Википедија:Избрана статија/2013/06

Од Википедија — слободната енциклопедија

Географијата на Македонија е поим со кој се опфаќаат релјефните, хидрографските и климатските одлики на државата. Македонија е држава во Југоисточна Европа со географски координати 41°50′N 22°00′E / 41.833° СГШ; 22.000° ИГД / 41.833; 22.000 и со вкупна површина од 25.713 км2. Taa има граници од околу 748 км кои ги дели со Србија (62 км) на североисток, Косово (159 км) на север, Бугарија (148 км) на исток, Грција (228 км) на југ и Албанија (151 км) на запад. Земјата претставува голем транспортационен коридор од Западна и Средна Европа до Егејското Море и од Југоисточна Европа до Западна Европа.

Државата е дел од поширокиот регион Македонија по кој таа го носи своето име. Taa e континентална држава (нема излез на море), но има три природни езера: Охридското, Преспанското и Дојранското. Според тоа, има водена површина од 477 км2.

Територијата на Република Македонија е вклучена во првиот часовен појас, кој се протега од 7°30’ до 27°30’ ИГД. Во интерес на заштеда на гориво, електрична енергија, зголемување на работниот ефект и поради други економски причини во многу земји од светот, па така и во Македонија, воведено е летно сметање на времето со одлука на Влада на Република Македонија од 1982 г., и затоа секоја година стрелките на часовникот кон крајот на мај, а почетокот на јуни се поместуваат за 1 час нанапред, а кон крајот на септември или почетокот на октомври тие се враќаат 1 час наназад. (Дознајте повеќе...)