Кутлеш

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вергина)
Скокни на: содржини, барај

Координати: Erioll world.svg 40°28′52″N, 022°18′49″E

Археолошки локалитет Еге
(мод. име Вергина)
*
Светско наследство на УНЕСКО

Влезот на еден од гробовите.
Држава Знаме на Грција Грција
Тип Културен
Критериуми i, iii
Навод 780
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 1996  (20то заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.
Ковчегот со 16-зрачното сонце пронајден во гробницата во Кутлеш

Кутлеш (грчки: Βεργίνα/Αιγαί, турски Kütles) е село кое се наоѓа во Егејска Македонија, во Солунското поле, околу 80 km југозападно од Солун, во периферијата Централна Македонија, Грција. Денеска тоа претставува мало гратче со околу 2 илјади жители. Денешниот грчки назив за Кутлеш (Вергина) е воведен по 1922 година кога низ цела Егејска Македонија се доселувало грчко население за сметка на протераното македонско православно и муслиманско, како и турско и друго население, по Договорот од Лозана. [1].

[уреди] Ѕвездата од Кутлеш

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ѕвездата од Кутлеш.

Во 1977 година, по археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос беше откриен гроб за кој се претпоставува дека е од таткото на Александар Македонски, Филип II Македонски. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како македонско сонце или ѕвезда од Кутлеш (од Вергина). Инаку овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде кадешто живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Општина Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница.

Според Грците ова шестнаесетзрачно сонце или ѕвезда е симбол на дванаесетте грчки богови како и океаните (водата), оганот, земјата и небото (воздухот).

Ѕвездата ставена на сина подлога го претставува знамето на Грците од Северна Грција, кои во скоро време за себе го усвоија терминот „Грчки Македонци“ (во однос на спорот со името со Македонија) и на регионот Македонија во Грција.

[уреди] Наводи

  1. makedonija.name

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици