Вечен претседател на Републиката

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вечен претседател на Републиката на Демократската Народна Република Кореја
Функционер
Ким Ил-сунг

од 8 јули 1994
Назначител Амандман од уставот на Северна Кореја
Мандат назначен
Прв функционер Ким Ил-сунг
Основана 5 септември 1998

Вечниот претседател на Републиката (공화국의 영원한 주석) е назнака или функција во Северна Кореја која е создадена со амандман од уставот на државата на 5 септември 1998 година. Како вршител на оваа „функција“ е починатиот претседател на Северна Кореја Ким Ил-сунг. Тој бил претседател на државата до неговата смрт во 1994 година. Во 1998 година била укината функцијата претседател и била воведена сегашната „Вечен претседател на Републиката“ која се однесува за умрениот лидер. Оваа функција во уставот на државата се споменува само во воведот, не во амандманите за поделба на власта, нема ингеренции, политичка моќ и не е поврзана со други функции. Ингеренциите на претседателот биле поделени на три функции: премиер на Северна Кореја, Претседател на Врховоното Народно Собрание и претседателот на Националната комисија за одбрана на Северна Кореја, која ја извршува Ким Џонг-ил и кој уставно е назначен за Врховен лидер на државата.

Поврзано[уреди]