Википедија:Барање на ботовски услуги/заглавие

Од Википедија — слободната енциклопедија

На оваа страница корисниците на википедија можат да побараат акција на некој бот за извршување на одредена задача. Обидете се концизно да го дефинирате Вашето барање. Не ја користете оваа страница за опсежни дискусии, доколку сметата дека има потреба за тоа тогаш подобро започнете такваа расправа на Википедија:Селска чешма

Процес на исполнување на барањата[уреди извор]

Операторите на ботови се придржуваат кон следниве насоки при исполнувањето на поставенит барања:

  • Започнуваат со исполнување на некое барање доколку самите се убедени дека е потребно да се исполни тоа барање, т.е. ако може аргументирано да ги убедите дека вашето барање е целисходно. Уредувачот не е виновен ако предложил нешто бесмислено а операторот на ботот тоа го исполнил. Операторот на ботот е одговорен за своите постапки (и постапките на ботот :о) ).
  • Ако не се сигурни дека исполнувањето на барањето нема да им се допадне на сите (од објективни, не од субјективни причини), започнуваат разговор на оваа страница, за да утврдат дека нема спротивставени ставови.
  • Кога ќе започнат со исполнување на некое барање, истото го обележуваат со предлошка и потпис: {{бот-резервирано}}~~~~.
  • Кога ќе исполнат некое барање, истото го обележуваат со предлошка и потпис: {{бот-готово}} ~~~~.
  • Доколку некое барање не треба да се исполни, го обележуваат со предлошка и потпис: {{бот-не}} ~~~~
  • Овие три ознаки ги поставуваат на самиот почеток од барањето.