Википедија:Барања за администраторски статус/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија


Кратенки:
ВП:БЗАС (БзАС)
ВП:БЗБС
Исчистете го кешот на страницата доколку номинациите не се обновени.

Барање за администраторски статус (БзАС) е процес со кој заедницата на Википедија одлучува кој да стане администратор (исто така познат како админ или сисоп). Администраторите имаат пристап кон додатни технички додатоци кои помагаат при одржувањето. Корисникот или го приложува неговото/нејзиното барање за администраторски статус (само-номинација) или е номиниран од друг корисник.

Ве молиме прочитајте го водичот за барања за администраторски статус пред да го приложите Вашето барање.

Моментални администратори    Успешни кандидатури    Неуспешни кандидатури

За БзАС[уреди извор]

Заедницата им доделува администраторски статус на корисници во кои има доверба и кои се запознаени со политиката на Википедија. Номинираните мора да имаат бидено на Википедија доволно долго за луѓето да видат дали тие ги имаат овие квалитети. Администраторите треба да се придржуваат на високи стандарди на однесување, со оглед на тоа што тие често се сметаат за „официјалното лице“ на Википедија. Администраторите море да бидат љубезни, и да практикуваат добро расудување и трпеливост во справувањето со другите. Администраторскиот статус е примарно екстра одговорност, со оглед на тоа што има начела и прописи кои се однесуваат само на администраторите. Скоро сите постапки на администраторите се повратни, и постои посебен процес за справување со конфликти со или злоупотреба од администраторите.

Стандарди за номинација
Не постојат официјални предиспозиции за администраторски статус, освен основно ниво на доверба од другите уредници. Сепак, постојат некои кориснички стандарди (на индивидуална основа) кои може да бидат корисни за читање. Кандидатите за администраторски стаус се советуваат да се запознаат со стандардите кои вообичаено се применуваат од учесниците во БзАС.
Изјавата за номинација и одговорите на прашања треба да индицираат дека номинираниот е запознаен со алатките и улогите на администраторите.
Процес на одлука
Секој добростоечки корисник може да номинира било кој корисник со сметка. Дозволени се и само-номинации. Доколку сте несигурни дали да се номинирате себеси за администраторски статус, прво прочитајте ги упатствата. Номинациите остануваат седум дена од времето кога номинацијата е објавена на оваа страница, за кое што време корисниците ги даваат нивните мислења, поставуваат прашања или коментираат. На крајот на тој период, бирократите кои се занимаваат со унапредувања на администратори ја разгледуваат дискусијата со цел да видат дали постои општа консензус на заедницата за унапредување. Бројките на луѓе кои се за, против, или изразуваат друго мислење во врска со кандидатурата се важен фактор во одлучувањето на консензусот (можно е БзАС да успее со помалку од 75% поддршка), но барањето за администраторски статус не е гласачко ливче; причините и доказите кои се даваат за време на БзАС може да ги поколебаат другите, и учесниците комуницираат со кандидатот и може да ја променат својата позиција за време на периодот на одлука. Исто така, бирократите практикуваат дискреција во одлучувањето дали има консензус за промоција на кандидатот.
Бирократите исто така може да ја користат нивната дискретност за да ги затворат номинациите порано, доколку унапредувањето не е веројатно и не гледаат понатамошна придобивка за номинираниот од оставањето на апликацијата како отворена. Само бирократите може да затворат или одлистаат номинација како дефинитивно унапредување или не-унапредување. Во случај на вандализам, неправилно форматирање или одбиена или повлечена номинација, не-бирократите може да одлистаат номинација, но тие никогаш немаат моќ да одлучат дали бил постигнат консензус.
Во исклучителни околности, бирократите можат да го продолжат крајниот рок или да ја постават номинацијата одново доколку ова ја направи одлуката појасна. Доколку вашата номинација не успее, ве молиме почекајте разумен временскио период пред да се реноминирате себеси или да прифатите друга номинација. Некои кандидати се обиделе повторно и успеале во рок од месец, но многу уредници сметаат дека два или три месеци е подобро.
Искажување на мислења
  • Кој може да учествува: Секој добростоечки корисник е добредојден да учествува во дискусијата за кандидатите.
  • Кој може да коментира во секциите За, Против и Воздржан: Секој Википедијанец со сметка е добредојден да кометира тука, освен кандидатот (кој може да одговара на туѓите коментари). Определени коментари може да не се бројат или да бидат отстранети доколку има сомневање за измама; ова може да бидат придонесите на многу нови уредници или марионетки, како и други активности кои може да бидат резултат на нелегитимен обид да се премести рамнотежата на мислењето.
  • За да додадете коментар, стиснете на врската „Кажете го вашете мислење“ за релевантниот кандидат. Тогаш може да кажете дали сте За или Против номинацијата со потпишување на вашето име под релевантното заглавје. Секој Википедијанец, вклучувајќи ги многу новите уредници и „анонимците“, може да учествуваат во дискусијата во одделот „коментари“. Кандидатот може да одговара на прашања/грижи/коментари.
  • Воздржани“ коментари се исто така дозволени, но вообичаено не се вбројуваат во одлучувачките проценти.
  • Објаснете го вашете мислење со вклучување на кратко објаснување за вашето расудување. Вашиот внес ќе содржи поголема тежина доколку е придружуван од поддржувачки докази.
Забелешка: Главниот фактор за тоа дали некој корисник треба да стане администратор треба да биде доказот за тоа како корисникот ќе ги користи администраторските алатки.
  • Кој не може да коментира во секциите За, Против и Воздржан: Уредниците кои немаат сметка и/или не се логирани („анонимци“). Овие уредници се добредојдени да учествуваат во секциите Коментари и Прашања.
  • Секогаш бидете учтиви кон другите во вашите коментари.
  • Нанижаните дискусии се одржуваат во одделот Коментари. Долгите дискусии се одржуваат на страницата за дискусии на индивидуалната номинација. Секој може да коментира или дискутира, вклучувајќи и анонимни уредници.
  • Ве молиме запомнете да ги обновувате запишувачите на резултати во заглавјата при гласањата.

Номинирање[уреди извор]

Номинациите мора да бидат прифатени од корисникот во прашање. Доколку номинирате некој корисник, оставате порака на неговата/нејзината разговорна страница и замолете го/ја да одговори на страницата за номинација со цел да ја прифати или одбие номинацијата. Уште подобро, прашајте го/ја дали ќе прифати пред да ја создадете страницата. Номинираните треба да го прочитаат водичот за барања за администраторски статус пред да прифатат.

За да се номинирате било самите себе, било друг корисник за администраторски статус, следете ги упатствата на оваа страница. Номинацијата може да се смета за „неправилна“ и може да биде вратена доколку не ги следите овие упатства.