија
NO Wikimedia Норвешка
PL Wikimedia Полска
RU Wikimedia Русија
RS Wikimedia Србија
SE Wikimedia Шведска
TW Wikimedia Тајван
UK Wikimedia Обединето Кралство
US-NYC Wikimedia Њујорк Сити

Согласно заклучоците од вики средбата во јануари 2009 година потребно е да се поведе иницијатива за регистрација на НВО Викимедија Македонија во форма на здружение на граѓани согласно законската регулатива во Република Македонија и одредбите на Викимедија Фондацијата на Џими Велс од Флорида, САД.

Овој проект е започнат со цел да се стигне до успешна и ефикасна завршница на оваа иницијатива.

Ќе се користат искуствата на веќе постоечките Викимедија ограноци.

Согласно Централниот регистар[1] потребно е да се достават следниве документи за упис во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации:

  1. Акт за основање;
  2. Статут на здружението на граѓани или фондацијата;
  3. Програмата за дејствување и
  4. Имињата на лицата овластени за застапување на здружението на граѓани или фондацијата.

За таа цел, потребно е да се формира иницијативен одбор од деловно способни основачи кој ќе одржи Основачко Собрание на кое ќе можат да учествуваат сите заинтересирани кои ќе пополнат Пристапница. Предлог дневниот ред би бил:

  1. Избор на органи за работа на Основачкото Собрание
  2. Верификација на Изјавите за деловна способност на основачите, согласно Член 16 од Законот за здруженија на граѓани и фондации[2](Службен весник на Република Македонија бр. 31 од 02.07.1998 година)
  3. Донесување на Одлука за основање на Здружението, согласно на Член 14, 18 и 19 од Законот за здруженија на граѓани и фондации[2] (Службен Весник на Република Македонија бр. 31/98)
  4. Донесување на Програма за работа на Здружението
  5. Донесување на Статут на Здружението, согласно Член 20 од Уставот на Република Македонија[3] и Член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации[2] (Службен Весник на Република Македонија бр. 31 од 02.07.1998)
  6. Избор на органи на Здружението
  7. Разно
  8. Верификација на Записникот за работата на Основачкото Собрание на Здружението

Референци

  1. Централен регистар на РМ Трговски регистар и регистар на други правни лица
  2. 2,0 2,1 2,2 www.zeleni.org.mk Закон за здруженија на граѓани и фондации
  3. Собрание на РМ Устав на Република Македонија
Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник